Едукација

Промовиран новиот Ромски лексикон со калдерашки дијалект

Во Шведска деновиве беше промовиран новиот Ромски лексикон кој е направен според калдерашкиот дијалект.

Ваков вид на Ромски лексикон во Шведска е втор. Инаку првиот е направен пред 12 години во 2007 година кој беше на арлијски дијалект.

Овој втор Ромски лексикон со калдерашки дијалект беше подготвен од Давид Деметри од Стокхолм.

Самиот Давид Деметар напомена дека е задоволен од изработениот финален производ , и дека овој лексикон може да послужи и за учење на ромскиот јазик со калдерашки дијалект.

 

Академската титула сѐ уште табу тема меѓу жените Ромки

Девојките и жените од ромската етничка заедница од државата добија поволни услови за образование и учество на пазарот на труд. Но бројките засега го покажуваат спротивното. Порасна бројот на Ромките со средно образование, но факултетот сѐ уште се чини е „табу тема“ во ромската заедница. Сепак, состојбата не е толку црна како пред неколку децении, кога во однос на образованието Ромките беа синоним за неписменост. На што се должи малиот број дипломирани Ромки во последните неколку години, кога државата доделува и над 100 студентски стипендии во една академска година со цел преку образованието Ромите целосно да се интегрираат во општеството.
Според податоците на Државниот завод за статистика, на крајот на учебната 2016/2017 во основните училишта низ целата земја имало 9.328 ученици Роми, од кои речиси половина или вкупно 4.548 девојчиња. Поразителен е фактот што кога станува збор за продолжение на образованието. Ромите се соочуваат со автостигмата дека не им е потребно ништо повеќе од „осум или девет одделенија“.
Средното образование истата учебна година го продолжиле само 1.409 ученици Роми, од кои само 622 девојки. Диплома за средно образование истата учебна година зеле 305 Роми, од кои 125 девојки.
Евидентно е дека Ромите се најмногубројни во основното образование, а за средно почнаа да се одлучуваат во последната деценија мотивирани од државните стипендии, кои претставуваат голем финансиски мотив. А кога доаѓаме до факултетот, тој е „луксуз“ меѓу Ромите. Во прилог на тоа говори и податокот дека во 2017 година дипломирале само 11 млади Ромки и 19 момчиња Роми.
Според ДЗС, минатата учебна 2017/2018 година во високо образование се запишале вкупно 82-ца Роми, а најголем бил интересот за Филозофскиот и за Медицинскиот факултет.

Според Годишниот извештај за вработените во јавниот сектор, кој го објавува Министерството за информатичко општество и администрација, во 2017 во работен однос во јавниот сектор биле 1.245, односно 1,14 отсто се Роми.

За мирен и хармоничен развој на општеството потребно е почитување на етничкиот идентитет и интересите на сите граѓани, а во таа насока и на Ромите. Секој писмен, а во поголема мера и академски граѓанин припадник на ромската заедница е во корист на општеството, кое пак треба да се заложи да ги искористи капацитетите на образованите и способни поединци насочувајќи се кон што е можно попродуктивен колектив.

Повеќе од 50 проценти од младите во Македонија се неписмени

Од УНИЦЕФ исткнаа дека е потребно образование кое на секое дете ќе му овозможи најдобра шанса да го развие својот маскимален потенцијал во сите фази од животот.

Инаку, за писменоста на младите во Македонија прв пат се покренаа дебатите поради економскиот извештај на Светската Банка за Западен Балкан од 2017 година, кога излегоа со податоци дека во Македонија две третини од младата поулација е функционално неписмена. Од 70 рангирани земји во светот, Македонија е на 68 то место, пред Косово и Доминиканска Република.

Нацрт-извештајот содржи и препораки за реформа на националното оценување, ревидирање на државната матура како и функционален систем за професионален и кариерен развој на наставниците.

Оваа анализа ќе се рефлектира и ќе се преиспитуваат некои наши ставови како министерство и како влада, во насока на подобрување на образовниот систем. Дел од нашите ставови се инкорпорирани во нацрт верзијата на законот за основно образование.“ - вели Арбр Адеми, Министер за образование и наука.

Средношколци го напуштаат училиштето затоа што немаат мотивација за образование

Околу 5 % од младите на возраст од 18 до 24 години во БиХ имаат завршено најмногу 2 класа средно училиште, додека во земјите од ЕУ процентото е околу 10,6 %

Целта на стратегијата на ЕУ е дека тој просек до 2020 да биде 10% се вели во извештајот за социјално вклучување во БиХ за 2017.

Информациите од овој извештај покажуваат дека состојбата во регионот во Црна Гора е слична како во БиХ, додека во Србија и Македонија имаат поголем процент на напуштање на образованието од оној во БиХ. Во Србија тој процент е околу 7% а во Македонија 10%.

Според извештајот од Дирекцијата децата најчесто го напуштаат школувањето оти немаат доволно интерес и мотивација и без голема подршка од родителите и чувство на сигурност внатре во семесјтвото.

Најзагрозена категорија на децата кога станува пристап доп образовението се деца со посебни потреби , социјално ранлива категорија и децата Роми.

FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 401 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот