Едукација

Системски решенија за решавање на проблемите на Ромите

Само 2.1 отсто од децата Роми се вклучени во предучилишното образование во Република Северна Македонија, но оваа бројка ќе се зголемува.

Министерство за труд и социјална политика направи освежување на системот, затоа што сите реформи кои ги реализираме се однесуваат најмногу на сиромашните граѓани „Република Северна Македонија има само 30% од деца опфатени во предучилишното образование, односно тоа значи и помал број вклучени деца Роми од 2,1 отсто.

Позитивните ефекти кои досега ги дадоа имплементираните проекти и систематизацијата на дел од нив во јавни политики финансирани од државата се најголем доказ дека постигнувањата кај учениците Роми не заостануваат во споредба со другите ученици не-Роми кога им се обезбедуваат неопходни услови и поволни можности за образование.

Според него, новата стратегија на Ромскиот Образовен Фонд, 2021-2030 година, се темели на три стратешки цели, односно добри резултати од учењето и транзиција на пазарот на трудот и јавното

Во Србија сеуште на училиште ги учат децата кои се „Циганите„

Иако на сите им е добро познато и воедно заведено на национално и интернационално ниво дека терминологијата „Цигани„ уште од 1971 година е заменета со терминологијата „Роми„, таа воопшто на повеќе места и начини не се употребува.

Доказ за тоа е и во Србија во ОУ. Јосиф Панчиќ во Белград., каде наставничката на учениците од второ одделение им ја поделила приказната „Циганот и дињата„. Претпоставка е дека наставничката сакала на децата да им сподели некои наворученија кои можат да произлезат од такви приказни. Но во тоа одделение имаше и еден ученик од Ромска националност, и може да се запрашате, како се чувствувало тоа дете?

Токму во пресрет на 8 Април Интернационалниот ден на Ромите, наместо да им даде некоја задача на тие деца да научат нешто повеќе за Ромите и елиминирање на пежоративот „Цигани„ па да научат нешто повеќе за Јул Бринер, Чарли Чаплин , за Рони Вуд, Ава Гарднер или Хоакин Кортес и сл.
До која крајност се оди во се поголемата стигматизација и антиромско расположение. Типичен пример за тоа е и овој пример од Србија. Па до кога?

Објавен Конкурсот за запишување ученици во јавните средни училишта

Конкурсот за запишување ученици во јавните средни училишта за учебната 2019/2020 година, обезбедува вкупно 35.690 ученички места и тоа 24.581 на македонски наставен јазик, 10.123 на албански наставен јазик, 952 на турски наставен јазик и 34 на српски наставен јазик.

Бројот на ученици запишани во деветто одделение во учебната 2018/2019 година е 20.030 ученици.

За стручно образование во четиригодишно траење предвидени се 18.365 слободни места, за стручно образование во тригодишно траење се предвидени 5.490 слободни места, додека за стручно образование во двегодишно траење предвидени се 408 слободни места. За гимназиско образование предвидени се 10.713 слободни места.

Првото пријавување и запишување на учениците се врши на 17 и 18 јуни 2019 година.
Второто пријавување и запишување на учениците ќе се врши на 24 и 25 јуни 2019.
Третото пријавување и запишување на учениците ќе се врши на 1 јули 2019 година,
Конкурсот е објавен на http://www.mon.gov.mk/index.php/konkursi

 

Училиштата ширум Македонија забрзано се празнат: Секој месец ни заминува по некое дете во Германија, Швајцарија, Италија

Бројни се македонските училишта од каде децата се испишуваат, и заминуваат во странство заедно со родителите.

Дел од учениците веќе заминале, а некои допрва најавуваат дека ќе го прекинат школувањето во Македонија.
Таков проблем има и во оние населени места каде има и ромска популација. Такви случаеви се во општините Ш.Оризари, Гази Баба. Ѓорче Птеров,
Истовремено и во Битола, Штип, Прилеп, Тетово, Гостивар, Куманово и во остантите градови и општини низ Македонија
Илустративно например во едно од училиштата во Битола каде имаше и Ромски ученици во учебната 2014 /15 настава посетуваа 59 ученици, а веќе две години подоцна тој број изнесува 31 ученик Ром
Во друго училиште во 2012 имало 71, додека во учебната 2016/17 тој број е 43.
Слични сосотојби со намалување на бројот е и во останатите општини, и евидентно е дека бројот на ученици е се помал и помал, поради заминување во странство на нивните семејства најповеќе од економска несигурност и евентуално „подобро утре„.

FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 175 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот