Социјала

Коронавирус во светот зарази повеќе од 160.000 луѓе – тој не ги заобиколи и врвните спортисти

Од новиот коронавирус до сега ширум светот починаа повеќе од 6.400 луѓе, додека повеќе од 160.000 се заразени. 

 

Вирусот е присутен на сите континенти освен на Антартика, а многу земји како заштитна мерка ги затворија границите.

Во САД има заболено 3482 лица, додека 65 починале, пренесува СНН.

 

Во Европа најлошо е во Италија каде минатата недела починаа 368 лица, што е најголем број на смртни случаи до сега, а вкупно настрадале 1809 лица, пренесува „Ројтерс“ и наведува дека има 24.747 заболени од коронавирусот.

 

Веднаш зад Италија е и Шпанија и Франција, каде заразени се 7.753 лица, односно 5.423.

Во Шпанија од Ковид- 19 починале288 лица, а во Франција 127.

 

Во копнениот дел во неделата се поттврдени 16 нови случаеви, додека ден претходно имало 20 нови случаеви.

 

Вкупниот број на заразени во Кина е 80.860, а излечени се 67.749 пациенти, наведува ББЦ.

 

Во Јужна Кореја пак се потврдени 74 нови случаеви со што вкупниот број е 8.238.

Јапонското министерство за здравје соошти дека ширум светот има околу 15 жаришта на зараза.

 

Најголемо жариште е во Осака, каде има заразено повеќе од 50.000 луѓе. Додека пак во Гватемала е забележан првиот смртен случај.

 

Пандемијата на коронавирусот доведе до најголемото запирање на глобалниот спорт по Втората светска војна, при што постои реална можност да се одложат и двете најголеми натпреварувања оваа година: Европско фудбалско првенство и Олимписки игри во Токио.

 

Коронавирусот не ги заобиколи ниту врвните спортисти, па неколкумина веќе објавија дека имале позитивен тест, а цели клубови доброволно се ставија во карантин.

 

НБА-лигата беше суспендирана откако беше потврдено дека е заразен играчот на Јута џез Руди Гобер, а после него позитивен тест имаа и неговиот соиграч Донован Мичел и Кристијан Вуд, кошаркар на Детроит пистонс.

 

Цел Јувентус се стави во карантин откако бекот Даниеле Ругани имаше позитивен тест, а познати случаи во англиската Премиерлига се тренерот на Арсенал Микел Артета и играчот на Челзи, Калум Хадсон-Одои.

 

Сампдорија потврди дека петмина негови фудбалери имаат коронавирус, а во тимот на Фиорентина има три случаи.

 

Бекот на Валенсија Есекиел Гарај вчера стана прв заразен фудбалер во шпанското првенство.

 

Данскиот репрезентативец и олимписки шампион Мадс Менсах Ларсен е првото големо име во ракометот заразено со КОВИД-19.

Едно ново секојдневие: Коронавирусот промени сѐ, сега живееме во потполно нов свет

Светот денес многу се разликува од тогашниот: во сѐ повеќе земји има карантин, хаотични гранични контроли, пренатрупани болници, затворени училишта, градинки и факултети, пусти улици, лекари и медицински лица во заштитни одела, полупразни полици и редови во маркетите, а затворањето дома е дел од новото секојдневие.

 

Карантин, самоизолација, општествено дистанцирање и намалување на контакти, стапка на смртност, загрозена популација, тестирање, паника и кризни резерви, пак, се дел од новиот вокабулар. Сите ја следиме дневната евиденција на бројот на заразени во нашата земја, но и во целиот свет.

 

– Ролетните се спуштаат над цела Европа…Можеби влегуваме во мрачен, недоброволен социјален експеримент кој ги открива секојдневните навики и практики кои ќе ни недостасуваат ако се искоренат и кои би можеле да исчезнат изненадувачки лесно – ја опишува вонредната ситуација колумнистката на „Гардијан“, Габи Хинслиф.

 

А сигурно ќе нѐ освести и фактот дека денес светот навистина е потесно поврзан во однос на било кога, дека не можеме да се изолираме и да сакаме и дека предизвиците со кои се соочуваме се заеднички, бидејќи вирусот не познава граници и културни бариери. Ќе ја поттикнеме и, се надеваме, солирадноста на своите сограѓани како и одговорноста, пред сѐ кон себе и своето семејство, а потоа и според целото општество во целина. И тоа несомнено ќе биде позитивната последица од оваа катастрофа.

Градоначалникот на Шуто Оризари предлага: Самоизолација на сите граѓани на Шуто Оризари кои се повратници од европските држави кои се во црвената зона со корона вирусот

На својот ФБ профил градоначалниикот на општината Шуто Оризари Курто Дудуш сподели статус во кој се вели: „ Последните неколку дена во Шуто Оризари пристигнаа поголем број наши сограѓани кои се на привремена работа во странство.

 

Според насоките и препораките од Комисијата за заштита од заразни болести сите тие наши сограѓани кои доаѓаат од државите кои се назначени во „црвената фаза„ задолжително е да напаравт тест за корона вирусот без разлика дали позитивни или негативни и да се стават самите во самоизолација.

 

Од тој аспект ќе предложам  на следната седница на Советот на општината која ќе се одржи на 19 .03.2020 – Четврток да се донесе и таква одлука.

 

Истовремено би сакал да предложам да се ограничи работното време на сите помали продавници , бутици и пазари се со цел да се намали ризикот на пренесување на вирусот меѓу граѓаните„ се вели во својата ФБ објава градоначалникот на Шуто Оризари Курто Дудуш.

ЕВН и ЈП „Водовод и канализација“ нема да искучува за неплатени сметки во овој период - Агенцијата за вработување нема да брише од евиденција невработен

ЕВН нема да  ја исклучува  струјата на граѓаните,   додека траат превентивните  мерки за  заштита од вирусот, уверуваат од компанијата. Од таму апелираат до  корисниците ако не им е итно да не доаѓаат во пунктовите на компанијата,  а оние кои се во можност да ги користат електронските услуги.

 

Исто така и ЈП Водовод и канализација – Скопје, согласно новонастаната ситуација со корона вирусот во нашата земја како и повикот на Регулаторната комисија за енергетика, известува дека во овој период, се додека се во важност препораките и забраните на Владата и Министерството за здравство, а се однесуваат на спречување на ширење на корона вирусот, нема да ги исклучува корисниците на услугите на претпријатието кои имаат неплатени долгови.

 

И од агенцијата за вработување ги информираат невработените  дека нема да бидат избришани од евиденција ако во овој период не се регистрираат  во системот.

Агенцијата за вработување ги информира невработените лица да го одложат редовното пријавување во центрите за вработување во термините што им биле утврдени на последното редовно пријавување сè до истекот на важење на донесените мерки – 24 март.

FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 144 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот

Joomla! Debug конзола

Сесија

Информација за профил

Искористеност на меморија

Барања до базата