Социјала

Огранок на Локална Комунистичка Партија во Република Чешка објавува анти-циганистичка дефамација на официјалниот вебсајт, партијата се извинува

Се до 2 Јуни, официјалната веб страна на Окружниот Комитет на Комунистичката Партија на Бохемија и Моравија (КСЧМ) во Фридек-Мистек, Република Чешка, која што е поврзана со главната веб страна на Националната Партија, стоеше расистичка содржина наречена “Владата Одобри Интеграционен План за Цигани“(Vláda schválila plán integrace Cikánů) тоа дојде до внимание на порталот за вести Romea.cz од страна на еден од нашите читатели. Делото кое што беше објавено на 24 мај без наведување автор или повикување на какви било извори на информации, известуваше за одобрување на Стратегијата за Ромите 2021-2030 и го коментираше на отворено расистички начин.

Анонимниот напис ги имаше следниве дефаматорни обвинувања – “Цигани – неработниците и паразитите на Чешката нација“, “Тие кои чесно работат сиот свој живот и плаќаат даноци, мора да оддадат место во Канцеларијата за невработени на циган или циганка кои што не работеле ниту еден ден во нивните животи?“ или пак “Циганчиња (не сите) понекогаш се ставени во “посебни“ класови поради нивното лошо воспитување, нивната агресија, нивниот помал интелект,  да бидат помалку способни да разберат материјал и да научат. Тоа не е вина на мнозинското општество, туку историска ‘природа’ на циганчињата, поголем дел од вината е во апсолутно недоволната грижа и воспитување од страна на нивните цигани родители за време на нивната предшколска возраст.“

 

Линк: http://www.romea.cz/en/news/czech/local-communist-party-cell-in-czech-republic-posts-antigypsyist-defamation-to-official-website-party-apologizes

Објавени Протоколите за свадби - Танцување на дистанца и мерење на температура

Пред гостите да влезат во локалот каде треба да се оддржува свадбената прослава задолжително ќе треба да ги дезинфицираат рацете и на секој гостин треба да му се измери температура. Гостите не смее да се ракуваат и гушкаат со младоженците, и помеѓу нив со останатите присутни на забавата. Од владата денеска потврдија дека жива музика ќе има само на свадбените прослави но под услов бендот да е поставен најмалку пет метри од масите на кои има гости.

Младоженците мора да достават список на гости кои може да бидат легитимирани од менаџментот на локалот каде се оддржува веселбата а свадбата мора да биде пријавена во Угостителската комора каде членува ресторанот. Оро и слични танци не смее да има, може да се игра на подиум ама на дистанца.

„Дозволено е играње на подиум, тоа го предвидува протоколот, со обезбеден простор од четири метри квадратни по лице со почитување на препорачената дистанца“, рекоа од Владата.

Важна информација од МВР: Од 11 до 15 Јуни во Скопје нема да се издаваат лични карти, пасоши и возачки дозволи

Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека поради надградба на системот за лични документи, од 11 јуни 2021 година (петок) започнувајќи од 16 часот, заклучно со 15 јуни 2021 година (вторник, во текот на целиот работен ден до 20 часот) нема да биде во функција системот за прием и издавање на лични документи (лична карта, пасош и возачка дозвола) во Скопје.

Од тие причини се известуваат граѓаните од подрачјето на град Скопје кои имаат закажано термин за аплицирање за личен документ (лична карта, пасош и возачка дозвола) на 11 јуни 2021 година по 16 часот, да дојдат во просториите на Министерството каде што имаат закажан термин за личен документ истиот ден (11 јуни 2021 година) до 16 часот. Граѓаните кои имаат закажан термин за 14 јуни 2021 година, правото за поднесување на барање за личен документ, ќе можат да го остварат на 5 јуни 2021 година (сабота) на исто место и во истиот час и минути како што имаат закажано. Граѓаните кои имаат закажан термин за 15 јуни 2021 година, правото за поднесување на барање за личен документ ќе можат да го остварат на 6 јуни 2021 година (недела) на исто место и во истиот час и минути како што имаат закажано. Воедно ги информираме граѓаните готовите лични документи да ги подигнат до 11 јуни 2021 година до 16 часот или од 16 јуни 2021 година.

 

Link: https://republika.mk/vesti/makedonija/vazna-informacija-od-mvr-vo-vrska-so-izdavanjeto-lichni-dokumenti/

Лицата без матичен број немаат покрив над главата, ниту телефон, а државата очекува да слушнат јавни повици за упис

Јавниот повик бил отворен од 1 април до 1 ноември 2018 година. Тие деца што се родиле по фамозниот јавен повик кој никој од граѓаните – фантоми не го чул, видел, немаат право да се запишат во посебната матична книга на родени.

Невладините организации успеале да најдат само 659 лица родени во Македонија без матичен број. Од 659-те евидентирани 184 лица поднеле Барање за упис во 2020 година. Од нив, само за 44 лица Управата донела решение за издавање извод од посебната матична книга. Од лицата кои го пополниле прашалникот и притоа се изјасниле за својата етничка припадност, најголем број, според податоците на Управата се Роми – 428, Албанци – 88, Турци -20, Бошњаци – 3, Срби – 2 и едно лице од влашката етничка заедница, кажа Заменик-народниот правобранител, Васка Бајрамовска-Мустафа. Таа побара Законот за неевидентирани лица во матична книга на родени , кој од неразбирливи причини е со ограничен рок на траење, и истекува можноста за еден месец, да продолжи да се применува уште барем една година.

FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 80 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот

Joomla! Debug конзола

Сесија

Информација за профил

Искористеност на меморија

Барања до базата