Шутка NEWS

Народниот правобранител има оформено предмет за случајот во Шуто Оризари, по сознанието дека имало обид за грабнување на деца

Народниот правобранител има оформено предмет по сопствена иницијатива по добиените сознанија дека се случил настан во кој имало обиди за грабнување деца во општина Шуто Оризари, и дека полициски службеници биле претепани поради сомнение дека станува збор за грабнувачи, како што наведуваат граѓаните во таа општина, истакна денеска заменик-народниот правобранител Васка Бајрамовска – Мустафа.

Таа посочи дека направиле увид во полициската станица и доставиле дописи до МВР.
– Нашите сознанија говорат дека во тек се постапки кон лицата кои го извршиле насилството и за утврдување на основаноста на дојавите или пријавите дека има исчезнато лице од причина, што според МВР, досега нема ниту една пријава дека некој пријавил исчезнато лице.

Бараме и целосно испитување на причините за присуството на полициските службеници надвор од службеното време во вечерни часови во такво возило без регистерски таблички. Останува МВР да го испита случајот и да ни ги достави целосно информациите што ги бараме, додаде Бајрамовска – Мустафа.

Шутка по понеделничкиот инцидент - Ова нема никаква врска искажување на нетрпеливост кон Албанците!

По инцидентот кој се случи во понеделникот приквечер во Шутка кога се случи настанот, некој како да сака да ги „предимензионира„ состојбите. Затоа и инстутуциите потребно е да поведат повеќе грижа во врска со тој немил настан. Комплексноста на Шутка е во тоа што таму живеат со децении освен Роми и мешовито население каде поголем број и Албанци.
Никогаш во минатото немаше некое сериозно нарушување на соживотот. Тие потребно е и понатаму да живеат заедно.
Но некој како да сака да го наруши тој начин на функционирање.
Сега Ромите покрај стравот од гласините во врска со киданпирањата , сега се обременети и со тоа дека „другата страна„ - Албанците ги гледаат како и виновници затоа што по некоја случајност нападнатите лица биле Албанци од Долно Балце!
Мора да е јасно едно немилиот настан кој се случи нема никаква врска и логика на искажување на нетрпеливост кон Албанците!

Тие потребно е сега да ги „оладат главите и емоциите„ и да резонираат разумно. Не е потребно ниту од страна на некои медиуми (нарочито албански како пример весникот „Лајм„) да ставаат сол на таа рана.
Знаеме сите колку е кревок во Македонија соживотот посебно во етничко мешани населени места. Затоа е потребно и државата да поведе малку грижа за односот на медиумите кон овој и слични нему настани, на кој се опишува настанот, и на кого од страна на некои погоре насочениот медиум -„Лајм„ сензационално да ги профилира притворените лица за тој немил настан, се во конотација и на некакво генерализирање на тие состојби.
Се може да се разреши и да се разјасни секое недоразбирање како преку институциите за правда така и во согледување на вистинските и реалните состојби, а не на некои „валкани квалификации и пропаганди„
Инаку според МВР во случајот во Шуто Оризари поднесени се две кривични пријави и тоа едната до надлежното Основно јавно обвинителство-Скопје против  Ѓ. Д. (44),  Е.З.  (31),  У. Ќ (30), С. Ј. (40) и А. И. (25), сите од Скопје, и втората до надлежното Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција против Е. З. (41) и А.З.(41) вработени во МВР, кои не биле на работа, поради сомнение дека сториле кривично дело „насилство“.

За инцидентот во Шутка, приведени десет лица , од нив најверојатно тројца ќе бидат ослободени

Според неофицијални извори МВР започна истрага за инцидентот во Шуто Оризари кој се случи во понеделникот вечерта. Како што е познато од преходно, група граѓани пресретнаа џип со 3 лица внатре кои беа таргетирани како потенцијални киднапери, за кои веќе неколку дена се зборуваше низ општината.

Тие беа нападнати од кои двајца со полесни и еден со потешки повреди беа пренесени во болница.
По пристигање на полицијата беше утврдено дека од тројцата претепани двајца биле полицајци кои не беа на должност. Инаку сите тројца се од село Долно Блаце.

Веднаш потоа МВР започна истражни дејствија каде на разговор биле повикани 10 луѓе кои се сомничат дека ја предизвикале тепачката.

Според неофицијални извор, тие веќе во текот на денот - среда ќе бидат изведени пред истражен судија, кој понатаму ќе ги спопрведува дејствијата. Според некои најави тројца од нив ќе бидат ослободени, додека останатите може ќе добијат казни со мерка притвор. Каков ќе биде епилогот од ова сеуште не се знае.

По инцидентот во Шутка реакција на граѓаните: Тие не се полицајци, носеа лопати и немаа таблици на колите, а МВР тврди нешто сосема друго

По објавата во повеќе македонски медиуми дека полицајци биле нападнати во Шутка, а потоа пренесени во болница, реагираат жителите на Шуто Оризари. Според нив, станува збор за киднапери, кои биле во возило без таблици и задни седишта, а со нив носеле и лопати и фантомки. Тоа беа коментарите на самите граѓани кои се затекнаа на самото место и нивните коментари на социјалните мрежи како и фотографии од самото возило ( џип марка „Сузуки„ без регистарски таблици) кој беше на самото место од инцидентот и што беше забележано во внатрешноста на џипот.

Но наспроти ова дел од македонските медиуми информираа дадоа информација дека „Вистинска драма се одвиваше синоќа во населбата Шуто Оризари каде граѓани претепале полицајци кои не биле на должност, за кои мислеле дека се киднапери.„
Исто така и од страна на МВР со поинакво тврдење:
- Околу 17:20 часот на улицата Индира Ганди во Шуто Оризари малолетничка наводно видела дека непознати лица насилно внеле женско лице во комбе, но не знаела за кого станува збор. Таа тоа му го кажала на возрасен маж, кој пријавил во полиција. Се собрала поголема група граѓани и во тој момент наишло возило во кое имало три лица, од кои двајца полициски службеници од Полицијата Чаир, кои не биле на работа, велат  од полицијата.
Додаваат дека насобраните ги нападнале лицата кои биле во возилото и тие се пренесени во болница за укажување на лекарска помош. Трите лица се од Долно Блаце.

FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 148 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот