Во Токио,Јапонија промовиран ромскиот јазик, култура, традиција, потекло и историја преку документарецот на СП БТР „Небо, Точак, Земја„
Пред стотина заинтересирани јапонци на 11 август во Токио во
Athenée Français Cultural Center беше презентиран и прикажан документарнит филм за потеклото, историјата, традицијата и јазикот на Ромите кој е производ на СП БТР продукција. Настанот беше организиран од страна на ИРУ делегатот од Јапонија и ромскиот активист Суми Јусуке.
По тој повод пред прикаживање на филмот свој поздравен говор пред присутните, свое видео обраќање имаше продуцентот на тој филм и воедно претседател на ИРУ Зоран Димов.
По завршување на проекцијата Суми Јусуке имаше своја презентација и запознавање со дел од ромската култура , традиција , историја и јазик на присутните гости.
Општ впечаток беше дека присутните беа импресионирани од ромската култура и традиција која за многумина од нив беше и прво запознавање со Ромите.
Како што беше напоменато од страна на организаторот Јусуке, овој вид на презентација и во иднина ќе прерасне во традиција, и вакви настани поврзани со Ромите ќе се организираат во оваа далечна земја од далечниот Исток – Јапонија.