Шутка NEWS

Како го поминаа 8 Април Ромите од Шутка и Топаана?

„Ова е џунгла. Ова не се трпи. Ова гледај. Ви личи на населба ова? Па ова е катастрофа.“

Кому му значи нешто 8-ми април кога и денес треба да се јаде. Празник се слави ако имаш услови за тоа и ако имаш зошто да го славиш. Вака ќе ви речат жителите на Шутка и Топана, ако ги прашате како тие го одбележуваат меѓународниот ден на Ромите. 

Ни во Шутка ни во Топана, денеска немаше посебна празнична атмосфера. Секој си ја брка работата за да скрпи живот. Некои, дури се револтирани од посебното внимание од државните функционери, за кои велат дека на нив се сеќаваат само еднаш во годината и во предизборие.

Главен бизнис во овие населби е трговијата, собирање шишиња и старо железо . А со тоа, велат не се живее, ниту се прославува.
(Има ли за што да се слави?) Кога има пари секој ден има празници кога нема џабе ти е се. Тоа, е еден апел од мене за сите за цела Европа. Toa e сиромаштија.“ - вели еден од жителите.

За вистинска интеграција и подобрување на статусот на Ромите, требаат пари и посветеност, алармира во своите истражувања и народниот правобранител, според кои, во последниве десет години, државата скоро и да не мрднала со прст.

Link: https://24.mk/details/so-gladen-stomak-ne-se-slavi-praznik-velat-zhitelite-od-shutka-i-topana-za-me-unarodniot-den-na-romite?fbclid=IwAR3PqUpHpVhS5QlCcEhC5lEAH5Ixx578airlSNEmGhMrs1ENLl0H2tK4ltg

 

Општина Шуто Оризари ја поддржува ,,Кампањата за намалување на нередовно посетување на настава на учениците”

Општина Шуто Оризари ја поддржува ,,Кампањата за намалување на нередовно посетување на настава на учениците” на О. У. ,, Браќа Рамиз и Хамид ”, на територија на општина Шуто Оризари.

На вчерашниот состанок помеѓу претставниците од локалната самоуправа, образовните медијатори и наставниците, беше дискутирано за наодите од терен, добиени со спроведување на анкетните прашалници во врска во горенаведената кампања.

Врз  основа на досегашните искуства ставот на граѓаните е дека потребно е превземање на санкции, и организарање на семинари, екскурзии со цел намалување на трендот на одливот на ученици во основното образование.

Исто така, беше напоменато дека треба да се подобри комуникацијата и кординацијата меѓу двете училишта на територија на општина Шуто Оризари.
На крајот од состанокот присустните биле поканети на презентација на инструментите за интеркултурна интеграција.

Странски студенти ќе учат ромска музика во Шуто Оризари

Професорката по гитара од Израел Хамутал Зимра оствари средба во општина Шуто Оризари за воспоставување на соработка со цел учење на традиционална ромска музика ова лето во Шуто Оризари.

Вкупно 20-40 ученици се заинтересирани да дојдат во Шуто Оризари за да ги научат спецификите и автентичноста во изведувањето на ромската музика вклучувајќи: ритам, мелодија и сл.

Оваа група на ученици ќе бидат обучувани од страна на музичари Роми во две групи : пеење и свирење.

Планирано е групата да пристигне во текот на месец август, а од локалната самоуправа беше побарано поддршка во однос на обезбедување простор за одржување на часови, сместување и вмрежување со музичари кои ја познаваат ромската музика.

Оваа иницијатива во соработка со Општина Шуто Оризари ќе овозможи поширока промоција на ромската музичка уметност.

Факти за општината Шуто Оризари

Шуто Оризари почнува да се развива кон крајот на 1963, почетокот на 1964 година, со населување на првите жители, претежно Роми. Името потекнува од зборот “шуто” што во превод значи неплодно. Со постепено обликување на населбата, Општината Шуто Оризари почнува да добива изглед на урбанизирано приградско соседство.

Со тек на време населбата се здобива со свои административни и културни институции. Во 1996 година Шуто Оризари заедно со двете села околу него – Горно и Долно Оризари, формираат самостојна административна единица – општина Шуто Оризари. Општина Шуто Оризари е првата општина во светот со мнозинско ромско население. 

Општина Шуто Оризари зафаќа површина од 7,48 км² и има густина на населеност од 2.780,75 жит/км².

Генералната слика за населението во општина Шуто Оризари, според пописот на населението, домаќинствата и становите во Р.М. од 2002 година e дадена во табелите подолу (според неофицијални податоци околу 35.000 жители). Според податоците, 60,6% од вкупното население во општината е од ромска етничка припадност или околу 14.000 Роми.

Сепак, со повторна напомена дека сите овие податоци треба да се земат со резерва со оглед на тоа дека дека е поминат долг период од последниот официјален попис.

Миграциските движења на населението покажуваат тренд на зголемување на вкупното население во општина Шуто Оризари, и се прикажани во следните табели заедно со старосната структура на населението (од кое само 4.6% е над старосната граница од 65 години, и се разликува значително од населението во Град Скопје над истата старосна граница кое изнесува 10.4%)

Во Општина Шуто Оризари има 2 основни училишта. Едното од нив се вика „Браќа Рамиз и Хамид“ каде учениците освен што учат на македонски јазик и имаат предмет ромски јазик. Другото училиште е „26 Јули“ каде се учи на албански јазик. Истовремено има и едно средно училиште кое го носи името „ Шаип Јусуф„
Во општината има и амбуланта каде се лекуваат скоро сите жители од Шуто Оризари но и од околните села Бразда, Кучевиште, Побожје 

Градоначалникот на општината од 2017 година со четригодишен мандат е Курта Дудуш од СДСМ. Советот на општината брои 19 советници од кои осум се од СДСМ,седум од СРМ, двајца од ДУИ, еден од Беса и еден од Алијанса на Албанците.

FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 167 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот