Едукација

Дополнителни изданија на речникот и граматиката на ромски јазик

Владата преку Генералниот секретаријат ќе отвори повик за печатење на дополнителни изданија на граматиката на ромски јазик и речник на македонски – ромски јазик.

– Согласно Стратегијата за Роми 2014-2020 еден од постулатите на овој документ, како и една од приоритетни цели од истиот е развој и промоција на ромската култура, јазик и традиција. Печатењето на овие две публикации директно ќе придонесат кон реализација на оваа цел – велат од владината прес-служба.

Одлуката која беше донесена на денешната владина седница предвидува речникот на македонски – ромски јазик од 800 страници да биде отпечатен во 500-тини примероци, додека граматиката на ромски јазик од 300 страници – во 1000 примероци.

Информативна средба со родители за упис во престојната учебна 2019/2020 година

Општина Шуто Оризари преставена од советникот за образование Рамиза Сакип во соработката со основното училиште ,,Браќа Рамиз и Хамид”, претставен од директорот Алвин Сaлимовски, градинката ,,8 Април” преставена од директорот Сонѓул Ахмед и консултатот на Канцеларијата на ОБСЕ за демократски институции и човекови права (ОДИХР) одделот за Роми и Синтите, Мустафа Асановски организираше средба со Ромските родители со цел информирање за уписот во престојната учебна 2019/2020 година како и потребните документи и рокот за упис.

За време на неформалната срeдба, беше истакната важноста од основното образованиe, како и предшколското образование, како и бенефитот од овој процес во иднина.

Ромските родители беа охрабрени да ги запишат своите деца во законскиот определен рок односно од 1 Мај до 31 Мај. Датумот е ист и во другите Основни училишта како на територија на град Скопје така и низ републиката
 

Ромите од Бјелина активно вклучени во социјалното претприемништво, преку производство на органско овошје и зеленчук

Во Бјелина живеат близу 1.000 Роми а според податоците од Гражанското здруженије за промоција на образованието на Ромите “Отхарин”и здружението на жените „Ромка„ вработени се само 0,5 проценти од припадниците на ова национално малцинство.

За да се подобри нивниот состојба беше формирано социјално претприемништво и фирма „ Агро -план„ каде предност во вработувањето имаат токму маргинализираните групи.

Со посредство на оваа фирма која се занимава со производство во оранжерии за зеленчук вработени се десетина Роми.

Околу 200 ромски семејства во Бјелина се соочува со бројни проблеми, а најголем е невработеноста. Поголемиот број на Роми егзистира од собирање на секундарни суровини и пластична амбалажа.

Истражувањето покажува дека степенот на вработувањето на Ромите е многу ниско Здружението „Отахарин„ формираше во рамките на проектот „Економско појачување на жената Ромка низ производство во пластеници„ кој е финансиран од страна на ГИЗ , на компаснијата „ Агро -план„

Целта е на овој начин да се обезбеди вработување на Ромите, која вусшност е и најголема малцинска заедница во Бјелина, истакна извршниот директор на ова здружение Драган Јоковиќ.

Link: https://srpskainfo.com/romi-u-plastenicima-uzgajaju-organsko-voce-i-povrce-sve-prednosti-socijalnog-preduzeca-agro-plan-u-bijeljini/

Бугарија: Училиштата каде мнозинството Ромски деца учат како ќорсокак

Речиси една третина од децата Роми во Бугарија одат во училишта каде ова малцинство е мнозинство е последациа од маргинализација и отфрлање.

На почетокот на 2000 та година беше усвоен нов закон со кој им се дозволува на родителите сами да одберат во кое училиште ќе оди нивното дете.

Според Агенцијата на ЕУ за основни права, процентот на деца Роми кои одат во ромско училиште во Бугарија, последниве пет години се искачи од 16% на 29%. Тоа е највисоката стапка во деветте југо-источни земји членки опфатени во студијата.

Против политиката на маргинализација се бори директорката на едно училиште Ирена Цукева.
Таа имаше среќа дека ја има поддршката од професорот Росен Богомилов. Тој е единствениот учител Ром во нејзиното училиште и им е вистински пример на децата.

Директорката Ирена Цукева беше единствената што го прими и тоа со широко отворени раце и надеж. Тој веќе пет години предава историја и географија, а од почетокот на септември е и заменик директор.

Росен Богомилов и Ирена Цукева сакаат преку образование на децата Роми да им створат основа за иднината. Веќе десет години тие им нудат можност и на нивните родители и останати возрасни лица да се дообразуваат. 82 возрасни лица успешно полагаа минатата година, а најстариот од нив беше еден 60 годишен човек.

Од годинава Цукева и Богомилов сакаат да постават и медијатор кој ќе се грижи за социјалните проблеми на учениците Роми и ќе работи поврзување на ромските семјства и училиштето. „Некогаш децата не доаѓаат на училиште бидејќи немаат зимски чевли," вели директорката. Поради тоа со години децата спроведуваата акции за помош на сиромашните деца

 

Link: https://www.dw.com/mk/%D0%B1%D1%83%D0%B3%D0%B0%D1%80%D0%B8%D1%98%D0%B0-%D1%80%D0%BE%D0%BC%D1%81%D0%BA

FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 148 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот