Едукација

Листа на најпознати ромски населби во Европа

Ова е листа на најпознати ромски населби во Европа, каде ромите претставуваат мнозинско население.

Бугарија Столипиново, дел од Пловдив и една од најголемите ромски населби на Балканот, Факултета, Софија, Токаито во Пазарџик и Надежда во Сливен

Словачка Луник IX, во Кошице, најголема ромска населба во Словачка.

Чешка Чанов, ромска населба во Рудолице над Билиноу

Унгарија Хос Утца во Будимпешта, Алшосентмартон, ромско село во Барања, и др

Македонија Општина Шуто Оризари, Скопје, Топаана, Скопје, Средорек, Куманово. Баир, Битола,. Тризла, Прилеп и др.

Kosovo, Бресје во Косово Поле

Србија, Депонија, ромска населба во Белград. Јатаган Маала, Маринкова Бара населба во Белград, Бангладеш, ромска населба во Нови Сад, Црвен крст , Ниш и др.

Романија, Ферентари во Букурешт

Шпанија, Сакромонте во Гранада, Триана во Севиља, и Ноу Барис во Барселона

Поругалија Каниера, Монтио во Сетубал

Италија Скампиа во Неапол

Грција Скампиа во Атина

Турција Сулукуле и Ајвансарај во Истанбул

Општина Гази Баба - Скопје ќе обезбеди бесплатна градинка за дечињата Роми

Општина Гази Баба продолжува со реализирација на проектот за инклузија на децата Роми во јавните установи – детски градинки.

За таа цел градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски во клубот на пратеници потпиша договор со Министерот за социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани за реализација на проектот Инклузија на деца ромиво јавните општински установи – детски градинки.

Секое дете е важно и токму затоа општина Гази Баба го реализира овој проект. Крајната цел е дечињата од најмали нозе да бидат дел од образовниот процес. Наша обврска како единици на локална самоуправа е да креираме услови со кои дечињата од нашите општини ќе прераснат во силни индивидуи – изјави градоначалникот Стефковски.

Престојот на дечињата Роми во детските градинки во општина Гази Баба е бесплатен, односно за истите Советот на општината има донесено Одлука за ослободување од плаќање на надоместок за престој во градинка.

Прво место на манифестацијата „Карпош има талент“ за учениците Роми од ООУ „Аврам Писевски“

Вчера вечерта во Драмскиот театар Скопје Општината Карпош ја реализираше манифестацијата „Карпош има талент“ по повод деновите на Општина Карпош. На оваа манифестација како едно од 10-те училишта од општината свое учество со музичка точка зема и основното училиште, „Аврам Писевски“

 Учениците од ова училиште настапија со композицијата „Чае шукарије“ која ја подготвуваа под менторство на наставничката по Музичко образование Слаѓана Чекичевска и наставничката по Јазик и култура на Ромите, Џеврије Фасљии и дефектологот Маријана Грчевска Чадиковска.

Учениците од срце ја изведоа оваа точка и беа наградени со Прво место, како најдобра точка и изведба на манифестацијата.

Освојувањето на првото место претставува голема радост и поттик за сите ученици и вработени во ООУ „Аврам Писевски“.

На 3 октомври се одржаа првите 2 часа он лајн курс по ромски јазик и култура

Најавуваниот он лајн курс по ромски јазик и култура, започна со своја реализација. По иницијатива на претседателот на ИРУ, Зоран Димов, а во соработка со Филолошкиоот факултет „Блаже Конески„ при УКИМ од Скопје, Република Северна Македонија вчера 3 октомври 2024 година со почеток од 15:30 часот започна наставата за изучување на Ромски јазик и култура, почетно ниво преку он лајн.

Свој поздравен говор на првиот час имаа иницијаторот на оваа настава претседателот на ИРУ Зоран Димов, и Деканот на Филолошкиот факултет „Бласже Конески„ прио УКИМ, Скопје, Македонија.

Предавачи низ целиот тримесечен курс се м-р Даниел Петровски и Суми Јусуке. Наставата го посетуваат 20 кандидати од 10 држави, Македонија, Србија, Црна Гора,  Романија, Германија, Чешка, Словачка, Данска, Шведска и Финска. Импресиите од првиот час беше многу позитивен кај сите присутни.

Он лајн наставата ќе трае 3 месеци со фонд од 60 часови , два пати во неделата по 2 часа и тоа секој понеделник од 15:30 до 17:30 и секој четврток од 16 до 18 часот.

На крајот од он лајн курсоит, сите  кандидати ќе се стекнат со Сертификати заверени од Филолошкиот факултет. Оваа практика ќе продолжи и понатамуу да се спроведува и за останатите заинтересирани кандидати без разлика на место на живеење..

Инаку он лајн курсот за овие 3 месеци чини 200 евра , а има можност за плаќање и на рати.

FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 821 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот

Joomla! Debug конзола

Сесија

Информација за профил

Искористеност на меморија

Барања до базата