Социјала

Поповод 8-ми Април - Меѓународниот ден на Ромите, Зегин донираше 4.000 детски визири во двете оосновни училишта и детската градинка во општина Шуто Оризари

По повод 8 Април, Светскиот ден на Ромите, сопственикот на компанијата Зегин- господинот Благојa Механџиски  додели донација од 4000 детски визири за здравјето на децата од основните училишта ,,Браќа Рамиз и Хамид” и ,, 26 Јули”, како и за најмалите од градинката ,,8 Април” од општина Шуто Оризари.
Донацијатата ја примија директорите на основните училишта, а присуствуваше и претставник од општината Шуто Оризари, како и господинот Зоран Димов – Претседател на Интернационалната Ромска Унија- IRU и координатор на мрежа за трајни системски решенија. Како што истакна претставникот од Зегин, господинот Благоја Мехнџиски и понатаму ќе продолжи да помага онаму каде што е потребно, со надеж за што побрзо справување со пандемијата.

Поповод 8-ми Април, Мрежата за системски и трајни решенија на прием и средби со државниот врв

Поповод 8-ми Април во пресрет на одбележување на Јубилејот 50 години од одржување на Првиот Светски Конгрес и старт на работата на Интернационалната ромска Унија - ИРУ, Мрежата за трајни и ситемски решенија за интеграција на Ромската заедница во Македонија составена од 12 Ромски НВО од Македонија, организира неколкудневни активности.

Настаните започнуваат на 7 Април со прием и средба со Претседателот на Владата на Р.С.Македонија г-дин Зоран Заев каде преставниците од Мрежата предводена од пратеникот Љатифа Шиковска и координаторот на Мрежата Зоран Димов ќе имаат кратка средба каде при таа средба на Премиерот Заев ќе му биде доделена Плакета за Особен придонес кон Ромската Заедница.

Веднаш потоа во салата за конференции во Владата на Р.С.Македонија ќе се одржи настан насловен како „Храброст, достоинство, доверба, и сила во постигнувањето на целите од

Стратешките определби за Ромите во Република Северна Македонија„. На таа средба свое присуство на поголем дел од Министерите од Владата .

Веќе на 8 Април преставниците од Мрежата ќе имаат средба со Престедателот на Собранието г-дин Талат Џафери како и со Претседателот на државата Стево Пендаровски. За време на приемот и средбата ќе им бидат доделени и Плакети за Особен придонес кон Ромската заедница. За време на одбележувањето на настаните воедно ќе им бидат доделени Плакети и нанеколку дипломатски преставништва во нашата држава како што се амбасадите на СР Германија, Швајцарија, САД, Франција, Велика Британија, Словачка, Делегацијата на Европската Унија во Скопје, Амбасадата на Кралството Норвешка во Белград,  МЦМС. ФООМ. УНДП, УНИЦЕФ , на г-дин Самет Скендери - ИнСоК, Скопје, Г-дин Асан Фератм Г-ѓа Салија Бекир Халим - Иницијатива на жени од Шуто Оризари како  и постхумно на Г-дин Амди Бајрам  и Д-р Трајко Петровски.

Словачката истрага за полициското претепување на децата Роми во населено место во карантин минатата година сè уште трае

Скоро една година откако е покрената кривична истрага за случајот на наводен напад од страна на полициски службеник врз деца од ромската населба во Кромпачи, Словачка во април 2020 година, сè уште не е донесен заклучок по ова прашање. "Истрагата за тој случај е сè уште во тек.  Истражителот од Канцеларијата на инспекциската служба спроведува кривично гонење по тоа прашање под сомнение за сторено кривично дело злоупотреба на моќ од јавен службеник",  изјави Петра Фриез од одделот во Министерството за внатрешни работи на Република Словачка.

Според Фризе, инспекторот  во моментов ги презема сите процедурални чекори потребни за разјаснување на фактите во согласност со Кривичниот законик. Со оглед на возраста на оштетените, инспекторот мора тесно да работи не само со нивните законски застапници, туку и со детски психолози.

Кривична пријава за случајот со наводно претепување на ромските деца е поднесена од словачкиот европратеник Петер Полак и од полномошник на словачката влада за ромски малцински работи, Андреа Бушкова, кои и двајцата се припадници на ромската заедница. Словачката претседателка Зузана Шапутова исто така побара од претседателот на полицијата Милан Лужански темелна истрага за инцидентот.

 

Link: http://www.romea.cz/en/news/world/slovak-investigation-into-police-beating-of-romani-children-in-quarantined-settlement-last-year-still-ongoing

СДСМ реагира: ДПМНЕ Крушево со речник навредлив за Ромите

„Во каков контекст е искористен терминот “ѓупчење” во објавата на ОК ВМРО ДПМНЕ Крушево? Дали со овој погрден збор ДПМНЕ сака да ги навреди нашите сограѓани Роми?
Покрај неоснованите критики ДПМНЕ Крушево се служи со погрдни зборови кои ги навредуваат нашите сограѓани. Додека СДСМ работи на соживот, ДПМНЕ работи на поделби. Сите сме еднакви граѓани, а речникот кој го користиме е особено важен за соживотот.
ДПМНЕ Крушево да се извини за ваквиот речник, а статусот да не биде избришан за да сведочи дека дискриминацијата е во сопственост на опозицијата исклучиво“, стои во соопштението на СДСМ Крушево.

FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 175 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот