Едукација

Марш за толеранција на различностите во образованието. Училниците се наш одраз - за едукација без дискриминација!

По повод Меѓународниот ден на толеранцијата, Хелсиншкиот комитет за човекови права го организира единаесеттиот Марш на толеранција, кој ќе се одржи на 16-ти ноември, 2019 година (сабота) со почеток во 12 часот.

Маршот ќе започне пред Музејот на град Скопје, преку улица Македонија, до крајната точка на платото пред Универзитетот на ЈИЕ во Старата скопска чаршија.
 
Образованието и младите ќе бидат во фокусот на овогодишното одбележување на Меѓународниот ден на толеранцијата.

Причините се сериозни и секојдневно видливи - најчести извршители и жртви на злосторства од омраза се малолетни лица, а подемот на меѓуврсничкото насилство дополнително се зголемува со користењето на социјалните мрежи.
 
 
На крајот на Маршот предвидено е да бидат одржани неколку говори од претставници на организациите кои ќе ја дадат својата поддршка, секој во својата област на делување.

Настанот е поддржан од МОФ, ХЕРА, Коалиција Маргини, Националниот Ромски центар, Реактор и Национален совет за родова рамноправност (СОЖМ), стои во соопштението на Хелсиншкиот комитет за човекови права

Книга на неделата: Ромски рути

Културна политика и балканска музика во дијаспората (University of Oxford Press, 2014) од Керол Силверман, професор по антропологија, Универзитет во Орегон

Во оваа книга, Силверман ги запозна читателите со луѓето и културите кои ја продуцираат оваа музика, нудејќи чувствителна и засеглива анализа за тоа како ромските музичари се справуваат со предизвиците на дискриминацијата.

Фокусирајќи се на југоисточна Европа, а потоа се пресели во дијаспората, нејзината книга ја испитува музиката во ромските заедници, животот и кариерите на извонредните музичари и маркетингот на музика во електронските медиуми и концертното коло „светска музика“.

Како изведувач и презентер на светското музичко коло, Силверман работеше интензивно со ромските заедници повеќе од две децении и во нивните матични земји и во дијаспората.

Link: https://global.oup.com/academic/product/romani-routes-9780199358847?cc=us&lang=en&fbclid=IwAR0FPNaFJ-TUljC-BV6cOGXnxyPHziuG8bI2KEHk_dp_ySKy_dUmCLrQexs#

ЗРДИЦМ верификуван и како образовна институција за програмата „Педагошки помошник„ од страна на МОН

Во рамките на имплементација на проектот „Педагошки помошник„ за ученици во основно образование„ кој како план го потикна Здужението Ромски Деловен информативен Центар – ЗРДИЦМ , официјално и од страна на Министерството за образование и наука и министерот Арбер Адеми беше изготвено решение за официјализирање и верификација дека ЗРДИЦМ се верификув и како образовна институција за програмата „Педагошки помошник„

Ова практично значи дека целиот проект за обука на идните „Педагошки помошници„ кој ја имплементира ЗРДИЦМ официјално може и да започне , и на крај Уверенијата – Дипломите кој ќе им бидат дадени за идните посетувачи на оваа обука, ќе се стекнат и со официално занимање „Педагошки помошник„ со кој рамноправно ќе можат да конкурираат и на берзата на трудот преку Агенцијата за Вработување.

Отворен Конкурс за доделување на стипендии за Роми ученици средношколци во учебната 2019/20

Министерството за образование и наука за учебната 2019/2020 година ќе додели 880 (осумстотини и осумдесет) стипендии во пет категории за ученици Роми запишани во прва, втора, трета и четврта година од јавните и приватните средни училишта во Република Северна Македонија.

Учениците кои се пријавуваат по Конкурсот, потребно е до Министерството за образование и наука, ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54 – Скопје, најдоцна до 28.11.2019 година.

Сите критериуми и услови за доделување на стипендиите погледенте ги на следниот линк:

Link: http://mon.gov.mk/index.php/konkursi/2921-2019-2045?fbclid=IwAR3NOWPhGFBjuKI9NIixGAU11XpmJklgQ_XUWgOwrPNuv7KdqNyfL-lF1BU

FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 545 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот