Музика

Бајка за кралот на ромската музика

Книгата „ Питао сам малог пужа„ (книга посветена за Шабан Бајрамовиќ) од социологот и ромологот проф. Д-р. Драгољуба Б. Ѓорѓевиќ од Ниш беше преставена пред скоро 2 години.

Авторот се труди социолошки да го дефинириа феноменто на Шабан Бајрамовиќ на оргинален начин - творејќи речник на поими, потпрен од архаизми и локализми.
Одамна ние се согласивме дека нишкиот јунак е вашарлија, кафанчерос, голооточеник, барбуташ, женољубеник, ѓузлуклија, кукулелек и филмаџија.

Шабан Бајрамовиќ исто етикетиран е и како добропамтило, домаќин, одважен, помагател, српски Ром и патриот, но не беше парољубец, циција и никогаш не беше ниту ромски жиголо, акцентира Ѓорѓевиќ.

Авторот вели дека книгата “Питао сам малог пужа” го мотивирал посветениот есеј од британскиот колумнист Гарт Картрајт насловен како “Шабан Бајрамовиќ - трошаџија на животот”.

Судбината на Бајрамовиќ беше да направи нешто за себе, за нас и воопшто за музиката. Тој повеќе беше ценет во странство отколку кај нас.
Шабан мораше , како што истакнува Ѓорѓевиќ да како дете се снаоѓа за корка леб, и да биде амал и молер.

- Негово беше како војник да дезертира, за ништо да отиде на Голи Оток, со Алија Изетбеговиќ да крши камења, да научи да пее и да свира на контрабас,, негово беше да ја отпее „ Заробен сум„ и да биде на 12 место на светкста листа во 1965 года.
Да компонира 700 песни, да настапува насекаде низ светот освен во Австралија, да биде на престижната листа на „Time” и да беде прогласен за крал на ромската музика„ нагласи Ѓорѓевиќ.

Џамбо Агушев правеше музика за новиот филм на режисерот на „Паразит“

Ромскиот музичар Џамбо Агушев учествувал во изработката на музиката за филмското остварување „Окја“ на Бонг Џун Хо, режисер и на филмот „Паразит“, кој годинава стана првиот странски филм добитник на четири Оскари, меѓу кои и за најдобар филм. “Паразит“ го победи македонскиот документарец “Медена земја“ во категоријата интернационален филм, а доби престижна статуетка и за оригинално сценарио и режија.

 

Во филмот „Окја“ може да се слушнат звуците на трубата на Агушев, кој на социјалните мрежи тогаш напишал: “Чувството да бидеш дел од филм надвор од државата е неверојатно и сон за секој музичар. Филмот беше презентиран во Кан – Франција и присутните беа задоволни, судејќи по аплаузот.

 

Тоа е гордост за мене и мојот оркестар ‘Џамбо Агушеви’, но и за Македонија што ја презентираме на највисоко можно ниво. Се надевам дека државата ќе се сети на нас, барем да ни се заблагодари за ваквиот успех“.

 

Link: https://www.vecer.press/%D1%82%D1%80%D1%83%D0%B1%D0%B8%D1%82%D0%B5-%D0%BD%D0%B0-%D0%B0%D0%B3%D1%83%D1%

Маријана Демирев - со класична музика до подобар живот

Во бугарскиот град Сливен се наоѓа едно од најголемите ромски гета во Европа. Таму девојчињата веќе со 12 или 13 години го напуштаат образованието , воедно да се впуштат во ризикот наречен малолетнички брак.

 

Но Никола Демирев од Сливен решил својата ќерка Маријана да ја отргне од таквата судбина и да и ги прошири хоризонтите.

 

Маријана започна да посетува часови по виолончело во училиштето на Ѓорѓи Калајџиев, уметник кој и самиот некогаш живеел во гето.

 

Денес тој е славен виолинист кој им предава класична музика на неколку ромски деца. Се е тоа финасирано од донатори од Германија, а ромските деца веќе и одржаа свој концерт пред публиката , во престижната сала „ Бугарија„ во Софија.

 

„На наставата по музика , нашите деца не учат само да свират туку и се стекнуваат со културата која им помага да го елиминираат ромскиот менталитет и традиција.

 

„Со музиката на тие деца се ослободија од тешката судбина – малолетните бракови.

Досега во тоа не успеа ниту една институција„ вели Никола Демирев кој поради хендикепот (слепило) успеа својата ќерка да ја извади од гетото во нормален живот.

 

Порано соседите им се смееа на фактот дека ќерка му учи да свири инструмент, затоа што тие мислеа дека музицирањето е строго машка работа. Но денес тие се горди на својата млада сограѓанка која свири класична музика.

 

Youtube: https://www.youtube.com/watch?time_continue=1&v=TC-VEmnITxc&feature=emb_logo

Владата на Србија со нов закон: Музичарите потребно е да имаат лиценца и потпишан договор со угостителите. Казните се дебели

Ако правите свадба и ангажирате оркестар без лиценца, , газдата ќе плати казна!

 

Естрадните уметници, музичари и пеачи не ќе можат да имаат настапи по угостителски објекти и други веселби, не ќе можат да настапуваат доколку нема договор за работен ангажман, е најновата одлука на Владата на Република Србија.

 

Новиот закон стапува на сила после 1 август 2020 година. Инаку казните се до 2.500 евра!

 

Организаторот на веселбата , например младоженецот кој ангажирал оркестар за свадба . може да биде казнет парично доколку ангажира оркестар без лиценца, а на сопствениците на локалите им се заканува и затворање на објектот.

 

Работодавачите кој нема да ги испочитуваат одредбите од законот ќе мора да плати пенали од околу 70 -80 евра во случај да ангажирал музичар без лиценца , и ако се ангажирани без претходно направен писмен договор казните се движат од 150  до 2.500 евра.

FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 188 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот

Joomla! Debug конзола

Сесија

Информација за профил

Искористеност на меморија

Барања до базата