Култура

„Небо, Точак, Земја„ продолжува да се „тркала„ овој пат низ Романија и Бугарија

СП БТР под полна пареа работи и го снима документарецот за историјата , традицијата, културата, јазикот и идентитетот на Ромите!
Пакетот насловен како „Небо, Точак, Земја„, по завршената Руска етапа, сега беше во Романија и Бугарија.
Беа направени интервјуа и разговори со познавачи на сите сегменти од ромското прашање од овие држави.
Во Романија снимени се познатите и признати експерт за ромски јазик, и познавач на ромската историја, култура и традиција професорот Георге Сарау, Делиа Григоре, Адриан Бербек, Сорин Санду и други.
Во Бугарија исто така имаше интервјуа со активисти Роми кои имаат свои здруженија. Меѓу нив беше и познатиот росмки активисти Георге Баков.
Претходно во Скопје беше снимен и м-р Трајко Петровски. Во декември планирано е патување за Шведска и снимање на тој дел од документарецот.

Живееме во свет каде што погребите се поважни од покојникот, а свадбите се побитни од љубовта

„Живееме во свет каде што погребите се поважни од покојникот, каде што свадбите се поважни од љубовта, а изгледот е побитен од паметот. Ние живееме во општество каде што се цени амбалажата, а се презира содржината“.

Зависни сме од купување. Нè храни материјализмот, таа желба да се има, да се купува, да се трупа. Понов модел, побрзо, поскапо.

Погребите се поважни од покојникот. Во очаен обид да оставиме добра слика пред останатите, ќе си ги запреме и солзите, ќе си ги задушиме и емоциите. Побитно е каков ручек ќе се послужи, какво цвеќе ќе се постави.

Достоинственото збогување со покојниот стана мисловна именка и нешто толку тажно како погребот се претвори во арена за натпревар и покажување.

Да не зборуваме за свадбите. Сè е поважно од разбирање, довербата и компромисот. Нив ги заменија скапите фризури, шминката, китенките, свадбената торта, предјадењето и машничките на поканите. Небаре тие се неопходни за добар и успешен брак.

Свадбата како настан е поважна од љубовта. Љубов може и да нема – свадба мора да има!

И конечно, ќе се погледнеме меѓу себе, како одамна заборавени стари пријатели, ќе си ги исклучиме телефоните и ќе започнеме да се однесуваме како луѓе, а не како роботи.

Тргна првата клапа од документарецот „Небо, Точак, Зомја„. Прва дестинација е Русија

Како што беше најавено СП БТР Продукција започна со снимање на својот најнов документарец за потеклото, историјата, традицијата, културата и идентитетот на Ромската нација „ Небо, Точак Земја„.

Првата клапа и дестинацијае Русија. На тој далечен пат замина екипата на СП БТР Продукција за Москва, Тимот од Скопје е составен со Зоран Димов – продуцент, Ерхан Демир, како снимател о Бајрам Северџан како актер – наратор, а во Москва ќе бидат придружени од Надежда Деметер , познавач на ромската историја, потоа Анатолиј Бутаков соработникот од Русија и уште повече истакнати руски Роми.

Таму е планирано освен интервјуа и раговори да биде снимен и ромскиот фестивал кој се одржува во москва и повече населени ромски населби и руски Роми.

Таму снимањето ќе се одвива се до крајот на октомври, за потоа веднаш се продолжи за Србија и разговор со истакнати Ромски историчари меѓу кои и д-р Рајко Ѓуриќ , м-р Трајко Петровски, лингвистот Љуан Кока, новинарот Драгољуб Ацковиќ и др.

На почетокот на ноември веднаш ќе се замине са Романија.

Познати Роми – Пабло Пикасо

Еден од најпознатите сликари, вајари, цртачи и графичари на 20-от век, основач на кубизмот, шпанецот Пабло Пикасо бил Ром.

Во својата кариера создал повеќе од 6.000 слики, скулптури и цртежи кои вредат милиони, се женел два пати и имал многу љубовници.

Имал четири деца, а последната ќерка Палома ја добил кога имал 68 години

Инаку Пабло Пикасо, формално Пабло Руис Пикасо е роден во Малага, 25 октомври 1881.

Посебно место во неговиот уметнички опус заземаат композициите „Госпоѓиците од Авињон“, „Герника“ и големата ѕидна слика во палатата на УНЕСКО во Париз.

Пикасо умрел во својата вила, во малото место Мужен, на француската ривиера на 8 април 1973.

FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 566 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот