Политика

Бразил: Ромите на мета на политиките на претседателот Болсонаро

Полицајците во Бразил ги тероризираат, фаќаат и убиваат Ромите со недели, но ивие шокантни информации сеуште ги нема како тема на медиумите. „Која е бразилската ромска заедница и што навистина се случува?„, гласи неодамнешната објава на Твитер на новинарот и основач на Романи Херстори, Емили Херберт-Понтониер. Многу ромски семејства во моментов се плашат да излезат на отворено, да одат во самопослуга. Покрај тоа, на преживеаните роднини на жртвите им било забрането да се грижат за своите мртви и да ги погребуваат според традицијата. Во манифестот испратен до властите во Бразил, вклучително и претседателот Жаир Болсонар, ИРУ и Ромската Унија во Шпанија (УРС) повикаа да се гарантира безбедноста на бразилските Роми, бидејќи Ромите би можеле да бидат цел на понатамошни расистички напади ИРУ и УРС, исто така, повикуваат на итна интервенција на Обединетите нации и казнување на одговорните.

Инаку бразилските власти, кои во последните недели го споменуваа полициското убиство на Роми и ја охрабруваа политиката за линч, јасно покажуваат дека не подготвуваат ништо различно за иднината од она што го одбележа минатото.

 

Link: https://phralipen.hr/2021/08/09/romi-na-bolsonarovoj-meti/

Авганистан: Сите држави се грижат за своите граѓни, но кој се грижи за авганистанските Роми?

Ромите во Авганистан не треба да бидат жртви на новата влада. Затоа е потребно ОН и Владата на САД да обезбедат хуманитарна заштита на Ромите во Авганистан, затоа што сите држави ги евакуираат своите граѓани, а Ромите ја немаат државата и ги немаат потребните ресурси за спроведување на евакуација на својот народ.

Ромите во Авганистан страдаат во овие тешки времиња и стравуваат од последиците за нив. Многу често имаат име на лица без државјанство и не се признати со Уставот на Авганистан. Затоа, е потребно ОН и Владата на САД да го разгледаат статусот на Ромите засегнати од новите политички настани во Авганистан, и овој пат да ги заштитат, и да им помогнат да се евакуираат ако е потребно. Ромите, како нација без своја држава, треба да бидат заштитени од ООН, затоа што никогаш немаат интерес да ја заштитат територијата, ниту земјата / државата им припаѓа. Обично нивниот имот се губи во различни војни, но апсурдот е во тоа што Ромите се без матична држава никој не го штити нивниот имот.

Затоа, потребно е да се повикаме на хуманитарна интервенција и заштита на Ромите во Авганистан.

Кого СДСМ ќе назначи за кандидат за градоначалник во Ш.Оризари, Курто Дудуш, Фата Османовска или Асан Ферат?

Со ФБ објавиод страна на ФБ страната на ОО СДСМ Ш.Оризари Асан Ферат, така и Фата Османовска и Курто Дудуш објавија дека ја прифатија кандидатурата за Градоначалник на Ш.Оризари на следните локални избори.

На ФБ страната на ОО СДСМ Ш.Оризари напишано е дека ве известуваме дека  од 10те месни одбори предложени се 3 кандидати за градоначалник и тоа на следниот начин:

- од 8 месни одбори предложен е еден кандидат градоначалник.

- од 2 месни одбори предложени се по 3 кандидати за градоначалник.

Кандидати за советници во општината на Шуто Оризари утврдени се 51 кандидатури. Кандидати за советници во советот на град Скопје утврдени се 4 кандидатури. Утврдените кандидатури ќе бидат доставени до Извршниот Одбор на ОО на разгледување и проследени до ЦО на СДСМ.

Кој ќе биде едниственниот кандидат од СДСМ ќе се дознае во брзо време. Но дали и тие кандидати кои нема да влезат во трка за функцијата Градоначалник, дали ќе играат фер плеј и ќе го подржат отворено единствениот кандидат? Времето ќе покаже.

Состанок со општинските ограноци на СРМ во пресрет на 6-от Конгрес закажан за 12 јуни во хотелот Александар Палас

Како дел од предконгресните активности Сојузот на Рмите од Македонја -СРМ општинските огранци од државата во сабота на 5 јуни во хотелот Александар Палас оджа координативн состанок сопретседателите на сите 25 огранци од државата како и 10-те општински ограноци од Скопје. На овој состанок се дефинираа точките кои ќе бидат опсфатени на 6-от Конгрес на СРМ кој е закажан за 12 Јуни на истата локација. Овој Конгрес ќе биде сам верификација на претходниот одржан он лајн Конгрес каде за претседател е избран Габриел Бајрам. Пред присутните свои говори имаа највисокото раковдство на партијата Аднана Мемед, Елвис Бајрам, и Габриел Бајрам. Инаку на престојниот Конгрес ќе се избере и раководството на партијата. Инаку 6-от Конгрес на СРМ ќе се води од паролата „Визионерство за Ромите„

FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 51 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот