Култура

Филмот „Дара од Јасеновац„ , светот мора да слушне за вистината на усташките злосторства

На прес конференцијата која беше организирана од Владата на Р.Србија, проектот кој може слободно да се наименува како еден од најзначајните во српскта кинематографија го преставија, сценаристот Наташа Дракулиќ, директорот на Филмскиот центар на Србија Јелена Триван, девојчето која ја игра улогата на Дара - Билјана Чекиќи актерот Марко Јанкетиќ.

 

Како стручен консултант на Антониевиќ и еден од најдобрите познавачи на Холокаустот важана улога за време на снимањето на овој филм и познавач на страдањето на жртвите во логорите за време на суташката окупација од владата на НДХ ја има и Др. Мајкл Беренбаум кои исто зборува за начајот на филмот „Дара од Јасеновац„

 

- Тоа што му дава сила на филмот е приказната за една особа , мало девојче/ Низ судбината на поединци се гледаат грозните злостроства и страшната структура на ликвидација која имаше влијание врз животот на тие лица, семејствата  о националните заедници.

Истовремено тој го цитираше и еден поет велејќи : „ Смртта на едно дете и губиток на бескрајни можности , затоа што ако детето живее ќе стане се што ќе посака и напомена дека секое страдање на детето е трагедија за иднината.

На 29 Јуни во хотел Континетал, спектакл кој ќе се памети - Избор на Интернационална Ромска Убавица 2019

Само уште две недели преостануваат до најавениот спектакл во Скопје. Во летниот амбиент на хотелот Континетал во Скопје на 29 јуни оваа година со почеток од 20:30 часот ќе се реализира традиционалната 27-ми по ред Избор на Мис Најубава Интернационална Ромска Убавица 2019.

Како и претходните години така и оваа организатор е СП БТР Продукција.
Според најавите од организаторот оваа година покрај улеството на 15 девојки од Русија, Унгарија, Албанија Бугарија, Србија, Црна Гора, БиХ, Хрвтаска, Грција, Турција како и од Република Северна Македонија.

Покрај парадата на убавината воедно таа вечер ќе има и богата забавно музичка програма со познати пеачки имиња како од нашата држава така и од странство мешу кои и познати уметнички имиња со нивни перформанси од Руската федерација и од Италија.

Воедно според организаторот на оваа културна манифестација поради огромниот интерес на присутни гости, и ограничениот простор, потребно е и однапред резервирање на местата. Тоа може да го сторат на телефонскиот број ++389 (0)2/2656 901. Влезот е 600 денари со богато мени.

Ромите и циркузантите биле првите номади на тркала

Уметноста на номадскиот живот помина пат од Европа до Америка, а денес е тренд во светот. Првите сопственици на компактните ѕидови на тркала обожавале раскош, украси и јаки бои. Животот на тркала поради слободата и авантуристичкиот карактер отсекогаш наоѓал пат до лицата со немирен дух. Иако често се припишува како дел од американската култура и стил на живот, првите куќи на тркала датираат на европскиот континент.

Први сопственици на подвижните куќи биле забавувачите или циркузантите, кои целиот живот го поминуваат на пат. Наместо секојпат да поставуваат шатори кога ќе се стационираат на едно место, имале свои вагони што првично ги влечеле коњи. А внатре во тие вагони се случувала секојдневната динамика на животот, се готвело, јадело, спиело…

Во средината на 19 век овие вагони стануваат станбен простор за Ромите. Специфичните карвани се нарекувале „вардо“, и овој збор водел потекло од „вурдон“ од иранскиот јазик што значи теренско возило. Вагоните што се правеле и во кои живееле Ромите биле помали од оние што ги користеле циркуските групи, па оттука и немало потреба од поголема влечна сила, односно повеќе коњи.

Ромите биле многу горди на изгледот на своите домови. Често богато ги украсувале со разни мотиви, украси, резби, ги бојадисувале со силни бои. Некои дури и биле позлатени. Со текот на времето вагоните еволуирале и станале толку китнести што ја изгубиле практичната и првобитна намена, и од места за спиење, станале вистински експонати. Во некои од нив и ретко се спиело. Ромите претпочитале да спијат во шатори под вагоните.

– Куќите на тркала за нив немале некоја сентиментална вредност, судејќи по тоа што се менувале и продавале по потреба – вели историчарката Џенет Кит-Блек.
А кога сопственикот ќе починел, обичај било да се запали неговиот имот, вклучувајќи го и вардото, затоа што Ромите верувале дека може да го носи духот на починатите и не смееле да го продаваат. А накитот и парите ги наследувало семејството.

Развојот на карваните се одвивал во посебни категории, од кои шест биле основни, па веќе не добивале имиња по сопствениците, туку по традиционалниот стил, по градот во кој се конструирани, по името на конструкторот и слично. Денес се зачувани неколку оригинални вардо-домови. Тие се сместени во некои музеи или се во рацете на некои приватни колекционери.

Ромите водат потекло од просторите на северозападна Индија, земја што нивните предци ја напуштиле пред 1.500 години и се населиле насекаде низ светот, но претежно во Европа и северозападна Азија. Последните 100 години Ромите ја населиле и Америка. 

Папата покажа дека знае зошто ромското знаме има црвена боја

Горан Ѓурѓевиќ, претседател на Здружението Ловари од Маглениќ и воедно основач на Ромското етно село, вели дека со задоволство ја презентира ромскта историја и традиција на младите, од причина да дознаат дека ромите не се воопшто онакви какви се презентирани на јавноста.

Авторот на книгата „ Историја и обичаите на автохтоните хрватски Роми - Ловари„ кој за себе вели дека е првиот деклариран Ром од новата историја на Хрватска со факултетска диплома.

Инаку тој е семеен човек кој е посветен на традицијата и воедно познат одгледувач на лаванда.

Како што вели Ѓурѓевиќ, дури и папата ја знае ромската историја и култура како и нивните страдања поради кои како што вели тоа ја одбечежува и делот од црвената боја која ја има на ромсклто знаме.

Според Ѓурѓевиќ, во минатото црвената боја според ромските верувања донесуваше среќа како и одбивање на уроци и магии, но исто и е сведок на пролеаната ромска крав во текот на историјата. Тој идната година ќе биде и гостин на папата во Ватикан.

FaLang translation system by Faboba

Сакам да речам

TV BTR NACIONAL

Momentalno Online

Имаме присутни 495 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот