Социјала

Сегрегација на ромските заедници во Португалија: Во училиштата нема, но домувањето е главно прашање

Сегрегацијата на училиштата на децата Роми останува на високо ниво во некои земји од Европската унија, но Португалија има споредбено значително пониски бројки според податоците на Европската агенција за фундаментални права (ФРА), објавени овој четврток.

Анализирајќи го процентот на деца Роми од 6 до 15 години кои посетуваат училишта во кои поголемиот дел од нивните соученици се Роми, постои значителна разлика кога децата живеат во населби или локации каде што населението е целосно или претежно „ромско“, наспроти оние кои живеат во населби во мешани населенија.

На пример, во Унгарија 73% од децата кои живеат во населби со мнозинство Роми велат дека нивното училиште ја рефлектира оваа реалност, при што повеќето, ако не и сите, ученици имаат иста етничка припадност. Што се однесува до оние кои живеат во населби со мешано население, само 22% велат дека имаат часови претежно или целосно од нивната етничка припадност. Словачка и Бугарија се уште две земји каде бројките за сегрегација се големи.

Сепак, во деветте анализирани земји, Португалија има најмал број индикатори за сегрегација во целост: само 17% од децата Роми кои живеат во населби со мнозинство Роми, тврдат дека имаат часови претежно од нивната етничка припадност, процент што паѓа на 10% за оние кои живеат на места со мешано население.

 

Link: https://algarvedailynews.com/news/18100-segregation-of-roma-communities-in-portugal-not-in-schools-but-housing-a-major-issue?fbclid=IwAR0O-qUK9bx6fx7Jf1x8JJtmvNMWexq1CacBN4NUmgE7_n2MNdfSKTq_6gU

Словенија: Животниот век на Ромите пократок за 20 години од останатото население

Поради начинот на живот и условите во кои живеат многу Роми во Словенија, тие умираат порано од мнозинството население на Словенија. Ова го покажа истражувањето на Националниот институт за здравство (NIJZ), кое беше објавено минатото лето без преголем одговор на јавноста. Податоците покажуваат дека стапката на смртност кај доенчиња Роми до 1 година е четири пати поголема од онаа на новороденчиња од оваа возрасна група во Словенија, додека стапката на морталитет кај деца од 1 до 4 години е дури и седум пати поголема.

 

„Истражувањето покажа дека просечниот животен век кај мажите Роми е 48 години, а за жени 63 години, што е во просек (55 години) скоро 20 години помалку во споредба со општата популација на Словенија (77 години)“, напишаа тие во истражување.

Најголема разлика има кај новороденчиња до четири годишна возраст, кои умираат четири пати или од една до четиригодишна возраст дури и седум пати побрзо од просечното словенечко дете на оваа возраст.

Потоа, од 30-та година, стапката на морталитет кај Ромите значително се зголемува и достигнува врв на возраст меѓу 40 и 49 години, кога стапката на смртност е 4 пати поголема од словенечкиот просек.

 

Link: https://www.delo.si/novice/slovenija/romi-zivijo-dvajset-let-manj-kot-ostali-slovenci-318750.html?fbclid=IwAR3bFzG0BFo6uOl24ByaT1LmuaEUgmRwDezOWtOUMJ89V3SDYejgnAriaSU

Србија: Во оптек е лажен слоган кој ириртира од Кандидатот од Демократската Унија на Ромите Милан Петровиќ – Фафи: „Гласај за Роми, не се циганиши„!

На социјалните мрежи почна да кружи лажен предизборен плакат на Демократската Унија на Ромите (ДУР) за локалните избори во Крагујевац, кој на навредлив начин зборува за ромското национално малцинство. Поради ширење на расна и етничка омраза на овој начин , носителот на таа листа од ДУР Милан Петровиќ –Фафи , пријавил непознати сторители во Одделот за високотехнички криминал.

Инаку официјалниот предизборен слоган на ДУР е „Сите за 11 – 11 за сите„ е преименуван во „Гласај за Роми, не се циганиши„! и кри на социјалните мрежи. Самиот носител Петровиќ се дистанцира од овој слоган и напомена дека од овој дискриминаторски слоган  е дискредитирачки , нелегитимен и недемократски акт.

Тој верува дека сторителите на ова дело ќе бидат фатени и адекватно санкционирани.

Напоменува дека вакви ксенофобични испади се најверојатно од причина што многумина Роми не се изјаснуваат за својата национална определба.

Инаку во Крагујевац според последниот попис се регистририани 1.482 Роми, но реално процентот на таа бројка е најмалку за шест пати поголема.

Донесена е одлука за распределба на финансиски средства наменети подршка на здруженија и фондации за мерки за спроведување со КОВИД 19 кризата

Владата на Република Северна Македонија, на седницата одржана на 13.6.2020 година, донесе Одлука за распределба на финансиски средства наменети за финансиска поддршка на здруженија и фондации за мерки за справување со КОВИД-19 кризата, со која се доделени 40 гранта на здруженија и фондации, во вкупна вредност од 29.519.495 денари или околу 488 илјади евра

 

Инаку Ромската заедница исто така како дел кој е опфатена во овие мерки Владата одлучи да им додели средства и на четри ромски организации и здруженија во висина од околу  2,742,000 денари или околу 45 илјади евра.

Од ромските организации средства добија Ромски Ресурсен Центар– 810.000 денари (околу 14 илјади евра), РЕЦ Амбрела – 769.500 денари (околу 13 илијади евра), Рома Перспектив –Прилеп  – 484.875 денари (околу 8 илјади евра) и Тернипе – Делчево –678.123 денари (околу 11 илјади евра).

FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 225 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот