Едукација

На 3 октомври се одржаа првите 2 часа он лајн курс по ромски јазик и култура

Најавуваниот он лајн курс по ромски јазик и култура, започна со своја реализација. По иницијатива на претседателот на ИРУ, Зоран Димов, а во соработка со Филолошкиоот факултет „Блаже Конески„ при УКИМ од Скопје, Република Северна Македонија вчера 3 октомври 2024 година со почеток од 15:30 часот започна наставата за изучување на Ромски јазик и култура, почетно ниво преку он лајн.

Свој поздравен говор на првиот час имаа иницијаторот на оваа настава претседателот на ИРУ Зоран Димов, и Деканот на Филолошкиот факултет „Бласже Конески„ прио УКИМ, Скопје, Македонија.

Предавачи низ целиот тримесечен курс се м-р Даниел Петровски и Суми Јусуке. Наставата го посетуваат 20 кандидати од 10 држави, Македонија, Србија, Црна Гора,  Романија, Германија, Чешка, Словачка, Данска, Шведска и Финска. Импресиите од првиот час беше многу позитивен кај сите присутни.

Он лајн наставата ќе трае 3 месеци со фонд од 60 часови , два пати во неделата по 2 часа и тоа секој понеделник од 15:30 до 17:30 и секој четврток од 16 до 18 часот.

На крајот од он лајн курсоит, сите  кандидати ќе се стекнат со Сертификати заверени од Филолошкиот факултет. Оваа практика ќе продолжи и понатамуу да се спроведува и за останатите заинтересирани кандидати без разлика на место на живеење..

Инаку он лајн курсот за овие 3 месеци чини 200 евра , а има можност за плаќање и на рати.

На 3 октомври стартува он лајн курсот по ромски јазик и култура

Конечно, најавуваниот он лајн курс по ромски јазик и култура, започува со своја реализација. По иницијатива на претседателот на ИРУ, Зоран Димов, а во соработка со Филолошкиоот факултет „Блаже Конески„ при УКИМ од Скопје, Република Северна Македонија на 3 октомври 2024 година започнува со програматаљ и наставата за изучување на Ромски јазик и култура, почетно ниво преку он лајн. Предавачи се м-р Даниел Петровски и Суми Јусуке. Наставата ќе ја посетуваат 20 кандидати од 10 држави, Македонија, Србија, Црна Гора,  Романија, Германија, Чешка, Словачка, Данска, Шведска и Финска.

На првиот академски он лајн час, свечено свое воведно обраќање ќе имаат и претседателот на  ИРУ Зоран Димов, и Деканот на Филолошкиот факултет проф Владимир Мартиновски.

Он лајн наставата ќе трае 3 месеци со фонд од 60 часови , два пати седнуично по 2 часа. На крајот од он лајн курсоит, сите  кандидати ќе се стекнат со Сертификати заверени од Филолошкиот факултет. Оваа практика ќе продолжи и понатамуу да се спроведува и за останатите заинтересирани кандидати без разлика на место на живеење..

Инаку он лајн курсот за овие 3 месеци чини 200 евра , а има можност за плаќање и на рати.

 

Објавен Конкурс за доделување на 1200 стипендии за средношколци ученици Роми во Република Северна Македонија за учебната 2024/2025 година

Министерството за образование и наука го објави Конкурсот за доделување 1.200 (илјада и двесте) стипендии во четири категории за ученици Роми запишани во прва, втора, трета и четврта година од јавните и приватните средни училишта во Македонија за учебната 2024/2025 година.

Во конкурсот е наведено дека во учебната 2024/2025 година се доделуваат вкупно 1.200 стипендии за средношколци Роми во четири категории, од кои:

1. Во првата категорија се доделуваат вкупно 340 стипендии за средношколци Роми за учебната 2024/2025 година во висина од 3.000 денари месечно по ученик, а кои постигнале успех од 4,50 до 5,00 во последната учебна година;

2. Во втората категорија се доделуваат 390 стипендии за средношколци Роми за учебната 2024/2025 година во висина од 2.300 денари месечно по ученик, а кои постигнале успех од 3,50 до 4,49 во последната учебна година;

3. Во третата категорија се доделуваат 250 стипендии за средношколци Роми за учебната 2024/2025 година во висина од 1.700 денари месечно по ученик, а кои постигнале успех од 3,00 до 3,49 во последната учебна година;

4. Во четири категорија се доделуваат 220 стипендии за средношколци Роми за учебната 2024/2025 година во висина од 1.200 денари месечно по ученик, а кои постигнале успех од 2,00 до 2,99 во последната учебна година.

Учениците што ги исполнуваат условите од Конкурсот пополнуваат електронска пријава и ја прикачуваат соодветната документација на e-uslugi.mon.gov.mk, од денот на објавување на конкурсот до 10.10.2024 година.

Link- Упатство за апликација

https://mon.gov.mk/content/?id=8787

Вештини за професионален развој и активизам стекнале млади Роми во акција во училиштето „Шаип Јусуф“

Вештини за професионален развој и активизам стекнале 120 млади Роми со поддршка на Активноста на УСАИД за млади кои активно создаваат можности и во соработка со образовниот центар „Генијалци“, преку организираната младинска акција во средното училиште „Шаип Јусуф“ во Скопје.

Во рамки на акцијата биле доделени сертификати на младите кои учествувале на сесии по англиски јазик, компјутерски науки и активизам.

Како што соопштија од Канцеларијата на УСАИД, на настанот присуствувала Марија Лонџи, координатор за развојна помош од Канцеларијата за координација за американска помош за Европа и Евроазија.

Програмата исто така вклучува учество на поранешни учесници, помагајќи им да стекнат основни јазични, дигиталнии практични вештини за подобри можности за вработување.

Директорот на средното училиште „Шаип Јусуф“, Доан Сулејманоски, истакнал дека е горд на нивните ученици „за нивниот ентузијазам, посветеност и иновативност“.

За време на настанот, матурантите од средното училиште „Шаип Јусуф“ имале можност да присуствуваат на индивидуални сесии за кариерно советување.

Овие иницијативи се организирани во рамки на Активноста на УСАИД за млади кои активно создаваат можности, имплементирана од американската непрофитна организација Унапредување на економиите за посилни заедници, во партнерство со Центарот за развој на менаџери и претприемачи (CEED Hub) Скопје и Младински образовен форум, и се овозможени со поддршката на американскиот народ преку Агенцијата за меѓународен развој на САД (УСАИД)

FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 592 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот