Социјала

Американската амбасада во Скопје го ретвитна твитот на Ранко Србаковски, а тој расистички ги нападна Афроамериканците и Ромите

Човекот чиј твит деновиве беше реобјавен од страна на официјалниот профил на американската амбасада во Скопје , тој со отворен расизам и говор на омраза против Афроамериканците во САД и против македонските Роми.

Лицето Ранко Србаковски кој важи за еден од најголемите поддржувачи на Зоран Заев и СДСМ на Твитер Афроамериканците ги нарекува “Црнци” а македонските Роми со погрдниот назив “Цигани”

“Ги гледам црнциве што прават во Америка, па циганиве наши се британски благородници за нив, не сакам веќе да чујам лош збор за нив”, напиша Србаковски.

Предходно амбасадата на САД во Македонија го реобјави твитот (ретвитна) статусот на Србаковски за средбата меѓу Руските и Американските авиони над Црното Море.

 

Link: https://expres.mk/kaleto-go-retvitna-a-toj-rasistichki-gi-napadna-afroamerikancite-i-romite/

Родителите на киднапираната Моника Каримановиќ после судењето на „Малчанскиот бербер„ велат: "Свесен е за вината, но не покажа каење!„

- Помина онака како и очекувавме, се надевавме дека ќе побара одбрана, да се заштити со нешто„ – рече мајката на Моника, Александра.

Малчанскиот бербер е свесен за вината, но не покажа каење- напомена Роберт Каримановиќ по излегување од Вишиот суд во Ниш каде беше продолжено подготвителното рочиште  за киднапирање и злоставување на неговата ќерка Моника.

- Добро е подготвен за судењето, судијата добро го водеше рочиштето, јас сум задоволен, и во тој однос се е опфатено – напомена таткото на малата Моника.

На прашањето дали Нинослав Јовановиќ имаше некаква реакција , родителите велат:

- Се забележува ароганција на неговото лице.

 

Link:

Сегрегација на ромските заедници во Португалија: Во училиштата нема, но домувањето е главно прашање

Сегрегацијата на училиштата на децата Роми останува на високо ниво во некои земји од Европската унија, но Португалија има споредбено значително пониски бројки според податоците на Европската агенција за фундаментални права (ФРА), објавени овој четврток.

Анализирајќи го процентот на деца Роми од 6 до 15 години кои посетуваат училишта во кои поголемиот дел од нивните соученици се Роми, постои значителна разлика кога децата живеат во населби или локации каде што населението е целосно или претежно „ромско“, наспроти оние кои живеат во населби во мешани населенија.

На пример, во Унгарија 73% од децата кои живеат во населби со мнозинство Роми велат дека нивното училиште ја рефлектира оваа реалност, при што повеќето, ако не и сите, ученици имаат иста етничка припадност. Што се однесува до оние кои живеат во населби со мешано население, само 22% велат дека имаат часови претежно или целосно од нивната етничка припадност. Словачка и Бугарија се уште две земји каде бројките за сегрегација се големи.

Сепак, во деветте анализирани земји, Португалија има најмал број индикатори за сегрегација во целост: само 17% од децата Роми кои живеат во населби со мнозинство Роми, тврдат дека имаат часови претежно од нивната етничка припадност, процент што паѓа на 10% за оние кои живеат на места со мешано население.

 

Link: https://algarvedailynews.com/news/18100-segregation-of-roma-communities-in-portugal-not-in-schools-but-housing-a-major-issue?fbclid=IwAR0O-qUK9bx6fx7Jf1x8JJtmvNMWexq1CacBN4NUmgE7_n2MNdfSKTq_6gU

Словенија: Животниот век на Ромите пократок за 20 години од останатото население

Поради начинот на живот и условите во кои живеат многу Роми во Словенија, тие умираат порано од мнозинството население на Словенија. Ова го покажа истражувањето на Националниот институт за здравство (NIJZ), кое беше објавено минатото лето без преголем одговор на јавноста. Податоците покажуваат дека стапката на смртност кај доенчиња Роми до 1 година е четири пати поголема од онаа на новороденчиња од оваа возрасна група во Словенија, додека стапката на морталитет кај деца од 1 до 4 години е дури и седум пати поголема.

 

„Истражувањето покажа дека просечниот животен век кај мажите Роми е 48 години, а за жени 63 години, што е во просек (55 години) скоро 20 години помалку во споредба со општата популација на Словенија (77 години)“, напишаа тие во истражување.

Најголема разлика има кај новороденчиња до четири годишна возраст, кои умираат четири пати или од една до четиригодишна возраст дури и седум пати побрзо од просечното словенечко дете на оваа возраст.

Потоа, од 30-та година, стапката на морталитет кај Ромите значително се зголемува и достигнува врв на возраст меѓу 40 и 49 години, кога стапката на смртност е 4 пати поголема од словенечкиот просек.

 

Link: https://www.delo.si/novice/slovenija/romi-zivijo-dvajset-let-manj-kot-ostali-slovenci-318750.html?fbclid=IwAR3bFzG0BFo6uOl24ByaT1LmuaEUgmRwDezOWtOUMJ89V3SDYejgnAriaSU

FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 86 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот

Joomla! Debug конзола

Сесија

Информација за профил

Искористеност на меморија

Барања до базата