Музика

Марија Шерифовиќ потрошила цело богаство за да стане сурогат мајка. Еве колку платила српската ѕвезда за раѓањето на синот

Во јавноста како бомба одекна веста дека една од најпознатите српски пејачки Марија Шерифовиќ стана мајка. Синот Марио го доби на 2 декември преку сурогат мајка во САД, а еве колку пари Марија морала да издвои за целиот процес.

Во една американска агенција за сурогат мајчинство наведуваат дека просечната цена се движи од 130.000 до 160.000 долари, пишува Блиц.

„Меѓународното сурогат мајчинство може да чини само 50.000 долари во Источна Европа или Јужна Америка, но пронаоѓање на сигурна агенција бара одредено истражување и насоки и во САД чини многу повеќе“ – појаснуваат од американската агенција.

Просечните трошоци вклучуваат: клинички такси, сурогат компензација, правни такси и агенциски такси. Идните родители, исто така, треба да издвојат дел од буџетот за компензација на донаторите на јајце клетки и лекови за плодност, како и патни трошоци (кои не се вклучени во овие проценки), додава агенцијата

Отворен повик за пријавуање за учество на деца за учество на Детскиот музички фестивал „Детски Сон 2024„ во организација на СП БТР

СП БТР како и секоја година така и во 2024 година во рамките на своите активности ќе го организира Детскиот музички фестивал „Детски Сон 2024„ на кои се исполнуваат ромски детски песни

Фестивалот ќе се одржи во периодот од месец Април 2024 во Скопје, Р.Северна Македонија.

На него може да се пријават деца на возраст од 7 до 14 години. Пријавувањето се врши во согласност со родител или старател или претходна препорака од наставинк или педагог.

Пријавувањето е најдоцна до 31 Јануари 2024 година, на е маил: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. со сите свои генералии  име и презиме, вораст, име на училиште  и контакт телефон

 

„Во спомен на Есма...„ Во МКЦ кино „Фросина„ пред преполната сала, вечер на емоции, песни и позитивни вибрации

„Есма беше наш амбасадор, но не акредитирана од државните институции и со одреден мандат, туку акредитирана од народот со срце и со безвременски мандат “, рече водителот Рамуш Муарем-Цирко сношти во киното Фросина во Скопје, на отварање на настанот „Во спомен на Есма за незаборав“.

Концертот кој го организираа хуманитарната организација „Кралицата Есма и Стево Теодосиевски“ и продукцијата „БТР“ беше по повод 80 години од раѓањето на кралицата на ромската и македонската народна песна, еден од нашите најголеми светски културни амбасадори.

Една од пејачките на концертот, Харија Бислим, има само 13 години, истите години на кои Есма почнала да пее, криејќи од родителите дека оди на натпреварот „Микрофонот е ваш“, на кој потоа и победила. Со чистиот вокал и богатата интерпретација, младата Харија потсетува на Есма, но за неа нема копија и замена, како што рече водителот на настанот. Настапи и дедо ѝ на најмладата пејачка, Рамадан Бислим-Рамко, познат пејач на ромската музика, а ја испеа песната која Есма со мерак ја пееше, „Свадба македонска“, и ја разнежи, но и разигра публиката.

„За нашата мајче нема замена, нема копија, таа е една и единствена. Заслужила и многу повеќе од ова“, кажаа повеќето од пејачите пред своите настапи.

Настапи и фолк-пејачката Сузана Гавазова, која рече дека Есма ѝ била идол, а Анета Љумаковска при крајот на концертот ја испеа една од најзначајните песни на Есма на македонски, „Чекај животе“. Во придружба на оркестарот „Титаник“, со дел од репертоарот на Есма настапија и популарнитеи Ервин Аметовски и Бернат Демирали.

Во шестминутен документарец се прикажа мал дел од богатиот живот на Есма. Во својата поема „Кралицата од Маџир Маало“, Реџепова убаво ја опиша новинарката Валентина Парго.

На крајот од концертот, организаторот Зоран Димов пред да ги повика сите пејачи заедно и ја испеаја „Чхајорие шукарије“, во својот поздравен говор рече: „Таа беше жена со големо срце. Ми овозможи да ја сместам телевизијата во просториите на нејзиниот дом. Секогаш ми велеше „ не се грижи, ќе биде добро, ќе успееш, јас сум тука да ти помогнам“. Многу хуманитарни настани организиравме заедно, за сиромашни, болни. Велеше дека богатиот треба да му дава на сиромавиот. Ја сметав за втора мајка– вели Димков. Заедно со сите учесници, за време на целиот концерт, учествуваа членови на ансамблот „Студио фолклор Скопје“, облечени во стилот на Есма.

Импресиите на сите присутни беа едногласни, дека беше многу убаво, и дека Есма заслужува вакви настани традиционално секоја година и во поголем простор.

Настанот го потпомогнаа Министерстовот за култура, како и Градот Скопје. Свој придонес во помагање имаше и ПАКОМАК, а целиот настан го снимаа Телевизија Телма. Фотографиите се дело на фоторепортерот Митко Јанев

На 22 Ноември во МКЦ Кино „ Фросина„ во Скопје, несекојдневен сценско музичкиот настан „Во спомен на Есма за незаборав„

СП БТР Продукција заедно со Хуманитарното здружение „Кралицата Есма и Стево Теодосиевски„ во Среда на 22 Ноември во МКЦ , кино „Фросина„ во Скопје со почеток од 19 часот ќе организираат  еден навистина уникатен сценско музичкиот настан „Во спомен на Есма за незаборав„.

Тој настан е на некој начин и годината на одбележување на 80  години од раѓањето на Кралицата на Ромската музика и воедно хуманитарец со големо срце – Кралицата Есма Реџепова Теодосиевска.

На настанот ќе бидат изведени 11 музички нумери од големиот музички опус на Есма Реџепова Теодосиевска во изведба на познати музички имиња од македонската и ромската музичка сцена. Дел од Песните на Есма ќе бидат исполнети од страна на Сузана Гавазова, Анета Љумаковска екс вокалот од групата „Молика„ Рамадан Бислим Рамко Хајрија Бислим, Бернат Демоирали и Ервин Аметовски. На самиот настан ќе биде прикажан краток  документарец на Есма во продукција на СП БТР и  ќе биде прочитана и поема посветена на Есма од страна на новинарката Валентина Парго. 

Овој настан го потпомогнаа и Министерството за култура како и градот Скопје.

На настанот се поканети одреден  број на пријатели и почитувачи на делото на Есма, како и преставници од државата и градот Скопје и дипломатскиот кор.

FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 608 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот

Joomla! Debug конзола

Сесија

Информација за профил

Искористеност на меморија

Барања до базата