Социјала

Инцидент во Шутка, револтираните граѓани протестираа и велат: „Полициска патрола прегазија пешак и не застанаа„

Во петок во попладневните часови, група од над 500 - 600 жители на Шуто Оризари се собраа на улицата Јован Хаџишишков во знак на протест и револт.

Причина за револтот според нив е дека нешто пред 19:00 часот возило на полициска патрола поминувајќи низ таа улица, предизвика сообраќања несреќа при што повредено беше едно лице. Според очевидците, возилото не застана и го продолжи својот пат.

Повредениот со помош на свои блиски роднини беше однесен во градската болница „Св.Наум Охридски„ во Скопје. Но тогаш настана и инцидент, каде според неговите роднини, наводно повредениот по укажаната медицинска помош, бил изнесен од задниот дел на болницата, и обвинуваат дека полициски службеници употребиле физичка сила и бил однесен во полициска станица.

Поради тоа се направил голем револт кај насобраните граѓани, кој реагираа на таа бруталност , а истовремено немаа никаква информација каде е однесен повредениот.

Според неофицијалните искази на неговите најблиски, тој бил малтеретиран и тепан и однесен во полицијска станица Центар.

Засега нема никаква повратна информација од страна на полицијата, затоа што портпарлите на МВР и СВР Скопје, не одговараа на телефонските повици на редакцијата на Roma Times.

80 години од стартот на депортација на Роми и Синти во Хамбург

На 16 мај 1940 година во 06:00 наутро во Хамбург започна апсењето на Ромите и Синтите од страна на криминалната полиција, и однесени во тогашниот конц логор Белзец во делот обележан како Барака Ц

 

Тоа значи дека Холокаустот (Порајмос) врз Ромите и Синти започна на 20 Мај 1940 година со првиот воз за депортација.

Од Хамбург имаше уште две депортации на Роми и Синти и тоа девете во Аушвиц. Првата на 11 март 1943 година и на 26 април 1944 година.

Инаку депортацијата на Ромите и Синтите беше исто така во текот на Втората светска војна низ територијата на цела Германија и низ многу земји во Европа.

Од нив над 90% завршија погубно за Ромите и Синтите.

 

Долго време не беше признат овој прогон врз Ромите и Синтите. За првиот прогон во Хамбург дури во 1982 година се изборија за комеморативен настан во Хамбург.

 

Поради состојбата со коронавирусот оваа година на одбележување на 80 години од тој настан,  не ќе може масовно одбележување на овој настан, но сепак една мала делегација ќе запалат свеѓи и ке положат венци на ромските гробишта "Дибштајх" во Хамбург.

УСАИД и УНИЦЕФ: 1.600 пакети за хигиена за ромските заедници во БиХ

Директорот на УСАИД за БиХ , Ненси Ј. Еслик и претставникот на УНИЦЕФ во Босна и Херцеговина, Роунак Кхан, им доделија донации - хигиенски пакети на ромската заедница во населбата Мало Чајно во Општина Високо.

 

Оваа донација од УСАИД и УНИЦЕФ  е доделена на најзагрозените популации, како одговор на итните барања од владите на сите нивоа. Неговата висина изнесува околу 500.000 американски долари.

 

„Децата Роми и заедниците се меѓу најранливите во социо-економските околности. Постојат големи разлики помеѓу Ромите и другите популации кога станува збор за опфатот на основните социјални услуги, вклучително и вакцинацијата.

 

Според најновите сеопфатни податоци, целосната имунизација на ромските деца била само 4 проценти“, рече претставникот на УНИЦЕФ во Босна и Херцеговина, Ронак Кхан.

 

Во следните неколку недели, околу 1.600 ромски семејства низ БиХ ќе ги добијат овие хигиенски пакети, рекоа од УНИЦЕФ.

 

Link: http://www.portal-udar.net/usaid-i-unicef-1-600-higijenskih-paketa-za-romske-zajednice-u-bih/

 

Дрвокрадци во неделата предизвикале голем инцидент. Полицајци со 7 полициски возила едвај ја смириле толпата на Радански Пат во Штип.

Дрвокрадци во неделата  - 10 мај, на Радански Пат во Штип предизвикале голем инцидент откако шумската полиција се обидела да сопре претоварена Лада со дрва…

 

Според соопштението од полицијата во него се вели дека крадците не застанаа туку побегнаа. Шумската полиција се обиде да се приближи, но тие почнаа да маваат со дрвата.

 

Полицијата најпрвин пристигнала со две возила, но на местото пристигнаа и повеќе луѓе, и полицијата повика засилување. Пристигнаа уште 5 полицијски возила, на што Ромите одговорија со тоа што пристигнаа и поголема група од околу 150 Роми.

 

Тогаш настана вистински хаос, кој за среќа не беше предизвикан поголем инцидент.

Полицијата работи на комплетирање на случајот и против сторителите ќе биде поднесена кривична пријава.

 

Од шумската полиција напоменаа дека ќе се оди во секој двор да се утврди идентитетот на дрвата кој ќе бидат пронајдени.

 

Инаку за поседување на немаркирани дрва казната е 3.500 евра. Шумската полиција испраќа апел до граѓаните да не купуваат крадени дрва и да не ги стимулираат дрвокрадците.

 

Link: https://www.youtube.com/watch?time_continue=7&v=O8gFNAb_u5I&feature=emb_logo

FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 109 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот

Joomla! Debug конзола

Сесија

Информација за профил

Искористеност на меморија

Барања до базата