Социјала

Габор Роми во Романија

Габор Роми – Ве интересира за Ромската или Габор култура и традиции? Одлично, тогаш повелете да ги запознаете Габор Ромите од Трансилванија во нивната заедница. Оваа турнеа ќе биде нај автентичното интер-културно искуство кое што можете да го добиете во Романија кое исто така ќе ве однесе позади невидливиот ѕид на само-сегрегација внатре во едно од нај интересните но сепак автентична етничка група во Европа – Ромите.

Ќе посетиме семејство на Роми Габори во нивниот дом во едно село блиску до Сигисоара каде што ќе се напиеме кафе како пред текст за да ги научиме нивните непишани правила за договорени бракови, ритуали, улогата на жената во семејниот живот, Ромскиот јазик, кодот на облекување на Габор Ромите и многу повеќе.

Ако сте за подлабоко искуство, може да се организира традиционален Ромски ручек со ова семејство, па дури и жива Ромска музичка и танцувачка сесија исто така.

Габор Ромите од Трансилванија се смета дека се аристократската каста на Романските Роми поради нивните заложби во зачувувањето на светите традиции и браковите кои се само во нивните етнички заедници како заштитна мерка против интеграцијата во се повеќе и повеќе униформираното општество на 21 век.

 

Link: https://www.yourguideintransylvania.com/gabor-gypsies/

Учеството во Пописот е задолжително, бојкотот е кривично дело

„Пописот е граѓанска обврска утврдена со закон. Учеството во Пописот е задолжително и претставува одговорност на секој граѓанин кон државата. Повикот за бојкот и бојкотот на Пописот е кривично дело. Тоа е исто што и организирање отпор и непослушност кон законити одлуки и мерки на државен орган опфатени со членот 387 од Кривичниот законик и предвидува парична казна или затвор до 3 години за оној, што ќе организира други на отпор и на непослушност. Ако пак поради делото не е спроведено или значително е отежнато спроведувањето на законита одлука или мерка, или ако делото го стори како водач на група сторителот ќе се казни со затвор од 1 до 5 години“, е истакнато на редовната прес-конференција на портпаролите на Владата на Република Северна Македонија, Душко Арсовски и Муамет Хоџа, која ја одржаа заедно со Јасмина Ѓоргиева од Државниот завод за статистика.

Србија: За невработените по 120 евра, за околу 3.000 музичари по две минимални плати

Претседателот на Србија Александар Вучиќ во интервју за РТС  им вети на невработените по 120 евра помош од државата.

- Невработените ќе добијат 120 евра оваа година. Сите невработени и полнолетни ќе добијат два пати по 30 евра во мај и ноември и уште 60 евра во јуни - нагласи Вучиќ и додаде:

- Добра вест има и за музичарите, тие не се во системот за даночни обврзници , но се околу 3.000 и за нив ем се подрготвува исто така финанскиска подршка од исплата на две минимални плати.

Таа одлука оваа надела ќе ја донесе Владата на Србија

Тука се планира помош и за пензионерите.

– Парите се даваат поради општа потрошувачка , и се подига степенот на придонеси. Имаме 62.1 милијарди вишок во буџетот. Во декември и ноември трошоците се повисоки , се што е послабо пресметано во претходната година, Нам ни е многу поважен стандардот на граѓаните него тие пари. - нагласи Вучиќ

 

Link: https://www.blic.rs/biznis/vesti/nezaposlenima-po-120-evra-vucic-najavio-novi-paket-pomoci-i-za-muzicare-i-hotelijere/x1j177y?ref=fbblic&fbclid=IwAR1L6QjAvUkn3-4bcTocRByqR-HFMEIRQ7kE5tPjUzei_H7pZidxgZkonkI

Жителите на Шуто Оризари се надеваат дека златна рипка ќе им го реши проблемот со матичните лекари

Расте нетрпеливоста меѓу граѓаните од Шуто Оризари. Во моментов, на еден матичен лекар во поликлиниката од оваа Општина има 3000 пациенти кои се прегледуваат. Ова особено ја отежнува работата и го загрозува здравјето додека вирее Ковид-19. Жителите во случај да се заразат, не можат да закажат термин за тестирање. Затоа, Иницијативата за развој и инклузија на заедниците од Скопје денеска симболично и’ даде признание, на како што велат, најлоша поликлиника во градот.

Од Влада, пак, на денешната прес-конференција велат дека до нив не стигнало официјално барање од иницијативата за овој проблем, но истакнуваат дека Министерството за здравство не може да назначи матични лекари.

„Постојат законски постапки како некој може да отвори ординација како матичен лекар. Тие се уредени со Законот за здравствена заштита и подзаконските акти како: Правилник за потребниот простор, опрема и стручен кадар за основање, започнување со работа и вршење на здравствената дејност во здравствена установа. Откако ќе се завршат сите тие постапки, Министерството само издава дозвола за работа“, велат од Влада.

 

„Нашиот апел до сите е дека во тек на пандемија не смее да се дозволи да се остават граѓаните без здравствена заштита и матичен лекар“, рече тој.

Ова се случува додека 250 лекари по општа медицина, од кои само еден Ром, се пријавени како невработени, според информациите кои иницијативата ги добила од Агенцијата за вработување.

 

„Особено загрижува игнорантскиот однос на институциите и Министерството за здравство, пред се. Не може да се каже дека објавуваат постојано јавно огласи за концесионери и да не се преземе ништо, кога знаеме дека тука живее најмаргинализираното население кое е во социјален ризик и токму на нив им е потребна примарна здравствена заштита“, се надоврза Салија Бекир Халим од Иницијативата на жени од Шуто Оризари.

 

Link: https://www.radiomof.mk/zhitelite-na-shuto-orizari-se-nadevaat-deka-zlatna-ripka-kje-im-go-reshi-problemot-so-matichnite-lekari/

 

FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 58 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот