Социјала

Бритнија: Патниците - Роми ги подигнаа своите кампови пред дворецот на кралицата во Виндзор

Група на Патници - Британски Роми со 30 караван камп приколки  се стационираа минтатата среда пред дворецот на кралицата Елизавета 2 - Виндзор, каде потоа полицијата сакаше бргу да ги отстрани од тревникот. Кога го расчистија тревникот веднаш Ромите го ги скршуја катанците од портата на тревникот Дедворт кој гледа кон прозорците на кралицата.

Во мешувреме британските таблоиди го снимаа принцот Ендрју како проаѓа помешу Ромите кои беа стационирани на патот кон дворецот на кралицата не обрнувајчи им внимание на своите „нови„ соседи.

Потоа полицијата не се обиде да ги отстрани туку им нудеше тестови за корона со информација каде им е најблиската болница. Ромите пота самите се дислоцираа по извесен период и си заминаа од тој луксузен кварт каде кучите чинат и по 2 милиони фунти.

 

Link: https://www.kurir.rs/planeta/3701531/vindzor-pod-opsadom-putnika?utm_source=kurir&utm_medium=single_related&utm_campaign=adria_internal

Шахпаска: За изградба на социјални станови за Ромите наменети се 69 милиони евра

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска денеска имаше средба со Орхан Усеин, раководител на канцеларијата за Интеграција на Роми 2020 при Советот за регионална соработка,  и со експертот за политики Александра Бојаџиева, при што беше нагласена потребата од продолжување на натамошната соработка, со оглед на тоа што интеграцијата на Ромите е приоритет за Владата на Република Северна Македонија.

– Министерството за труд и социјална политика интензивно работи на интеграција на Ромите и останатите ранливи категории на граѓани и тоа преку повеќе проекти кои значат директна поддршка за нив. , потоа во соработка меѓународни партнери обезбедени се 412 илјада евра за проектот за собирање и селектирање отпад, додека 25 милиони евра за Оперативниот план на активни програми и мерки за вработување во кој еден од принципите е инклузивност и диверзитет, нагласи министерката Шахпаска.

Нафије Далиби: А што има лошо во тоа да си различна…

Пораснав во семејство каде се зборуваат два јазика, иако двајцата родители ми се Роми. Татко ми знае македонски и по некој збор на ромски, а мајка ми ги знае и двата јазика. Додека растев немав прилика да го научам ромскиот јазик, бидејќи помалку се зборуваше кај нас дома, сè додека не се омажив, кадешто мајчиниот јазик на сопругот е ромскиот, и сега сум горда што конечно можам да зборувам и на ромски јазик.

Моите ме запишаа во основно училиште на македонски јазик, каде имаше само Македонци и Роми ученици. Таму се почитувавме, дружевме, игравме заедно без да се навредуваме или потценуваме поради нашата етничка припадност. Во училиште учевме да пишуваме и читаме на македонски јазик, но јас уште како мала се запишав и на курс по арапски јазик, па така научив да читам и пишувам и на арапски.

Кога завршив основно образование, посакав во средно да се запишам во теолошки смер на кој не можеше да се учи на македонски јазик, туку само на албански. Но, иако не го знаев албанскиот јазик не се откажав од желбата да се запишам во тоа училиште.

Ме примија, почнаа првите часови на албански јазик, јас само молчев и ги слушав предавањата без ништо да ги разбирам што предаваат и зборуваат. Ми беше многу тешко, се чувствував дека сум поразлична од останатите. Ми беше досадно и за миг посакав да се откажам од својата желба да учам во тоа училиште. Но, токму тогаш кога бев решена да се откажам, се појави муфтијата и ни одржа предавање, но додека зборуваше забележа ученичка (мене) која не го разбира албанскиот јазик, и во тој момент почна да предава на македонски јазик. Тоа ми даде сила и поттик да останам во тоа училиште. Веднаш потоа се запишав на шестмесечен курс по албански јазик и откако го завршив курсот веќе знаев да зборувам и да пишувам, потоа беше лесно да учам и за одговарам на албански јазик.

Иако бев единствена Ромка, сепак муфтијата ме назначи за претседателка на класот за јас да ги кажувам оценките на моите другарки/соученички. Јазикот не ми беше пречка да бидам одлична ученичка и да го завршам средното образование со просек 5,00. Тоа ме мотивираше уште повеќе да си докажам пред сè на себеси, а потоа и на останатите дека не е страшно да си „поразлична од другите“. Дека секој може да успее ако му се даде прилика и можност да се докаже.

И на факултет бев единствената Ромка во класот, која се запиша да студира на албански јазик. Таму никој не знаеше што сум, се додека јас не се декларирав и се претставив дека сум Ромка.

Откако пораснав го сменив изгледот и начинот на облекување, односно училиштето ме поттикна да ја почитувам својата вера и решив да ставам превез (марама) како симбол на исламот. Тоа ме направи уште „поразлична“ од другите.

Па така, во една прилика додека бевме со мајка ми на пазарување во пазарчето во Шутка, мајка ми со продавачката зборуваше ромски, јас зборував македонски, но дојдоа едни муштерии кои не знаеја добро македонски, па јас им преведував од македонски на албански. Продавачката остана збунета и зачудено праша – извинете, а што сте вие? Се насмевнав и ù реков – луѓе сме, а ако прашуваш за етничка припадност ние сме Роми. Додаде – ама вие не личите за Роми?

Заминав со прашањето – а како тоа изгледаат Ром(к)ите? Што се толку поразлични од другите? И, што има лошо во тоа да си поразличен?

Текстот е личен став на авторката. Сите права се задржани

 

Link: https://civilmedia.mk/a-shto-ima-losho-vo-toa-da-si-razlichna/

Србија - Бор: „Куќен совет„ за донесување решенија за Ромските проблеми

Во Бор,на улицата Херцеговачка, во ромска населба беше формиран Куќен совет за решавање на проблемите со домувањето на ромските семејства.

Жителите на ромската населба имаат проблем со земјиштето кое и припаѓаше на кинеската компанија ЗИ Jinин со продажбата на рудникот и топењето на сливот Бор проблемите останаа нерешливи. Во оваа населба има 85 семејства, 360 луѓе припадници на ромската националност. Станбените згради се од 1903 година, во многу лоша состојба и не се безбедни за живот поради влијанието на рударството и непосредната близина на рударскиот рудник. Зградите се дерегистрираат од планот на Општината, што значи дека нема урбанистички план. Канализационата мрежа е целосно прекината.

СКРУГ – Ромската лига во соработка со Ромската младинска иницијатива „Ромска душа“ испрати две писма до Општина Бор за потребите на населбата. Побаравме итно решавање на проблемот со скапани дрвја високи до 30 метри. Ние ги посочивме сите комунални проблеми на населбата, како што се редовно отстранување на сметот, чистење и одржување на градското зеленило и побаравме решавање на сите овие проблеми преку буџетот на Општина Бор,укажуваат од новоформираниот Кукен совет.

FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 109 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот

Joomla! Debug конзола

Сесија

Информација за профил

Искористеност на меморија

Барања до базата