На 27 Април во Кинотека на Р.С.Македонија по 7-ми пат Ромскиот детски музички фестивал „Чхаворикано суно„ во организација на СП БТР
Традиционално по 7 –ми пат во организација на СП БТР Продукција на 27 Април 2023 година со почеток од 10 часот во просториите на Кинотека на Р.С.Македонија ќе се одржи Ромскиот детски музички фестивал „Čhavorikano Suno 2023“ – „Детски Сон 2023„.
На фестивалската програма же бидат презентирани нови 10 детски ромски песни, кои ќе ги исполнат деца Роми ученици.
На сцената ќе продефилираат и „Тиктокрери„, „Мафијаши„, „Индијки„, Вљубени„ и други наслови.
Песните се снимени во студиото на „Екстрем Медиа„ и продуцентот Реан Незриовиќ, атекстовите се на Енис Муарем.
Директорот и организатор на фестивалт Зоран Димов напомена дека и оваа година децата ќе ја изненадат публиката со квалитетни и убави рефрени.
Исто така испраќа и голема благодарност до ОУ„ Браќа Рамиз и Хамид „ за соработката во избор на деца изведувачи. Како и одделенскиот наставник Александар Јанчев.
Инаку фестивалот финансиски го помогна Министерството за Култура на РСМ. Влезот е слободен