НВО Сектор

„Отворено општество“ издвојува 100 милиони евра за нова фондација предводена од Роми

Фондацијата Отворено општество денеска објави дека одвојува 100 милиони евра (109 милиони американски долари) за зајакнување и развој на ромските заедници во Европа – што означува нова фаза во тридецениската поддршка на оваа организација за Ромите.

Обврската за финансирање, која ќе трае до 2030 година, ќе биде испорачана преку нова независна фондација, со седиште во Брисел, која ќе биде прва институција со ваков  обем и опсег што ќе биде управувана од ромските лидери од нејзиното отворање следната година.

Покрај тоа што ќе стане нов канал на Отворено општество за поддршка за ромските каузи, новата фондација, исто така, ќе се обиде да развие дополнителни извори на финансирање за да ја унапреди својата мисија.

Објавувајќи го влогот од 100 милиони евра, Александар Сорос, претседател на Фондацијата Отворено општество, рече:

„Со новата генерација на исклучителни ромски лидери кои ги одредуваат стратегијата и приоритетите за финансирање, убеден сум дека новата фондација ќе биде динамична сила – посветена на реализација на целосниот потенцијал на Ромите и надминување на длабоко вкоренетите бариери со кои се соочуваат. Ќе направиме се што можеме за да ја поддржиме фондацијата и нејзиното раководство во мисијата од која ќе имаат корист не само Ромите, туку и цела Европа“.

Фондацијата Отворено општество е водечки приватен поддржувач на Ромите во Европа – најголемото етничко малцинство на континентот – од раните 1990-ти, кога нивната кауза првпат беше прифатена од основачот на Отворено општество, Џорџ Сорос.

Новата ромска фондација за Европа ќе работи со ромски групи во Западен Балкан, Источна Европа, Шпанија, Италија и Германија. Ќе биде предводена  од Жељко Јовановиќ, кој ја раководи Канцеларијата за Ромски иницијативи на Отворено општество од 2010 година.

Фондацијата ќе ги наследи и развива основачките партнерства на Отворено општество со четири водечки иницијативи предводени од Ромите: Европскиот ромски институт за уметност и култура; Иницијативата за развој на ромското претприемништво, Ромите за демократија; и Ромскиот образовен фонд. Исто така, ќе ја продолжи работата на Отвореното општество со низа национални ромски движења, вклучувајќи ги Аресел во Романија, Опре Рома во Србија, Кетане во Италија, Постојаната конференција на Ромите во Бугарија и Аваја во Северна Македонија, меѓу другите.

Јовановиќ, кој ќе биде извршен директор на новата фондација, рече:

„Ќе работиме со сите оние кои можат да ја унапредат нашата мисија – да го комбинираме изборниот и економскиот потенцијал на најголемото малцинство во Европа со гласот на неговите најкредибилни застапници, сојузници кои нè поддржуваат и влијателни пријатели. Нашата цел ќе биде да изградиме фондација која не само што ќе донесе позитивни промени за Ромите, туку ќе придонесе и за европска иднина заснована на правда и правичност“.

Досегашната поддршка на Отворено општество за Ромите вклучува:

  • Европскиот ромски институт за уметност и култура, основан во 2017 година, кој беше првиот институт од ваков вид посветен на промовирање на гордоста на Ромите и отстранување на анти-ромските предрасуди преку уметноста.
  • Иницијативата за развој на ромското претприемништво, која од 2016 година се обидува економски да ги зајакне ромските заедници преку поддршка на малите бизниси во сопственост на Роми.
  • Роми за демократија, програма насочена кон промовирање на учеството на Ромите на избори и демократско претставување.
  • Ромски образовен фонд, основан во 2005 година за обезбедувње стипендии и грантови за промовирање на висококвалитетно, инклузивно образование за студенти Роми во Централна, Источна и Јужна Европа и Турција.

Со годишен буџет од над 1 милијарда американски долари (917 милиони евра), Фондацијата Отворено општество е најголемиот приватен финансиер во светот на групи кои работат на унапредување на правдата, слободното изразување и правичноста. Новиот пристап за поддршка на ромските прашања доаѓа во склопп на пошироката рекалибрација на начинот на кој функционира Отворено општество низ светот.

Link: https://www.opensocietyfoundations.org/newsroom/open-society-commits-100-million-to-new-roma-led-foundation

ЕРРЦ: Ново истражување кое покажува дека децата Роми веројатно се меѓу илјадниците киднапирани Русија од Украина

Европскиот центар за правата на Ромите (ЕРРЦ) издаде соопштение за печатот на 6 март 2023 година во кое објави голема веројатност дека децата Роми кои претходно биле под државна грижа во Украина се меѓу илјадниците киднапирани од Русите, политика која е наречена сурова, нехумана, и геноциден. Според новообјавениот извештај на Хуманитарната истражувачка лабораторија на Факултетот за јавно здравје Јеил (HRL), од 24 февруари 2022 година, кога Русија ја започна својата полноправна инвазија на Украина, повеќе од 6.000 деца и млади на возраст меѓу четири месеци и 17 години се насилно преместени и задржани во логори и други објекти.

 

Link: https://romea.cz/en/world/errc-new-research-to-show-romani-children-likely-among-the-thousands-russia-has-abducted-from-ukraine

Објавен повикот за пријави за реновирање домаќинства на ромското население во населба Баир

Во рамките на проектот „Баир – здружена акција на Битола за вклучување Роми“ се објавува повикот за пријави за реновирање домаќинства на ромското население во населбата Баир. Целта на овој повик е да им се реновираат домаќинствата на 27 ромски семејства, чии објекти имаат имотен лист.

Предвидува три типа интервенции од поставување ПВЦ-дограма, обнова на фасада и реконструкција на покривот. Граѓаните ќе имаат можност од денес, 21 септември, па секој работен ден, заклучно со 7 октомври до 14 часот, да се пријават. Доколку се јави недоволен број, повикот ќе биде продолжен“, рече Климентина Ѓорѓиоска, проектен менаџер.

Проектот „Баир – здружена акција на Битола за вклучување Роми“ е финансиран од Европската Унија преку инструментот за претпристапна помош ИПА 2, ЕУ за Ромите и луѓето што живеат во длабока сиромаштија. Имплементатори на проектот се италијанската невладина организација COSV, „ПРЕДА плус фондација“ и Општина Битола.

Реакција: Мрежата за застапување за системски и трајни решенија најостро го осудува непружањето на соодветна медицинска грижа на Роми во општата болница во Кочани

Мрежата за застапување за системски и трајни решенија за интеграција на Ромската заедница во Република Северна Македонија во која се вклучени 15 Ромски НВО, асоцијации и здруженија, во своето соопштение кое ќе го испрати до релевантните институции и воедно во јавноста се вели дека: „Најостро го осудува непружањето на соодветна медицинска грижа во два случаи на Роми од страна на вработениот медицински персонал во Општата болница во Кочани. Затоа и Мрежата за застапување за системски и трајни решенија ги повикува надлежните институции да реагираат по допрен глас и да ги испитаат двата случаи и соодвeтно да постапат и да ги превземат сите мерки на санкционирање против инволвиранитре лица„ се вели во соопштението од страна на Мрежата за застапување за системски и трајни решенија за интеграција на Ромската заедница во Република Северна Македонија

FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 648 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот