Социјала

Изводите со графа за етничка припадност ќе почекаат. Уставниот суд ја одложи примената на новото Упатство

По речиси двочасовна расправа Уставниот суд со пет гласа „за“ и два „против“ донесе времена мерка да се одложи примената на Упатството на Министерството за правда со кое се предвидува вметнување графа за етничка припадност во изводите од матичните книги, а постапката за  оценување на уставноста на Упатството да продолжи.

Министерот Кренер Лога по ваквата одлука изјави дека Уставниот суд „ја отворил Пандорината кутија“, зашто во многу наврати не бил почитуван уставниот рок за објавување на подзаконски акти во Службен весник.

Против ваквата одлука на Уставниот суд гласаа и судиите Насер Ајдари и Фатмир Скендер.

Според Министерот Кренер Лога со графа националност не се коси со законите, туку е во согласност со Законот за матична евиденција, соопшти Министерството за правда, споделувајќи фотографии од новите изводи.

 

Од 1 Декември евтина струја и во периодот од 13 до 15 часот.

Од 1 декември од 13 до 15 часот се враќа евтината тарифа на струјата, соопшти денеска првиот човек на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски.

– Не ја воведуваме оваа тарифа од политички причини, туку поради сигналот на цената на струјата на сите берзи – појасни Бислимоски

Во однос на цената на струјата која граѓаните ќе ја плаќаат од 1 јули до 31 декември годинава, Бислимоски рече дека во двата пониски блока се намалува цената, а во двата повисоки блока се зголемува

– Вкупната цена во првиот блок се намалува за 7,04 отсто, во вториот блок се намалува за 4,09 отсто, додека во третиот блок цената се зголемува за 2,54 отсто, а во четвртиот блок се зголемува за 2,42 отсто. Цената во евтината тарифа останува иста. Домаќинствата со просечна потрошувачка ќе плаќаат пониска цена за енергија и мрежарина за 4,26%, а од декември со стартот на дневната евтина тарифа ќе следи линеарно намалување за 5% на сметките – информира Бислимоски

Инаку од 1 јули ДДВ-то наместо 10 ќе се пресметува 18%

Државата на напуштените деца ќе има стави роденден на 1 јануари, а автоматски ќе добијат и матичен број

Сите деца родени на територијата на Македонија кои се напуштени, или пак нивните биолошки родители не знаат точно кој ден и месец ги родиле, ќе добијат роденден на 1 јануари. Така овие деца, претежно Роми на улица, ќе добијат за првпат и матичен број, објавија дел од медиумите.

Новиот Закон за матична евиденција, донесен во брза постапка во Собранието минатата недела, натаму вели дека ако и годината на раѓање на тие деца не се знае, тогаш сведоци на породувањето под полна материјална и кривична одговорност, ќе кажат пред МВР и пред Министерството за правда за годината, а по можност и за точниот датум на раѓање.

Ако за таквите деца нема ни сведоштво, тогаш медицинско лице ќе ја утврдува возраста, предвидува дополнувањето на Законот. Опфатени се сите опции само овие деца за првпат да добијат матични броеви.

Најголемата новина е додадениот член 4-а, и гласи:

„Секое дете родено на територијата на Република Северна Македонија има право на упис во матична книга на родени веднаш, а најдоцна 45 дена од денот на раѓањето на детето, независно од државјанството и личниот статус на неговите родители“.

На лицата кои што се пријавиле на јавниот повик и се запишани во Евиденција на неевидентирани лица, кои се околу 700 на број, сите Роми, по дополнителните проверки, уписот ќе им се изврши најдоцна до 31 декември 2023 година.

Link: https://lider.mk/drzavata-na-napushtenite-deca-kje-ima-stavi-rodenden-na-1-januari-a-avtomatski-kje-dobijat-i-matichen-broj/

Иницијатива од страна на пратеничката Љатифа Шиковска за измени и надоплнувања на законот за евиденција на лица без документи

Денес во Собранието на Р.С.Македонија пред пратениците е законот за измена и надополнување на Законот за неевидентираните лица без документи со кое че се донесе решение за повечедеценискиот проблем со лични документи за повеќето граѓани од кои голем број и Роми .

Повеќе можете да погледнете на видеото од излагањето на пратениците Соња Марковска и Љатифа Шиковска  кој е и иницијатор на оваа измена и дополнување на овој закон

Link: https://www.facebook.com/watch/?v=6530589917004330

FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 106 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот

Joomla! Debug конзола

Сесија

Информација за профил

Искористеност на меморија

Барања до базата