Antigypsyism

Министерката за труд и социјална политика во Владата на Р.Северна Македонија Јованка Тренчевска : „Обврска ни е децата Роми да ги вклучиме во образованието„

Деветта Меѓународна конференција за жените и девојчињата Ромки и жените и девојчињата патувачи, која се одржа изминатава во Скопје, во организација на Советот на Европа и Владата на Македонија, се дискутираше за предизвиците, проблемите но и за решенијата. Целта беше да се види каков напредок е постигнат во интеграцијата на жените и девојчиња Ромки и Патувачи, да се споделат искуства и да се истакнат предизвиците на кои треба во иднина да се работи. 

„Наша обврска е да создадеме општество во кое граѓаните, независно на која етничка заедница и припаѓаат ќе се чувствуваат сигурно и ќе имаат еднакви можности и пристап до ресурси за личен развој и напредок. Општество кое интегрира, а не сегрегира, општество кое обединува, а не прави делби, односно општество кое вклучува, а не исклучува“, истакна министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска.

Напорите кои ги вложуваме во унапредувањето на статусот на жената Ромка во нашата земја, како што посочи Тренчевска, произлегуваат од Стратегијата и националните акциски планови за Ромите Македонија, како и од посебниот Акциски план за жената Ромка. 

Наша обврска е, дополни таа, е да преземаме мерки и активности за надминување на оваа состојба, за вклучување децата Роми во предучилишното образование, за вклучување на децата Роми во образованието, за нивно згрижување во дневни центри со цел да им се даде поддршка, но и на нивните родители. 

In Memoriam: Марко. Д. Кнудсен (1974 – 2023 )

На 21 Ноември 2023 година, Роомите и Ромската заедница како од Европа така и од светот изгуби еден истакнат Ромски експерт и активист. Марко Кнудсен со својот ангажман уште од најрана младост започна со својот активизам, и во сиот овој период придонесе многу во борбата против  дискриминацијата и антициганизмот. Беше  ценет како од Ромската заедница, така и од останатите. Своето знаење го изрази и како Експерт за Институтот Георг Екерт,работеше и во Советодавниот одбор за интеграција Хамбург, а исто и как дефектолог и социјален работник во Здружението за образование на Ромите во Хамбург. Меѓу другото беше активен и во вклучување и учество на Ромите и Синтите,Советник на важни институции и личности Роми и Синти: работи како експерт во Канцеларијата на ОБСЕ за демократски институции и човекови права (ОДИХР).

Беше исто така и познат и признат филмски продуцент и филмски работник

Работел како ТВ продуцент во Offener Kanal Hamburg,

Живееше и работеше во Хамбург

 

Сликарот Север Золак ја фотографира Слаѓана Новаков и ја претставува како Ромка со академска тутула, храбра, елегантна жена со исклучителна убавина

Слаѓана Новаков е образована Ромка, со академска диплома, која повеќе не живее во неформална населба. По потекло е од ромската населба Опово, крај Зрењанин, сега живее во Белград и има 30 години.  Север Золак за овој портрет ја избра Слаѓана со цел да ја потсети јавноста на фактот дека Ромките исклучително ретко се инспирација за уметниците, а дека, дури и кога се присутни во различни сфери на уметноста, најчесто се демистифицираат преку улога на необични жени.

Ова е прв пат Слаѓана да позира. Оваа изложба беше поставена во Белград, - Музеј на град Белград, Р.Србија во периодот од 15. 10. - 29. 10. 2020 каде модел беше Слаѓана Новаков, шминката на Драган Вурдеља и фустанот дизајниран од Инес Јанковиќ

Link: https://www.originalmagazin.com/urednicki-izbor/sever-zolak-sladjana-novakov-paja-jovanovic/

 

Поради расно профилирање на Роми, С. Македонија треба да плати казна од 13.000 евра, одлучи Судот во Стразбур

Европскиот суд за човекови права донесе пресуда против  С. Македонија со која се осудува расното профилирање на Роми на граничните премини, а пресудата се однесува на петмина апликанти од ромска етничка припадност, застапени од Европскиот центар за правата на Ромите (ЕЦПР) од Брисел и приватни адвокати кои работат за Македонското здружение на млади правници (МЗМП).

Од ЕЦПР истакнуваат дека на 24 октомври, Судот утврдил  дискриминација на четворица од петмината Роми- апликанти и повреда на нивната слобода на движење, дополнувајќи дека Судот ја задолжил земјава, во рок од три месеци по донесувањето на пресудата, да им исплати оштета во различен износ врз основа на нематеријална штета, во вкупен износ од 13.000 евра. Од ЕЦПР велат дека во донесената пресуда апликантите се дел од лицата кои биле жртва на расно профилирање на граничните премини во 2014 година. Тужбите пред домашните судови биле поднесени со заедничка помош од Европскиот центар за правата на Ромите и Македонското здружение на млади правници.

 

FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 197 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот