Шутка NEWS

Донесена е ОДЛУКА за отварање на Полициско Одделение во Шуто Оризари

Советот на Општина Шуто Оризари донесе Одлука за отворање на полициско одделение и Одлука за отстапување на објект во сопственост на општина Шуто Оризари заради отворање на Полициско одделение на МВР.

Советот на општина Шуто Оризари поради зголемениот број на нарушувања на јавниот ред и мир, зголемената фреквенција на посетители на пазарот, како и поради сообраќајниот метеж на главната улица во Шуто Оризари утврди потреба за отворање на полициско одделение.

Согласно Член 2 од Одлуката на отворање на полициско одделение, работата на полициското одделение ќе биде во согласност со надлежностите на Министерството за внатрешни работи, а во насока на превентивно делување- спречување на кривични дела, зголемување на заштитата на безбедноста на граѓаните и ефикасно разоткривање на сторителите на кривични дела.

На Министерството за внатрешни работи на Р. Северна Македонија, му се отстапува без надоместок во владение просториите кои се во сопственост на општина Шуто Оризари лоцирани на ул. Нов Живот бб за вршење на работи од областа на јавната безбедност.

Д-р Снежана Зоксимовска во Поликлиника Шуто Оризари за 3 децении има вакцинирано над 100.000 деца

Во скопската општина Шуто Оризари статистички гледано има најмал процент на противни на вакцинацијатаи најмал процент на заболени од морбили.

Ромите од населбата редовно ги носат своите деца на вакцинација.

Оваа општина во Скопје има најголем опфат на имунизација, вакцината за морбили ја имаат примено 97% од децата на возраст до 12 месеци.

Д-р Снежана Зоксимовска во Поликлиника Шуто Оризари за 3 децении има вакцинирано над 100.000 деца.

Децата кои беа вакцинирани пред децении сега , сега ги носат вниците кај неа на имунизација.

„Многу е големо задоволството, кога ќе ти дојде родител со дете или баба со внуче и кога ќе им каже: „ Еј внуче, мое оваа докторка и мене ме вакцинираше
Тоа значи дека исто и самите родители имаа доверба во мене на сите кои сум ги вакцинирала„ Тоа резултат од мојата 30 години работа во оваа поликлиника„, напоменува Де Снежана Зоксимовска.

Инаку од 59 заболени од морбили во Скопје, од оваа општина има само едно седум месечно бебе. Вакцината против морбили од оваа општина ја имаат примено 97% од децата.

Светска банка подготвена да го поддржи локалниот економски развој во Шуто Оризари

На средбата, како што соопштува Општина Шуто Оризари, била дискутирана кредитоспособноста на жените преку модел на здружување што подразбира вмрежување со бизнис инкубатори и континуирана комуникација со млади промотори за стекнување бизнис вештини, фасцилитирање, финансиско описменување и штедење.

–Можности, менторство и економска реинтеграција им е потребна на Ромите, особено на жените Ромки за отпочнување на бизнис.

За стекнување на влијателно економско претпријатие, неопходно е правилно формирање на цената на производот или услугата, изнаоѓање механизми за одржливост на пазарот на трудот, проширување на бизнисот преку посебни вештини и алатки, маркетинг и познавање на основните бизнис концепти, истакна Срџан Амет од Секторот за локален економски развој.

Развивање на локален туризам или ,,community based tourism” е исто така една од можностите за унапредување на животниот стандард.

Општина Шуто Оризари, првпат оформи одделение за локален економски развој што е важен предуслов за поддршка на нови инвестиции и воспоставување економски односи.

ЕРРЦ упати писмо до премиерот на РС Македонија Зоран Заев и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски

ЕРРЦ како организација која ги надгледува човековите права на Ромите во Европа, и ги настапува Ромите во нивна одбрана кога се нарушени нивните права,упати писмо до премиерот на РС Македонија Зоран Заев и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, во врска со инциндентот кој се случи во општината Шуто Оризари каде претежно живее ромско население.
Во писмото се наведува дека ЕРРЦ, внимателно ги следи информациите во врска со случувањата и информациите од билтенот на МВР објавени од 28.01.2019 година,кога група граѓани, по предходни најави, сведочења за можни киднапирања на деца, се собрале на главната улица во населбата по потрага по возило со затемнати стакла и без регистарски таблици.
ЕРРЦ наведува дека пред инциндентот истата вечер, поради загриженост на своите граѓани градоначалникот на општина Шуто Оризари Дудуш Курто ги повика сите загрижени граѓани во вечерните часови да бидат присутни на вондреден состанок на општината во која ке присуствува и командирот на полициската станица Чаир,од кој би се побарале одговори и консултации во врска со предходните денови од кога се проширила веста и очевидци кои тврдат дека спасиле деца од можни киднапери, настани кои резултираа загрижените граѓани од ова општина да не ги пуштат своите деца во школо.
Само два часа пред одржувањето на средбата на граѓани во општината, група на граѓани како се наведува во писмото го блокирала патот на едно такво возило марка Џип Хундаи Галопер, во кое се наоѓале три за нив сомнителни лица, со кои настанала првин вербална а потоа физичка пресметка, во која се нанесени телесни повреди над трите сомнителните лица од кои едниот се здоби со тешки телесни повреди, кои по инцидентот беа хоспитализирани во градската болница 8 ми септември.
МВР по овој инциндет поднесе 7 кривични пријави, за седум лица учесници во тепачката од кои на двајца лица им е одреден 30 дневен притвор.
Во понатамошниот дел од писмото ЕРРЦ се осврнува на изјавите на МВР како и на пресовите одржани од страна на министерот на МВР Спасовски , и бара МВР и истражните органи да се произнесат од информациите кои се од витално значење за истрагата, инволвираноста на засегнатите во овој случај. Таа верува дека понатамошната истрага во врска со инциндетот нема да биде подложена на неправедни казни, за кои има доста примери од таков тип на правни мерки.
ЕРРЦ барао одговори од државните институции:
- Kои институционални мерки ке се преземат со цел заштита и сигурност на населението, 
-Kои мерки ке се презмат за испоштување на правато на образование на децата, со кои ке се уверат родителите на децата дека сигурноста на нивните деца е гарантирана.
Наведете не со детални факти за состојбата во врска кој е власникот на возилото Хундаи Галопер? Дали власникот на возилото е полицаец?Дали власникот на возилото бил присутен за време на инциндентот? Кои се вашите информации по тоа што возилото е возено без регистарски таблици и затемнети прозори?Дали во возилото се пронајдени сомнителни предмети? Дали навистина возилото ги немало задните седишта? И која е вистината за фантомките, копачите и лопатите пронајдени во гепекот на возилото? Која била улогата на третиот сопатник кој не бил полицаец?
- Кои се следниве чекори за преземање на институцијата за откривање на детали во врска со овој инциндент и што довело до него?
- Колку ромски лица се повикани на сослужување, колку обвинувања се подигнати? Дали им е понуден преведувач и адвокат во тој процес? Какви идни чекор се планират?
- Колку често полицајци кои не се на службена должност , одат на мисија по најави на Фацебок?
-Дали ваквото самоволие на одредени полицајци се идна стратегија на полицијата, посебно кога се вон службена должност, или тие ке бидат подложени на дициплински мерки?
Кои чекори ке се преземат на таквите инциденти во иднина со што би се спречило состојбата да ескалира во етничка омраза , имајки во предвид дека повредените биле од албанско етничко потекло?
Постојат ли планови и отварање на полициска станица во општината која брои над 30. 000 жители?
Во завршниот дел на писмото ЕРРЦ неведува дека, во контексот на распространет Антироманизам во Европа, како и безброј обесправени Роми лишени од правата ,ЕРРЦ ги предупредува истражните органи и полицијата и ги повикува да се држат за одредбите на Европски суд за човекови права по членовите (6) и (14) како и членот од Европски суд за човекови права (3) и (8).
ЕРРЦ наведува дека до крај ке го следи целиот случај и сите постапки поврзано со овој случај како би е осигурувало почитувањето на (2,3,5,6 )и (8) односно (14) член од Европската конвенција за заштита на човековите права.Организацијата ке стои на располагање и советување за адекватно решение во врска со ова итна состојба.
Се наведува на крајот на писмото кое е адресирано до премиерот и министерот на МВР на РС Македонија.

FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 208 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот