Социјала

Ромката Сандра покажа дека се е можно кога си „обележана„

Тоа што дека е од ромска националност не и беше пречка да го заврши факултетот , се вработи и формира семејство и да преставива пример како да се стигне до целта.

Животот не им дава на сите иста шанса за стартна позиција но Сандра Јоковиќ од Краљево по професија воспитач . Што се однесува до нејзиното образование немала никаков бенефит и рамноправно се вклучила во образованието и беше прифатена исто како и останатите без дискриминација.

Таа истакнува дека дека кога се запишувала во средно отсекогаш сакала дас биде воспитувач „најубавата работа –работа со деца„

Завршила средно потоа дипломирала на факултетот за воспитувачи во Крушевац и воедно специјализирала.

- Потоа формирав семејство и немам намера да останам на ова. Ќе запишам мастер студии веќе наредната година, вели Сандра.

Link: https://www.telegraf.rs/vesti/srbija/3140526-romkinja-sandra-pokazala-da-je-sve-moguce-i-kad-si-obelezen-a-samo-su-roditelji-verovali-u-nju?fbclid=IwAR0sMerRfm3U6EQg9d6JHtzY3sNxr7VNbSDqmFCXNwhg_Dk-hST9SlzAjjE

Фото вест: Револвер во рацете на споменикот на Шабан Бајрамовиќ

На споменикот на Шабан Бајрамовиќ во амфитеатарот на нишкиот Кеј некој поставил расклопен револвер.

Дејан Марковиќ кој ја фотографираше „новата поставка„ на Кејот вели дека веројатно станува збор за шега, но можеби има и некоја скриена порака испратена против Ромите, затоа што тој споменик веќе и претходно беше на мета на вандали.

Револверот е свртен и делува како да Шабан нишани кон делот на тврдината.
За потсетување е дека иако е еден од најпознатите Нишлии , најтешко стекнуваше признанија во својот град, иако во светот веќе ги имаше и дека беше еден од најдискриминираните личности.

Дајана Ѓуриќ – Ромка оџачар која им носи среќа на луѓето.

Дајана Ѓуриќ има 29 години. Со оџачарство се занимава од својата девета година, а после студиите во Бања Лука се стекна со професијата – екологист. Пред неколку години се вработи како референт за ромски прашања во Владата на дистриктот Брчко.

 

Дајана вели дека во сето тоа што работи таа ужива. Оџачарството вели дека е нејзина прва љубов од која никогаш нема да се откаже, а истовремено си ги завршува и своите работни обврски како референт и воедно е ангажирана како активист во Здружението

„Роми на дело„

 

Минатат пролет нејзиниот татко Јадранко и оџачарите од БиХ организираа прв собир на оџачариво Брчко каде присуствуваа над 60 оџачари од Србија, Хрватска, Словенија, Романија, Италија, а потоа и Дијана присуствуваше на Фестивалот за оџачари во италијанскиот град Санта Марија Маџоре.

 

Таа планира идната година да се качи на нивната скупштинска зграда каде досега се има качено само една жена оџачар од Италија.

 

Таа вели дека нејзе ја мотивира позитивната енергија која ја носи во себе и прави да ја споделува со луѓето околу себе.

– Сметам дека сум таа што носи среќа и сакам да ја споделам со луѓето и да видам насмевки на нивните лица. Затоа сум и везден во движење да работам и креирам„ – вели Дајана.

 

Покрај оџачарството своето слободно време Дајана несебично го троши за разни активности во ромската заедница и со уште други четворица млади активисти настојува да ги мотивира Ромите да се образуваат и работат.

 

 

Link: https://www.blic.rs/vesti/republika-srpska/donosim-srecu-i-zelim-da-je-podelim-ko-je-mlada-dimnjacarka-koja-stoji-iza-brcanske/2sbyq6d

 

Загреб: Сомнителна смрт на затвореник Ром

Мирсад Шечиќ (27) годишен Ром беше затворен во загребскиот затвор „Реметница„ каде за време на католичкиот божик беше донесен во коматозна состојба во болницата „Ребро„ во Загреб каде после два дена почина.

 

Семејството на затвореникот Шечиќ велат дека тој бил претепан, но затвроската управа тоа го демантира и вели дека на затвореникот му се слошило и бил веднаш однесен во загребската боилница „Ребро„ каде по два дена починал.

 

Истражните органи наредија и обдукција на телото за да се видат кои се причините за смртта на Мирсад.

 

Инаку Мирсад бил осуден поради инцидентот во една болница, каде го искршил инвентарот и им се заканувал на двајца доктори со смрт, поради смртта на неговиот татко.

 

Link: https://www.24sata.hr/news/iz-remetinca-ga-prebacili-na-rebro-umro-nakon-dva-dana-668203?utm_medium=Status&utm_source=Facebook&utm_content=668203&utm_campaign=24sata+Facebook+status&fbclid=IwAR2uZJcG-ZLAH0J1Ycw7hsV4JbPV1Himbi6K5t6XkJd8eBg7fcTzsJqWdEk

 

FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 339 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот

Joomla! Debug конзола

Сесија

Информација за профил

Искористеност на меморија

Барања до базата