Култура

Како поп културата може да им помогне на Ромите?

Винсенте Родригез Фернандез е росмки активист, сценарист и креатор на цртани филмови смета дека голем број на ромски референци во американската поп култура е еден од добрите насоки младите да се заинтересираат за теми како што е ромската историја.

 

Винсенте со години лобира како да се подобри росмкиот идентитет и да биде видлив вклучувајќи ги и стрип јунаците во холивудските адаптации.

 

И навистина замислете во највлијателната глобална машинерија како што е Марвеловиот филмски универзум, во еден момент се појавува како супер херој кој ќе проговори на росмки и за кого цел свет ќе знае дека е Ром, токму како што е познато дека

Black Panter е од Африка

 

Дали на тој начин ќе се намали сиромаштијата , ќе се вработат Ромите во институциите тоа не би можел да кажам, но дека ќе има влијание тоа да, вели Винсенте.

Успешна премиера на преставата „Прво јаболки, а потоа рози„ во Старат чаршија во рамки на фестивалот „Гаравде муја„

Во рамките на фестивалските активнсоти „Гаравде мујал – Скриени лица„ Здружението „Романо Ило„ како прав прества на публиката и беше понудена премиера од „Прово јаболки, а потоа рози„, комедија по сценарио и режија на Даниел Петровски.
Оваа 40-тина минутна предства беше вистинско освежување за публиката која преку метафора ја прикажа сликата на политичкото делување на Ромите во нашата држава. Преставата се изведе во детскиот театар во Старта скопска чаршија
Улогите во преставата ги толкуваа, Џемилијана Абдулова, Даниел Петровски, Сакип Мемет, Самсон и Рамуш Муарем -Цирко

Од 15 до 17 Ноември Ромски театарски фестивал „Гаравде муја„

Како дел од своите активности Здружението „Романо Ило„ од Скопје , на полето ка културните случувања и афирамција на ромската култура, од 15 до 17 Ноември во Скопје ќе ја организира манифестацијата Ромски театарски фестивал „Гаравде муја„.

На фестивалот ќе земат учество ромски театри од Косово, Србија, Хрватска и домаѓинот Република Северна Македонија.

Покрај театарските престави како специјален гостин е најавен и светски познатито режисер од театарот „Пхралипе„ г-дин Рахим Бурхан.

5-ти Ноември Светски ден на Ромскиот јазик

Ромскиот јазик  (изворно: rromani ćhib), е мајчиниот јазик на Ромите. Тој е дел од групата на индоариски јазици, поточно се класифицира или во централните индоариски јазици или во северозападни индоариски јазици. Доста често се класифицира и како своја посебна јазична гранка поради поголемиот број на сродни јазични варијанти.

Според ISO стандардите, јазикот е ставен во групата на макро јазици и се состои од седум под-јазици или големи дијалекти. Најголемиот дијалект е влашкоромскиот со околу 1.5 милиони зборувачи, потоа следат балканскоромскиот, карпатскоромскиот синтискоромскиот, велшкоромскиот, кало финскиот и балтичкоромскиот.

Ромска азбука
Ромската азбука е поим со кој се опфаќаат неколку латинични,  пишување кои се користат за запишување на ромскиот јазик и неговите дијалекти. Ромскиот јазик до 20 век не бил пишан јазик, иако првиот пишан документ на ромски датира од 1542. 
Во зависност од тоа каде се зборува јазикот, така варира и ромската азбука , и сега е во тек стандардизиран ромски правопис.

FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 135 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот