Преставници од Мрежата за состемски и трајни решенија на прием кај претседателот на државата Стево Пендаровски
Поповод 8 ми Април Меѓународниот ден на Ромите и 50 години Јубилеј на Интернационалната Ромска Унија - ИРУ и одржувањето на Првиот светски когрес на Ромите во Лондон во 1971 година, делегација од Мрежата за Системски и трајни решенија за интеграција на Ромите од Р.С. Македонија како и други преставници од Ромската заедница беа на прием кај Претседателот на државата Стево Пендаровски. Мрежата ја застапуваа Зоран Димов како претседател на ИРУ и Љатифа Шиковска и како пратеник.
На средбата и приемот на Претседателот Пендаровски му беше доделена од страна на Мрежата посебна плакета како огромен придонес кон Ромската заедница, и воедно Повелбата поповод овој ден.
Претседателот Стево Пендаровски по повод 8 Април ‒ Меѓународниот ден на Ромите, упати честитка до припадниците на ромската заедница.
Пендаровски посочува дека сите заедно целиме кон градење на солидарно, праведно и слободно општество кое ја почитува различноста и човековото достоинство.