Социјала

Ковид-19 во Европа: Први чекори кон нормализација на животот

Европа од континентите е најпогодена од пандемијата со 1 447 998 заболени и 140 645 смртни случаи

 

Од денеска голем број европски земји почнуваат да укинуваат некои од рестриктивните мерки воведени поради пандемијата со ковид-19.

 

Италија која најтешко е погодена европска земја од пандемијата, од денеска има дозволува на своите граѓани да можат да ги посетуваат своите роднини, да се собираат во ограничени групи. Од денеска се отвораат парковите, но со држење  физичко растојание. Работата во градежништвото и трговијата на големо е целосно обновена.

 

Кафулињата, рестораните и баровите ги отвораат своите кујни, но ќе продаваат храна само за дома. Училиштата според новите правила ќе останат затворени до септември. Остануваат ограничувањата за движење од една до друга област. Маските важат за аеродромите и станиците и за јавниот превоз. Од денеска се обновени патничките летови од аеродромите во Cампино во Рим и Перетола во Фиренца, кои беа привремено затворени поради епидемијата.

 

И Шпанија, која исто така е на врвот по бројот на заболени од ковид-19 во светот, почнувајќи од денеска, дозволи отворање на мали трговски објекти како фризерски салони што можат да примат клиенти по претходно закажан термин. Баровите, кафулињата и рестораните како и во Италија ќе продаваат храна и пијалоци само за дома.

 

Училиштата остануваат затворени до септември.

Самка Ибраимовски – ПЦЕР должи околу 12 илјади евра, и сметката е блокирана, како ли функционира?

Како и претходно така и сега ТВ БТР Национал како правен субјект и нејзиниот сопственик, тврдат дека поради неисплатени средства за платена политичка програма и кампања во 2011 година кога имаше Предвремени парламентарни избори каде како лидер на ПЦЕР Самка Ибраимовски стана и пратеник во Собранието на Р.Македонија, иако поминаа скоро 9 години сеуште не ги исплатил средствата за кој е должен кон ТВ БТР Национал.

 

Официјално поради тие средства покрената е извршна постапка по која сметката на ПЦЕР е блокирана.

Според тврдењата на сопственикот на ТВ БТР-Национа, Партијата ПЦЕР е блокирана поради долгот кон медиумот во висина од 288.864 денари. Поради дицнењето каматат која е пресметана кон овој долг изнесува 302.832 денари.

 

Исто така за нотарски и адвокатски трошоци долгот изнесува 13.963 денари и пресметаната камата во висина од 14.590 денари .

Како судски трошоци премсетано е дека ПЦЕР должи 14.044 денари и каматата во висина од 13.204 денари.

 

Воедно ПЦЕР е должен и на Аплеација 8.284 и камата од 7.239 денари. Вкупниот долг изнесува 663.022 денари но истовремено и на тој долг потребно е да се внесат каматите во висина од 63.000 денари и адвокатски трошоци во висина од 6.136 денари.. Тогаш произлегува дека ПЦЕР е должен над 730 илјади денари или околу 12.000 евра.

 

Тогаш се поставува прашањето ако сметката на ПЦЕР е блокирана како функционира партијата? На кој начин и се исплаќаат средставата кој им следува на партиите и се финансирани од државата? ТВ БТР и понатаму преку правни инструменти ќе ја информира јавноста кој чекори ќе се превземаат во иднина за да се дознае целата вистина за функционирањето на ПЦЕР.

Електродистрибуција после договорот ја приклучи електричната енергија за 17-те семејства од Подворце

После недела дена мрак на 17 семејства од ромската населба Подворце повторно светнаа сијалиците.

Електродистрибуција Лесковац на почетокото од минатата недел поради дефект  - искрење во еден дел од улицата Зеко Буљбаша во населбата Подворце ја  исклучи електричната енергија.

 

По сиклучувањето , лесковачката електродистрибуција бараше од граѓаните да платат она што должеат, а сумата не беше мала, за да ги приклучат повторно во електросистемот.

 

По протестот на граѓаните пред погонот на електродистрибуција и состанокот со раководството на оваа компанија  во Лесковац , дојде до договор.

 

Овие 17 семејства според договорот , мораа да плата 10% од долгот кој го имаат за струја, каде повторно им беше приклучена електричната енергија.

Ромската населба Факултет во Софија е под карантин, а Ромите се оставени без никакви средства за живот

Ромите протестираа во главниот град на Бугарија, Софија поради страв од загуба пради построгата примена на мерки предизвикани од коронавирусот во ромските населби со цел ширење на пандемијата.

 

Од минатиот четврток Ромите од населбите Факултети и Филиповци се под контрола на контролни пунктови и грижа дека тие се под ризик од инфекција затоа што имаше околу 10 случаји на позитивни со вирусот во овие ромски населби.

 

Градоначалникот Јорданка Фандукова ги негираше тврдењата дека со ограничување на  движењето во тие населби всушнсот врши дискриминација.

 

Но Ромите велат дека со овој потез ги остава повеќето семсјства без основна егзистенција, каде во овој реон редовните вработувања се бна многу ниско ниво.

 

„Повеќето Роми се  дел од сивата економија „ напомена Христо Николов, здравсвен посредник во Факултетите. „ Не се во состојба да ги предадат документите за свое вработување и сега не смееат да ја напуштат населбата и да заработата за живот„

 

Link: https://rominfomedia.rs/?p=16877&fbclid=IwAR01-9IhI-iKl6j1NsLyqAyOogPvgRmOpp6OPBQ8r4yrJ3xFdf-fuSVSXDE

FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 92 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот