Донесена е одлука за распределба на финансиски средства наменети подршка на здруженија и фондации за мерки за спроведување со КОВИД 19 кризата
Владата на Република Северна Македонија, на седницата одржана на 13.6.2020 година, донесе Одлука за распределба на финансиски средства наменети за финансиска поддршка на здруженија и фондации за мерки за справување со КОВИД-19 кризата, со која се доделени 40 гранта на здруженија и фондации, во вкупна вредност од 29.519.495 денари или околу 488 илјади евра
Инаку Ромската заедница исто така како дел кој е опфатена во овие мерки Владата одлучи да им додели средства и на четри ромски организации и здруженија во висина од околу 2,742,000 денари или околу 45 илјади евра.
Од ромските организации средства добија Ромски Ресурсен Центар– 810.000 денари (околу 14 илјади евра), РЕЦ Амбрела – 769.500 денари (околу 13 илијади евра), Рома Перспектив –Прилеп – 484.875 денари (околу 8 илјади евра) и Тернипе – Делчево –678.123 денари (околу 11 илјади евра).