Социјала

Насилство во Струмица, говор на омраза и дезинформации

Струмичанецот Игор Рекорт Вцкоф пред некој ден беше брутално претепан со палки и тупаници од десетина лица во центарот на Струмица. Во видеото објавено на Фејсбук страницата СтрумицаОнлине, се гледа како поголема група го тепаат Вцкоф, но исто така може да се забележи дека има уште едно лице (веројатно момче) кое е тепан.

Она што можеше да се види на видеото, му претходела и друга пресметка која започнала уште во казиното, а која била иницирана поради тоа што според коментарите и сведештвата на социјалните мрежи е дека „Ѓ….ците од Баница“ ја вознемирувале вработената во казиното, па поради тоа беа претепани.

Тепаниот Вцков на Фејсбук вели дека бил во казиното да игра, и пред да започне со играта побарал пиво од вработената. По извесно време побарал уште едно пиво пришто вработената одбила да му даде. Потоа, според неговото сведоштво, следуваше физичка пресметка со обезбедувањето на казиното. Тепачката од казиното се префрли во центарот на Струмица, каде беше брутално истепан. Тој исто така обвини дека тепачите беа дел од „обезбедување на Заев“ и го повика премиерот и институциите да го расчистат случајот.

Основното јавно обвинителство Струмица, по допрен глас, оформи предмет за настанот во центарот на Струмица, кога повеќе лица беа учесници на тепачка

„Издадени се насоки и наредби до надлежните органи за доставување на податоци и утврдување на идентитетот на лицата кои беа учесници во настанот. Обвинителството продолжува во континуитет да презема дејствија во насока на расчистување на настанот“, велат од ОЈО.​

Тања Христова е помеѓу петте финалисти за престижната награда “Млад Европеец на Годината“! Таа е единствениот Ромски активист меѓу петте финалисти

Ако некој ме праша за инспиративна личност што ја запознав минатата година, мојот одговор ќе биде многу едноставен. Нема да размислувам многу за тоа. Тања Христова ме импресионираше многу и не само мене. Таа е како батерија со сончева енергија што собра огромно срце во кревко и нежно тело. И енергија што се чини дека никогаш нема крај. Тоа не го проценивме само ние и институциите на национално ниво. Таа е една од петте финалисти на натпреварот Млад Европеец на годината, организиран од Фондацијата Млада Европа Шварцкопф, во кој Центарот Амалипе ја номинираше. Но, дозволете ми да ви кажам повеќе за неа и самите ќе дознаете зошто е меѓу номинираните на конкурсот и зошто е наша победничка. Тања има 24 години, родена е во градот Котел, каде средното образование го заврши како знаменосец и одличен ученик во 2015 година во своето средно училиште „Георги Св.Раковски“,каде што учеше „Природно-математички науки ” Во 2019 година таа успешно дипломираше и се стекна со диплома за социјален менаџмент на Техничкиот универзитет - Варна. Таа во моментов го продолжува своето образование на магистер по форензика.

 

Link: https://amalipe.bg/en/tanya-hristova-is-among-the-five-finalists-for-the-prestigious-young-european-of-the-year-award-she-is-the-only-roma-activist-among-the-five-finalists/

Србија - Чукарица: Депонијата се чисти, во населбата владее страв - После струјниот удар во нехигиенската зона, дождот донесе нови маки

Во неформалната населба во Чукарица, на аголот од улиците Галиполска и Милорад Јовановиќ каде пред неколку дена седум деца беа тешко повредени од струјниот удар, после обилните дождови ситуацијата е уште полоша.

Поради тоа што во овој дел од градот изгореа и неколку бараки сите останати се собраа во преостанатите бараки, каде од дождот просториите се влажни и преставуваат голем проблем за Ромите.

Патот кој води до тоа место е калив и до бараките е тешко да се дојде.

- Таванот прокиснува , креветите се потполно мокри се жалат Ромите од оваа неформална населба.

- Скоро секое семејство има повеќе од 5 деца а се собрани во 15 квадрати, каде понекогаш се и по 10 лица.

Условите за живот се невозможни , тешко е за преживување. Немаме ни пари за храна и основни животни намирници,

Овде сме доселени пред 10 години. Преходно живеевме на Баново брдо, но од таму не дислоцираа поради изградба на стамбени објекти.

Инаку егзистираме од собирање на секундарни суровини. Сега и тоа е невозможно. Понесреќата не посетиа надлежни лица и се дискутираше колку е можноста да добиеме некои контејнери.

Инаку од седумте повредени деца на возраст од три до 15 години, четири од нив сеуште се во критична состојба.

 

Link: https://www.novosti.rs/beograd/vesti/975521/deponiju-ciste-naselju-strah-posle-strujnog-udara-nehigijenskoj-zoni-kisa-donela-nove-muke?utm_source=amp&utm_medium=amp&utm_campaign=2021_03

Чешка болница одби да прегледа млад Ром – додека докторите се согласија да го прегледаат, тој починал!

Чешката Полиција ја истражуваат смртта на 23 годишниот Ром, Виктор М., кој починал во болница во Чомутов. Според информации од семејството на младиот Ром, ниту ургентното одделение ниту пак клиниката за интерни медици сакаа да го примат како пациент.

Откако секој дел од болницата се обиде да го испрати Виктор на некое друго место, клиниката за интерни медицини конечно започна да го прегледува, каде што тој ненадејно падна во бесознание. Според Лукаш М., братот на починатиот Виктор, неколку болничари му кажаа дека Виктор ги лажира неговите симптоми.

Потоа беше упатен повик до ургентната медицина од клиниката за интерни медицини, а ургентниот центар повтори дека тие нема да го земат Виктор М. како пациент. Ленка Ференцова, братучетка на Виктор М., која го придружуваше него и другите членови на неговото семејство во болницата, го потврди тоа за Чешката телевизија.

Виктор остави позади себе сопуга и три годишна ќерка, тој работеше како таксист. Неговиот татко почина на крајот од Фебруари од КОВИД-19.

 

Link: http://www.romea.cz/en/news/czech/czech-hospital-refuses-to-examine-young-romani-man-by-the-time-doctors-agreed-to-see-him-he-died?fbclid=IwAR0zfBwiByKyLlGWbuZyZnv61rFBWXO4Dt9HTZqRq6lSEBhfwSA9uv7ULGQ#.YFNyBe7JvOg.facebook

FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 459 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот