Се снима нов филм за Ромите и музиката „ Калафон„. Започната е краудфандинг кампања
Продукцијата ЕТМ, која работи на реализација на дебитантскиот краток филм на Вук Богдановиќ „Калафон“, дело што ја афирмира музичката креативност на Ромите, истовремено истакнувајќи ги проблемите со кои се соочуваат дискриминираните и маргинализираните групи на население, започна кампања за групно финансирање на платформата Индиегого.
Филмот е поддржан и од Националниот совет на ромското национално малцинство. Проектот на тој филм беше поддржан претходната година на конкурсот на Филмскиот центар на Србија, чија комисија во своето образложение истакна дека станува збор за особено квалитетен проект кој се издвојува поради познавањето на материјалот и милјето во кое филмот се одвива, и големата љубов на авторот кон главните актери.
Заплетот на филмот се заснова на традициите, обичаите и музиката на Ромите, воведувајќи не во овој фантастичен свет преку филмската поетика на авторот.
Ромската култура го инспирирала авторот да ги истражи проблемите со кои се соочува ова национално малцинство, суровиот живот на музичарите, кафанџиите, келнерките, забавите, злоупотребата на детскиот труд, магичниот круг на сиромаштија и необразование, нелегалниот пазар на труд, невидливоста во државниот систем...
Филмот ќе содржи изворна ромска музика, која ќе биде спасена од заборав и на овој начин ќе се претстави пред пошироката публика.
Освен тоа, ќе има и авторска музика која уште долго ќе го живее својот кафански живот.
Режисерот сака да ја прикаже својата визија за животните приказни на ромските музичари користејќи го автентичниот јазик на филмот и преку својата естетика да го посочи овој општествен феномен.
Покрај режијата, тој го напиша и сценариото за овој филм.
Според планираното, филмот „Калафон“ ќе се прикажува на сите релевантни домашни и странски фестивали за краток филм.
Link: https://www.danas.rs/kultura/pokrenuta-kraudfanding-kampanja-za-kratkometrazni-film-kalafon/
Youtube: