Едукација

Со образование на мајките Ромки, до идни самостојни жени

Успешна Ромка е како Супермен, таа има неворојатна сила секој ден да се разбуди, да се насмее и работи, да створува и да остане насмеана и исправена, наспроти сите бури која ја бијат.

Со овие зборови познатата оперска солитска Наташа Тасиќ Кнежевиќ ја опишува ромската жена, која е и самата Ромка, која успеа да излезе од традиционалните рамки.

А неодамна токму таа сила и самата ја покажа. Социјалните мрежи во Србија со денови пишуваа за непријатноста која ја доживеа во еден супермаркет.

Всушност кога со уште неколку луѓе тргна кон излезот на тој супермаркет, се вклучи алармот. Сепак единствено „сомнителна„ кај обезбедувањето беше токму таа. Ја запреа и и наредија ги да извади сите работи , додека останатите од групата слободно си пројдоа.

Тоа што нејзе ја „квалификуваа„ како „крадец„ беше всушност само незината боја на кожа. Не беше доволно што обезбедувањето ја понижи, и таа „истрага„ ја помагаа и луѓе од страна случајно затекнати таму , со дофрлање на непријатни коментари во врска со Ромите.

Link: http://www.portal-udar.net/edukacijom-majki-romkinja-do-samostalnih-buducih-zena/

 

Поддршка на ромските жени да станат професионалци во едуцирање во рана детска возраст во Унгарија

Пристапот и квалитетот на услугите може да се зголемат со обезбедување поголема разновидност во работната сила. Националната мрежа на REYN Унгарија ги обучува ромските жени за да им помогне да влезат во професијата.

"Навистина сум благодарна за оваа можност, отсекогаш сум сакала да работам со деца, но никогаш не би можел да си дозволам да студирам. Работев во детска градинка, но не можев да ја задржам работата, бидејќи не бев квалификувана ", вели Ева. Таа претпочита да не го открие своето вистинско име поради приватноста.

Со другите ромски жени, Ева следеше обука обезбедена и финансирана од националната мрежа REYN Унгарија. Таа сега е квалификувана техничка помошник во детска градинка.

REYN Унгарија неодамна го поддржува професионалниот развој на ромските жени во образованието и грижата за раното детство.

REYN Унгарија е енергична национална мрежа која им нуди на своите членки можности за професионален развој во секторот за ран детски развој и се залага за повеќе ромски професионалци во раното детство во земјата. Тие, исто така, го промовираат пристапот до висококвалитетни услуги за млади ромски деца и семејства.

Link: https://www.reyn.eu/supporting-romani-women-to-become-early-childhood-professionals-in-hungary/?fbclid=IwAR3cyh0WnIkQ-

Селма Селман - „Марш на училиште!„

Настанот за прибирање на средства за проектот, кој Селма решително и хумористично го нарекоа "Марш на училиште„ Ќе се одржи на 10ти декември во домот на сликарството Карин Липел и Горан Лител, заменик Шеф на мисијата на шведската амбасада во САД

Сите приноси од продажбата на делата на Селма ќе одат кон едногодишната програма за помош за образование на ромската младина, која ќе вклучува школски ручек, часови по англиски јазик и компјутер, награди за успешно завршување на нивниот семестар, како и специјални проекти како што се патувања и работилници.

Без оглед на нејзината млада возраст и продолжување на образованието, Селма има исклучително силна, речиси опсесивна потреба да придонесе за нејзината заедница и да им помогне на оние со детството слични на нејзината. "Ако треба да почекам уште десет години да почнам, додека мојот живот тече, тогаш овие деца ќе ја изгубат својата шанса.

Верувам дека некои деца ќе успеат. Овие деца не се товар за мене; тие се значењето на животот. Давам само малку, за да можат подоцна да можат да направат многу за себе и за таа идеја да се искорени ", вели Селма.

Link: http://bheartfoundation.org/wp-content/uploads/2017/11/Selma-Selman-Interview.pdf

И покрај суровото детство, Алиса ги оствари сништата, а дипломирањето ги разби предрасудите

Дека животот не зависи само од околностите , туку и од силната желба човек да и пркоси и на судбината , вистниски пример е Алиса Шајн (24) од Вршац. Таа е една од двете Ромски со универзитетска диплома во овој град, и покрај суровото детство успеа да излезе од волшебниот круг во кој се наоѓаат поголемиот дел од ромската заедница и да стане успешна жена.

Спасот го најде во образованието. Таа порасна во хранителско семејство, каде уште од својата 8 годишна возраст ги загуби и давата родители, а потоа и родениот брат . За волја на вистината секогаш и немаше потполна подршка но упорноста се исплатеше.

- Роднините кај што најпрвин живеев сметаа дека треба да завршам само основно образование. Но јас не мислев така и затоа побарав да ме префрлат во хранителско семејство. Од тоа семејство ја имав подршката и завршив најпрвин со одличен успех средно Хемиско и медицинско училиште, а потоа и Висока воспитна школа за ромски и српски јазик.

Во меѓувреме се вработи и во градската управа како координатор за ромски прашања. Токму и нејзината мисија и пример го насочува и кон идните генерации на Роми. Таа воедно е и на Факултетот за бизнис студии, каде поради работните и мајчински обврски паузира е е сеуште на прва година студии. Планира од септември да се реактивира, и да запише специјалистички студии.

Таа е добитник и на наградата „Жена симбол на посветеноста„ кој и ја доделиа тамошѓните две локални новинарки. Сака да пишува и има објавено песни во книгата „Литерални патеки„


Link: http://www.novosti.rs/vesti/naslovna/reportaze/aktuelno.293.html:775357

FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 167 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот