НВО Сектор

РДС прашува: Што ќе превземе Љатифа Шиковска, единствен ромски пратеник во македонскиот парламент, за да се сочува и гарантира партиципација на Ромка / Ром, во Комисијата за спречување и заштита од дискриминација.?

Деновиве една од поактуелните теми во Парламентот на Собранието на Р.С Македонија е изборот на седум членови на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, која започнува да работи според новиот закон и ќе одредува кој и по која основа е дискриминиран во општеството.
Но истовремено Собранието не успеа да гласа за избор на новата Комисија за заштита од дискриминација , поради немање кворум. Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ реагираа дека при изборот на кандидатите повторно доминирале политички и партиски критериуми, така што, иако најавија дека ќе гласаат „воздржано“, ја напуштија салата.
Инаку како седум членови на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација со мандат од пет години избрани се се правниците Игор Јадровски и Неда Чаловска Димовска, како и политикологот Лимко Бејзароски и лекарот специјалист по семејна медицина Ирфан Деари. Тригодишен мандат добија политикологот Кире Василев, магистерот по правни науки Исмаил Камбери и психологот Весна Бендевска.
Претселателот на парламентот Талат Џафери ја прекина седницата и најави дека дополнително ќе закаже нејзино продолжение.
Инаку за постсетување за седум членови на Комисијата се кандидираа 44 кандидати меѓу нив личностите зад кои, како што се знае, стои научната јавност, но и невладиниот сектор. Личности за кои, се знае дека биле активни, ја знаат таа област и можат да учествуваат во заштитата од дискриминација. За потестување меѓу тие 44 кандидати имаше и кандидати Роми, кои одговараа на сите критериуми и квалификации за зибор во самата Комисија.
Од кои причини не влегоа тие на таа листа избрани останува нејасно. РДС се прашува поради сензибилноста на работата на оваа Комисија повеќе од потребно беше во нејзиниот состав да има чен и од Ромската заедница, која со години и во сите Извештаи од домашните и меѓународните набљудувачи и органбизации се потенцира токму дека Ромската заедница е една од најмаргинализираните и надискриминирани во ова општество.
Истовремено РДС потенцира дека и во самиот Закон и членови при избор на членови на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација во Член 16 точка 5 недвосмислено стои:
„ Членовите на Комисијата треба да го одразуваат составот на општеството во целина и при изборот на членовите на Комисијата се применуваат принципите за соодветна застапеност на сите општествени групи, начелото на соодветна и правична застапеност на припадниците на заедниците и родово балансирано учество.„..
Истовремено и во членот 17 - Услови за избор на членови на Комисијата, за член на Комисијата може да биде избрано лице кое ги исполнува следниве услови:
            1) да е државјанин на Република Северна Македонија;
            2) да има стекнато 240 кредити според ЕКТС или VII/1 степен на образование и има минимум седум години работно искуство од областа на човековите права од кои пет години во областа на еднаквост и недискриминација;
            3) во моментот на изборот со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна затвор од над шест месеци или забрана за вршење на професија, дејност или должност;
            (4) да не е носител на функција во политичка партија.

Според сите тие параметри например еден од кандидатите – Роми кој поднесе своја кандидатура и беше поддржан и од невладиниот сектор беше и м.р. - Мухамед Точи кој има над две децениско искуство токму во овој сегмент во невладиниот сектор. Зошто не е меѓу избраните тоа им е познато само на тие кој беа во Комисијата. И за чудо ова е веќе втор пат (прв пат и во 2018 година) не беше избран.
РДС прашува зошто и до кога Ромите ќе бидат „ескивирани„ од државата по ова прашање. Што е толку „проблематично„ ако се избере Ром/ка во таа Комисија? Кој се кочничарите?
Воедно РДС прашува: Што ќе превземе Љатифа Шиковска, единствен ромски пратеник во македонскиот парламент, за да се сочува и гарантира партиципација на Ромка / Ром, во Комисијата за спречување и заштита од дискриминација?
И за крај како потсетување во Законот за Комисијата за спречување и заштита од дискриминација во Член 18 во делот Постапка за избор на членови на Комисијата во точка 4 стои:
„Доколку Собранието не избере членови на Комисијата, постапката за избор се повторува во целост со објавување јавен оглас веднаш, а не подоцна од рок од десет дена.„
Па господа Парламентарци еве ви шанса за да ја исправите направената неправда кон Ромската заедница. Одважете се! 

ЗРДИЦМ додели шест нови сертификати за Педагошки помошници за новата учебна година

Здружението Ромски Деловен Информативен Центар - ЗРДИЦМ од Скопје, во соработка и финансиски подржан од Амбасадата на Република Словачка во Република Северна Македонија, на 27 август оваа година во просториите на ЗРДИЦМ на свечен начин им беа доделени шест Сертификати за успешно спроведената и завршена обука на проектот  „Педагошки помошник на ученици од основно образование„

Сертификатите беа доделени од страна на Претседателот на ЗРДИЦМ Зоран Димов, а исто така покрај кандидатите за Педагошки помошници беа присутни и едукаторите Илиоска Поликсена и Пендароски Мирослав.

Задачата на Педагошките помошници за ученици ќе обезбедат помош  при совладување на дел од наставниот план. Истовремено ќе имаат и задача за останување во училиштата на учениците кои се во ризик и ќе го поддржат поцесот на едукација на учениците од основните училишта во спроведувањето на наставните програми.  Воедно ќе работат и со родителите за подигнување на свеста за образование на нивните деца и овозможување услови за истото.

 

Првите одгледани овошни продукти од ромските НВО на продажба за спас на уличната економија

Напорите на ромското НВО да предложат поинаква форма на економија за зачувување на иличната продажба ги понуди своите први одгледани овошни продукти. Еве хронолошки настан.

 

На 27 април 2020 година, различни ромски и про-ромски организации, кои се едни од најрепрезентативните во цела Шпанија, подготвија документ за позиција, во пресрет на сериозната криза во која со кој се соочуваше оваа улична продажба во Шпанија . Напорот на овие организации со овој документ беше да воспостават линија за дијалог со автономните влади, како и со државната власт, за решавање на итни мерки и по структурни мерки кои имаат среднорочен и долгорочен временски рок.

 

Потоа, на 6 мај се одржа онлајн состанок помеѓу парламентарната група во Конгрес на граѓани заменици и платформата Кетане, бидејќи по објавувањето на изјавата за предлози за спасување на уличниот продавач наведен погоре, тој го покажа својот интерес за средба со нашата платформа за репрезентативна улога на целото циганско асоцијативно движење што го креиравме. На оваа средба се разговараше за различни аспекти поврзани со сериозната криза што ја претрпија уличните продавачи во нашата земја и служеше за размена на мислења за состојбата на Ромите  во оваа криза на КОВИД-19.

 

Платформата Кетане ја претставуваше делегација составена од: Антонио Васкез Саведра (ФАГЕКС), Хозе Кармона Кармона (Е Рома Ва Социо-културна федерација), како и нејзиниот директор Инаки Вазкез Аренсон. Граѓанската делегација ја сочинуваа нашата братучетка Сара Гименез и Марија Муњоз, и двајцата пратеници во Конгрес и Рамон Матео, техничката подршка од истата парламентарна група.

 

Link: http://plataformakhetane.org/index.php/2020/05/14/primeros-frutos-de-las-propuestas-de-las-organizaciones-gitanas-para-salvar-la-venta-ambulante/?fbclid=IwAR3dwj9hA1GNNJh17bxRNDTV_HoKIOAcTB1bFBi5Mh68-1vaM8kqRVhRcEA

Граѓанските организации ја повикуваат Владата на РСМ да ја промени одлуката за драстично намалување на финансиската поддршка за граѓанското општество

Граѓанското општество и Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор ја повикуваат Владата на Република Северна Македонија да ја преиспита и промени својата одлука за драстично намалување на финансиската поддршка за граѓанските организации, објавена во Службен весник на РСМ на 9 април 2020 година.

 

Оваа одлука со која финансиската поддршка, зависно од институцијата, или целосно се укинува или сериозно се намалува, е донесена на нетранспарентен начин, без консултација со граѓанските организации, засегнатите страни и пошироката јавност, што говори за непринципиелниот однос на Владата кон граѓанското општество во ова кризно време. Со одлуката со која се намалуваат приближно 525.000 евра неопходна поддршка, државата де-факто го иззема граѓанското општество како релевантен партнер во справувањето со кризата предизвикана од епидемијата на COVID-19.

 

Препознавајќи ја итноста на ситуацијата, граѓанските организации уште од самиот почеток на епидемијата многу брзо и ефикасно се мобилизираа, ги ставија на располагање сите свои ресурси и преку низа активности обезбедија директна и хуманитарна помош за најпогодените граѓани. Оваа брза реакција за преземање активности кои се од огромно значење за граѓаните, но и за директно справувањето со кризата, за жал Владата на РСМ не ја препознава како партнерство во борбата со COVID-19. Дотолку повеќе, одлуката за намалување на финансиската поддршка на Владата на РСМ сериозно ја отежнува одржливоста и тековната работа на организациите, особено во однос на нивната помош и поддршка на заедниците во време на криза.

 

Граѓанските организации се клучен сегмент во едно демократско општество, тие имаат вештини, знаење, услуги и пристап до приоритетните целни групи, коишто најчесто се многу посоодветни од оние на државните институции.

.

 

Официјалната реакција е доставена до Владата на РСМ, a целосниот текст можете да го најдете на следниот линк: https://bit.ly/34Pqbk7

FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 270 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот