Музика

Александра Пријовиќ е горда што е Ромка, а дедо ѝ го бркал татко ѝ со пиштол: „Тој е светски лопов, затоа Борка го остави…“

Колку повеќе се нижат успесите на Александра Пријовиќ, толку повеќе регионалните медиуми се заинтересирани за нејзиното минато.

Сега, испливаа информации за нејзиниот живот од пред неколку години, кога своето време со радост го поминувала со нејзиниот дедо, Боро, во чија куќа (со мајка си) во Хрватска живееле. Дедото на Александра починал пред четири години, а своевремено Боро ја раскажал својата приказна на српски „Свет“ и тоа дека „се обидел да го убие таткото на Александра, Недељко“, зашто Недељко, наводно, сакал да го ограби. „Јас неа ја подигнав. Татко ѝ ништо никогаш не ѝ купи. Нејзината мајка Борка се разведе од него зашто е светски лопов. Краде и ограбува се. Еднаш пукав на него зашто ми крадеше пари од дома. Со пиштол го избркав од дома, на капијата. И сега ги остави без ништо. По татко сум Ром, а по мајка Србин….“, раскажувал дедо Боро неколку години пред смртта, а Александра тогаш објаснувала дека нејзиниот дедо не знае што зборува зашто е дементен.

„Дедо ми зборува неповрзани работи, денес кажува нешто, а утре не знае што кажал. Човекот има над 70 години. Иако му ја отсекоа ногата, тој и понатаму пие, имаше мозочен удар. Дедо е Ром, баба ми не е. Филип и Брена тоа го знаат и не им пречи. Горда сум на своето потекло. Татко ми го повреди тоа што кажа дека ме оставил кога сум била бебе. А вистина е дека се разведоа кога имав три години. Но јас редовно се гледам со татко ми. Единствено што е точно е дека не завршив средно училиште, ама планирам да завршам вонредно“ – признала пејачката своевремено.

Кога дедо ѝ починал, Прија признала дека емотивно била многу поврзана со него

Почина музичарот Илми Мустафов, синот на легендарнит Ферус Мустафов

Уште една трагедија во музичкото семејство Мустафови. Ненадејно и по кратко боледување на 16 август 2023, почина познатиот саксафонист и кларинетист Илми Мустафов.

Илми беше и член на групата Огнени Момчиња. Во неговата скоро три децениска кариера, има снимено многу ора и чочеци, дел со својата група дел со неговиот пзнат татко сега легендарниоот Ферус Мустафоов.

Ова е тешка загуба и преку социјалните мрежи д него се простуваат мнгу музичари и негови колеги.

Инаку смртта на Илми Мустафов ги изненнади сите ,  ако се знае дека само пред неплни 3 месеци , на 22 мај овааа година почина и негвиот татко Ферус. М.

Според последните инфрмации погребот е планиран за 17 август.

80 години од раѓањето на кралицата на Ромската музика Есма Реџеповска – Теодосиевска

Есма Реџепова Теодосиевска е родена на 8 август 1943 година во Скопје, Р.Северна Македонија.

Таа е светски позната пеачка со ромско потекл, која се стекна со титулата „Кралица на ромската музика„.

Во 2013 г. ја доби престижната титула Национален уметник на Република Македонија

Есма беше петто од шесте деца на Ќанија и Ибраим Реџепови

. Таа својата музичка кариера ја започнала на своја 13 годишна возраст.

Есма е најмаркантното музичко име на македонската, балканската и светската музичка фолк-сцена, таа е жена која животот го посвети на хуманоста, човекољубието и добрината. Жената со божествениот глас, таа со песната, темпераментот и ромскиот музички ритам го освои светот. Есма стана лесно препознатлив македонски бренд во светот со својата оригиналност и музичка виртуозност.

Есма Реџепова Теодсиевска сними и објави повеќе од 580 песни, меѓу кои и две платина и осум златни дискови. Имаше повеќе од 22.000 концерти, од кои една третина се одржаа за добротворни цели. Со Ансамблот Теодосиевски сними 108 синглови, 32 компактни касети, 15 дискови, шест видеокасети и бројни телевизиски емисии.

Почина на 11 декември 2016 и погребана е во Алејата на великаните на гробиштата во Бутел, Скопје.

„Нишвил“ ја претстави својата програма во Скопје

Во рамките на Скопско лето, вечерва во Куршумли Ан во Скопје, во соработка со ПолиФониа, се одржува концерт на џез фестивалот „Нишвил“ од Србија. Ќе настапат „Моба трио“, Нишвил „Ромајам“ оркестар и ди-џеј Лоптица.

Според амбасадорката на Србија во земјава, Невена Јовановиќ, преку настапот на овој „Нишвил“ џез фестивалот во Скопје, уште еднаш се потврдува добрата билатерална соработка која постои меѓу двете земји.

Таа нагласи дека Србија целосно е посветена да глади пријателска соработка со  Македонија и се надева дека во иднина таа ќе се интензивира.

На програмата ќе биде композицијата на Шабан Бајрамовиќ, со оглед на тоа што покрај класичен, публиката ќе има можност да слушне и етно џез музика.

Пијанистот на групата „Моба трио“ Миша Павловиќ посочи дека ова го прават најмногу од љубовта кон класичен џез, свират композиции од минатата година, а во тек е и снимање на нивниот албум.

Вокалната солистка на Нишвил „Ромајам“ оркестарот, Злата Маринковиќ посочи оти ѝ е драго што е дел од овој проект и што има можност да ја доловат ромската но и етно џез музиката.

FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 431 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот

Joomla! Debug конзола

Сесија

Информација за профил

Искористеност на меморија

Барања до базата