Јавен повик за финансиска поддршка за учениците од основните и средните училишта
Јавен повик за финансиска поддршка за учениците од основните и средните училишта чии семејства имаат вкупни месечни приходи од нето плата до 50.000 денари. Финансиска поддршка во износ од 1.800 денари за учениците од средното образование, односно 1.200 за учениците во основното образование.
Се повикуваат сите ученици од основно и средно образование кои ги исполнуваат следните услови:
1.Да се државјани на Република Северна Македонија;
2.Да се редовни ученици во основното, односно средното образование;
3.Да се ученици чии семејства имаат вкупни месечни приходи од нето плата до 50.000 денари.
Учениците треба да се пријават во училиштето во кое се запишани.
Рок за пријавување од 18 до 24 декември 2023 година.