Социјала

Ковид-19 и 5G – теорија на заговор која загрижува

Теоријата за 5G не е единствената теорија на заговор поврзана со новиот коронавирус.

Некои луѓе лажно ја поврзуваат пандемијата со Фондацијата на Бил Гејтс, додека други го поврзуваат вирусот со биолошките оружја создадени од Кина или САД.

 

Кога времето е тешко, „луѓето се мотивирани да најдат објаснувања што им даваат некаква, макар и лажна смисла на работите“. Значи, тие бараат модели што не постојат.

 

“Ни треба нешто што е под контрола”, вели Ани Стерниско, истражувач по социјална психологија на Универзитетот во Њујорк. “Можеби е поутешно да се има сеопфатна тајност која ја диктира сериозноста на вирусот отколку да признаеме дека светот и човештвото се зафатени од тоа”, вели таа.

 

Од друга страна, ако луѓето веруваат дека „Ковид-19“ е создаден од страна на таканаречена „Deep State“ или од телекомуникациските компании опседнати со профит, тоа е проблем за сите.

 

Проблемот беше поттикнат од погрешно вирално видео на Јутјуб на 12 март 2020 година, поставено од групата против вакцинирање “Родители за здравствени права”, во кое лекар на дисциплинска условна казна по име Томас Коуан ги поврзува мрежите на 5G со вирусот, тврдејќи дека урбаните области се најтешко погодени од Ковид-19.

 

Ова видео беше избришано, но не пред американскиот пејач Кери Хилсон да го сподели со 2,3 милиони следбеници.

Нема научна основа која ја поврзува 5G безжичната мрежа со ковид-19.

5G е најновата генерација на безжични мрежи која е побрза и поефикасна од претходните.

 

Како и 3G или 4G и 5G се пренесува преку радио бранови, нештетен дел од електромагнетниот спектар. Едноставно 5G е збунувачки и таа конфузија создава неизвесност. А со неизвесноста доаѓат и теориите на заговор. Ако врската меѓу 5G и коронавирусот нема никаков доказ, зошто луѓето сè уште веруваат во тоа?

 

Теориите на заговор им се допаѓаат на луѓето од најразлични причини. Ван Бавел смета дека „луѓето често сакаат некој или некоја група да биде обвинета“, додека Герцел забележува дека кога исплашените луѓе се желни за објаснување, тие се лути и бараат цел за својот гнев.

 

Исто така, постои и социјален аспект на теориите на заговор. Стерниско забележува дека чувството за обединување над заедничка кауза може да ги привлече луѓето во движења на заговор.

 

Идејата дека навистина ја знаете вистината, исто така им помага на луѓето да се чувствуваат „посебни и уникатни“.

 

Луѓето исто така создаваат теории на заговор со различни цели, вели Герцел. Некои луѓе сакаат внимание. Други сакаат да ја унапредат својата политичка кариера или да влијаат врз јавното мислење. Многумина сакаат да заработат, профитирајќи на неизвесноста.

„Мислам дека секоја група што има причина да се промовира, ќе скокне на ова“, вели Герцел, кој ги предупредува луѓето да внимаваат на сегашните пандемиски профитери.

 

 

Link: https://www.slobodnaevropa.mk/a/%D0%BA%D0%BE%D0%B2%D0%B8%D0%B4-19-5g-%D1%82%D0%B5%D0%BE%D1%80%D0%B8%D1%98%D0%B0-%D0%BD%D0%B0-%D0%B7%D0%B0%D0%B3%D0%BE%D0%B2%D0%BE%D1%80/30567653.html

Уранија Пировска: „Ромските осуденици во затворите се дискриминирани исто како и во системот на државата„

Уранија Пировска извршна директорка на Хелсиншкиот Комитет за човекови права во Р.С.Македонија може да се каже дека е добро информирана за состојбите во македонските затвори како и шочитување на човековите права на осудениците во тие установи.

Како генерален проблем Пировска го напоменува Намалување на пренатрупаноста во затворите, отвореност и слободен пристап во објектите на казнено-поправните домови.

Што се однесува до корумпираноста и митото, самиот соговорник вели дека е доброзапознаена со тој феномен, и според исказите на самите осуденици митото и корупцијата се застапени во овие установи но ниту еден досега нема поднесено таква пријава туку тоа се само од лични искажувања и искуства.

Во тој контекст не се иземени и осудениците од ромската заедница, кои патем многу често се и цел на дискриминација и притсоци како од самите осуденци така и од службените лица,

Меѓудругото Приковска напоменува:„Ромските осуденици во затворите се дискриминирани исто како и во системот на државата„ Таа се надоврзуваз дека

не смее да се оставата осудените лица на маргините на општеството. Потребна е политичка волја да се направи нешто повеќе за оваа популација“,истакна таа и истовремено препорачува дека треба сериозно, навремено и соодветно испитување на секоја индиција на нехуман третман, нечовечко постапување и тортура;

 

Според извештајот, вели таа, пренатрупаноста и рецидивите најмногу се должат на тоа што осудените лица ниту работно се оспособуваат, ниту пак посетуваат образование. Пировска појаснува дека не се води сметка и за сместувањето на затворениците, односно дека е потребно сместување според кривичните дела.

„Пренатрупаноста може да ни се повтори поради проста причина што се уште сме сведоци на тоа што судовите многу ретко одлучуваат да применат алтернативни мерки. Тоа го нотираме последните осум години“, рече Пировска.

Унгарија: Во унгарското село Пуста Хенце, намерно раскопан пат по кој се движат Ромите од тоа село

Според искажувањата на членот на ИРУ од Унгарија Дијана Гоман, во месноста Пуста Хенце . село во југозападниот дел на Унгарија, кој брои нешто над 1300 жители, во самото село живеат и припадници од ромската заедница.

 

Во селото има и еден локалне пат кој го користат и самите Роми, но според нив, деновиве токму тој пат е раскопан и уништен. Според нив тоа е направено намерно од страна на соселаните, само со желба да ја отсечат Ромската заедница од остатокот од тоа село.

Наводно поради пандемијата со КОВИД 19 тие на тој начин сакале да се дистанцираат од ромската заедница, за да не се инфицираат.

 

Од друга страна овој потег според Ромите од ова село, покажа дека всушност самите Унгарци сакаат да предизвикат етнички тензии, и отворено покажуваат дека Ромите не се добродејдени во ниваната средина.

 

Како ќе реагираат општинските власти на ова случување, сеуште не е познато и дали некој ќе носи одговорност за ова дело. Факт е дека тој локален пат е единствениот пат по кој може се движат возила, меѓудругото и возилата за медицинска помош, на кого му е потребно непречен пристап до самото место во време на оваа пандемија. Истовремено и на тој начин спречен е влезот и на против пожарните возила и останатите.

 

 

 

Link:https://www.facebook.com/robert.balogh.71868964/videos/pcb.238511527381988/238510020715472/?type=3&theater

Србија: Напад врз Роми од Младеновац

Ненад Пајиќ од Младеновац  вели дека неговото семејство во вторник на 12 мај било изложено на псовки и навреди на национална основа од страна на две за нив непознати момчиња .

 

Всушност во дворот пред нивниот станбен објект дојдоа двајцата непознати момчиња на возраст од околу триесетина години , кој најпрво ја нападнаа неговата сосетка.

 

-Застанаа пред нашата зграда и почнаа да викаат „Циганим Цигани„ и дофрлуваа погрдни зборови. Започнаа да го удираат нејзиниот пес, и кога ги праша кој е поводот за тој напад, тие на старицата и одговорија: „Вас Циганите треба да ве истребиме, вие сте олош„

 Во тој момент Ненад ги замоли момчињата да престанат со таквото однесување, но тие исто така повторуваа дека треба сите Роми да се истребат.

Воедно исто така сакаа и да го удрат.

 

Но во тој момент мојата мајка и сестра спречија поголем инцидент, затоа што Ненад е срцево болен и има епилепсија, висок крвен притисок и цисти во мозокот.

Можеше лесно да се случи ако случајно беше удрен по неговот здравје тој удар да биде фатален.

 

- Беа насилни и пцуеја, и еден напомена дека поради нас Ромите и претседателот Вучиќ, лежеше затвор 7 години , рече Ненад Пајиќ

Потоа мајка му Даниела скришум повика полиција која навистина брзо пристигна и момчињата беа уапсени.

 

Link: https://www.kurir.rs/vesti/drustvo/3463649/napadnuti-romi-u-mladenovcu-napadaci-psovali-predsednika-vucica-najstrasnije-pretili-i-nasrnuli-na-romsku-porodicu?fbclid=IwAR0yxhLuSuV-SdPRMWaG0TZI1KKjGfMSLUs9pYTHFfXoPy1-NRR52Px_flc

FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 322 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот