Социјала

98% од децата работници на раскрсници се Роми !

98% од децата Роми се на улица, покажува анализата на “Националниот Ромски Центар“. Иако малолетни, тие се на речиси секој агол барајќи милостина, чистејќи ветробрански стакла од автомобилите или продавајќи разни предмети. 

„Декларативно сите ги поддржуваат Ромите, но на дело тоа не може да го видиме. Дискриминацијата за жал е присутна и денеска и тоа на многу високо ниво“, велат познавачите на тие состојби

„Живот во лоши услови, без инфраструктура вода за пиење, електрична енергија.  Проблем со напуштање на државата но и за ограничувањата на слоботата на движење на овие граѓани. За училишта кои учењето со ромски деца е непожелно за родители чии деца не припаѓаат на оваа заедница“, изјави Иџет Мемети, народен правобранител.

Инаку, повеќето од децата Роми не се запишани во матичните книги, ниту во училиштата, а немаат ни здравствено осигурување.

Здравствената неправда кон Ромите низ болничките ходници

Правото на здравствена заштита на „помалиот“ етнички колектив во земјава разочарува, а уште поразочарувачки е што проблемите од оваа сфера редовно се пикнуваат под тепих. Недоволно се зборува за сопките на патот кон здравственото осигурување на Ромите, вакцинирањето на Ромчињата, како и за правата при унапредување на репродуктивното здравје кај Ромките. Низ болничките ходници паралелно ровари и прикриената дискриминација кон Ромите.

Здравството, како една од најслабите алки во македонскиот систем, секојдневно го ослабува здравјето на луѓето. Не е мал бројот на поединците што заедно со своите семејства на сопствена кожа ги почувствувале пропустите при остварувањето на ова најважно и клучно право бидејќи од здравјето почнува сè. Во таа насока не се исклучок ниту припадниците на ромската заедница.

Правото на здравствена заштита на „помалиот“ етнички колектив во земјава разочарува, сметаaт повиканите на темава, а уште поразочарувачки е што проблемите од оваа сфера редовно се пикнуваат под тепих. Недоволно се зборува за сопките на патот кон здравственото осигурување на Ромите, вакцинирањето на Ромчињата, како и за правата при унапредување на репродуктивното здравје кај Ромките. Низ болничките ходници паралелно ровари и скриената дискриминација кон Ромите.

Сè на сè, Ромите во земјава се жртви на прикриена дискриминација при зачувувањето на сопственото здравје, која резултира со недоверба на пациентите – Роми кон медицинскиот персонал. Од една страна се соочуваат со нееднаков третман, а кога ќе тргнат по правда, од оваа причина се соочуваат со уште една болка – бавната и болна неправда. Поинаквата боја на кожата сè уште е синоним за наметнатите стереотипи во општеството и често пати значи погазување на Хипократовата заклетва. Единствено со заеднички напор и што поскоро сите заеднички можеме да посветиме на задоволување на здравствената неправда кај Ромите, која некогаш повеќе боли од самата болест!


Link: https://www.mkd.mk/makedonija/pravata-na-pomaliot/romskata-zdravstvena-nepravda-kosi-niz-bolnichkite-hodnici

 

Ромите Коритари од Подравина

Поголема група на Роми Коритари од Подравина започнаа да се доселуваат од Романија после 1855 година, кога таму беше укинато ропството , иако во Подравина беа присутни од почетокот на 19 век. Најпрво ги населиа реоните помеѓу Подравина и Меѓумурие а потоа и останатите краишта на Хрватска.

Во Подравина пристигнаа од Унгарија, кое како потврда за тоа се и нивните унгарски презимиња (Балог, Богдан, Каланјош, Игнац, Чонка, Њергош, Компак…). Интересно е дека презимето Оршош го носеа само жените. Со своите имиња и презимиња не им даваа некоја посебна важност , и ги менуваа како им одговараше.

Децата беа јрстени во црква, а умрените ги погребуваа на локалните гробишта во присуство на свештеници, најчесто покрај гробишните огради. Инаку не се венчаа. Основен занает им беше изработка на дрвени предмети како што се корита, прибор за јадење, гребалки, прибор за готвење, саксии, чини и слично.
Инаку овие краишта ги одбраа како место за живеење поради шумите и поради меките дрва (врба, топола) од кои ги изработуваа сите споменати дрвени предмети.

Живееа во рачно изработени живеалишта -колиби од гранки и кал вкопани во земјата и под шатор. Своите примитивни живеалишта ги подигаа во тие шумски реони во непосредна близина на некое село, воденица или речни скелиња.

На тој начин им беа на дофат на локалното селско население со продажба натие предмети кои тие ги изработуваа, и исто доаѓаа и по куќите каде ако луѓето се снабдат со дрво тие предмети им ги изработуваа во нивните дворишта. Коритарите се номадкса ромска група, и тие места за живеење повеќе им служеа како привремено престојувалиште.

Жените Ромки исклучиво се занимаваа со гатање каде дететео ќе го замотаа и преку грб ги носеа така што одеа од куќа до куќа, а постарите деца трчкараа околу. Новороденчињата ги носеа во мали корита поврзано со врвски од текстил. Инаку Коритарите го користеа јазикот „ljimba d bjaš“, бајашки дијалект од старороманскиот јазик но и унгарски.

Познати се по тоа што јаде месо на умрено животно, а ежот им беше како десерт во нивното мени. Исто обожаваа ракија и тутун. Облекуваа износени алишта во шарени бои, а машките носеа плетеници исто како и жените.

Хрватските Роми заробени на маргините

За состојбата на Ромите во Хрватска доста зборува и фактот дека официјалниот попис не може да потврди колкав е всушност бројот на Ромите. Спротивно од предрасудите за нив како оние кои го „користат системот„ некој од Ромите го кријат и своето потекло која ја разбираат како стратегија за да се опстане, пишува регионалниот портал „Билтен„

Ревизионизмот и негирање на геноцидот врз Ромите во Втората светска војна, стана како дел од „медиумската култура„ предупреди на преставување на прирачникот за судбината на Ромите во т.н. НДХ, историчарот и авторот Данијел Војак.

Во Хрватска ромската популација е релативно мала и според пописот на гражаните во Хрватска од 2011 година ги има околу 17.000. Но истражувањата од Канцеларијата за човекови права и правата на националностите од 2011 покажа дека најмалку 24.524 лица се од ромската популација.

Дека дискриминацијата и предрасудите кон Ромите во Хрватска се секојдневие ја покажува и информацијата од Канцеларијата од правобранителот и дадените преставки. Всушност 28% од Ромите навеле дека барем еднаш во текот на годината се соочиле со дискриминација, а 17% од нив навеле дека во текот на животит доживеале и физички напад само затоа што се Роми.

Кога станува збор за вработувањето , дури 44% од Ромите се невработени, и уште 22% се со статус домаќинки , односно се грижат за домаќинство со полно работно време.

Станбените услови кај ромските домаќинства дури 43% од нив немаат вода преку водоводот, половината немаат бања со туш, 73% немаат канализација а секое дестео домаќинство нема електрична енегрија.

Просечен месечен приход во ромското домаќинство , без разлика на изворот на приходи изнесува околу 550 евра,што е доста под просекот за доволни средства за остварување на основните животни потреби.

FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 105 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот

Joomla! Debug конзола

Сесија

Информација за профил

Искористеност на меморија

Барања до базата