Antigypsyism

Nai bistarde - Непреболени: Ромскиот холокауст се одбележа и во Лондон

На 2-ри август на просторот пред британскиот Парламент, Вестминстер, Роми од цела Велика Британија се собраа на протест против расна дискриминација, во знак на одбележување на жртвите на Ромскиот Холокауст - геноцидот врз Ромите за време на Втората светска војна.

Собирот во Лондон беше поддржан од европското општество ГРТ. Водачите и активистите од Ирска, Шведска, Франција и Италија продефилираа низ улиците на главниот град на Велика Британија и, одбележаа заедно за правата на Ромите и да им оддадат почит на жртвите од холокаустот.

Тој ден Ромите и Патниците стоеја рамо до рамо во Лондон за кампања против предрасуди и дискриминација.

Целата протестна група потоа се упати кон канцелариите на Европската комисија и Европскиот парламент во Велика Британија, каде заедницата и поддржувачите на ГРТ му покажаа „црвен картон“на ЕУ, затоа што не ги брани основните човекови права на Ромите во Европа.

Link: https://www.travellerstimes.org.uk/news/2019/08/nai-bistarde-unforgotten-roma-holocaust-commemorated-london?fbclid=IwAR2Bb7XiL7bZRCVHCXVzdWPc5zpRXFEGReIdaM2dy9pT_JsVeJMty2ugAvI

 

 

Музејот за лични приказни во Осијек е навистина посебен, а трогателната изложба на Ромската приказна стана виртуелна


Штом ќе свртев грб , ми ја пцуеа мајката циганска - е дел од фрагментите на еден учесник во изложбата „Расказите на Ромите„ Музел на лични приказни во осјек.

Идејата за овој проект е родена пред неколку години , и позади нив се иницијаторите на оваа идеа Жељка Ковачевиќ (Фаде Ин) и Јовица Радосављевиќ (Ромски ресусен центар Дарда). Овој двоец сметаше дека нема доволно запишани материјали за ромската заедница во хрватска и тоа сакаа да го промеат.

Така постана и „Расказите за Ромите„ изложба која данас собира многу поголем број на авторски (Мартина Глобучник, Жељка Ковачевиќ и Мирослав Сикавица) и продукцискиот тим , и како стои на страницата на Музејот на лични приказни во кој склоп и таа се пласира станува збор за лични и важни моменти на Ромите и Ромките, и поголемиот број на припадници од подгрупата Мунтенци/Мунчари, Лудари и Ардељани/Ердељци, потоа Бајаши населени во регионот на Славонија и Барања.

Link: http://www.romskiportal.com/2019/08/07/muzej-osobnih-prica-u-osijeku-stvarno-je-poseban-a-dirljiva-izlozba-price-roma-postala-je-virtualna/

На една групација на таксисти во Ниш им е наложена да не примаат Роми?

Голем прав во Србија се подигна поради правилникот на такси здруженијата која кружи на интернет, каде на таксистите им е наложено да не примаат Роми. Не е наведено за кое здружение станува збор , но се претпоставува дека станува збор за нишко такси здружение поради името на населбата каде е наведено како место на избегнување.

Сеуште не е потврдена веродостојноста на документот , но ако се докаже, нема сомнеж дека авторот на упатсвата за шоферите ги крши човековите права.

Покрај тоа што во правилникот им се забранува на таксистите да користат тоалет и вода во централата на компанијата м јасно е наведено дека припадниците од ромската заедница за оваа такси компаниа се непосакувана клиентела.

Во документот се наведени и прецизни насоки како треба да се однесуваат возачите доколку ги запрат Роми и како најлесно да се побегне од нив.

“Заради текстовите во медиумите кои не можат со сигурност да потврдат за каков текст станува збор , се повикуваат организациите за заштита на човековите права да го испитат овој документ„

Се очекува доколку навистина има правилник, тужбата може да биде направена во најкраток можен рок. Оваков начин на работење е недопустливо и треба да се санкционира.

 

Link: http://www.portal-udar.net/grupi-taksista-u-nisu-nalozeno-da-ne-primaju-rome/

 

ERRC ќе обезбеди да правда за Ромите кои беа под тортура од страна на словачката полиција

Европскиот центар за права на Ромите (ERRC) ќе обезбеди правна помош за Ромите од Милхост, Словачка, кои беа физички малтретирани од полицајци додека биле во притвор на 23 јули 2019 година. Двајца млади Роми, на возраст од 19 години, беа уапсени и сериозно претепани од полицајците кога беа приведени во еден локален паб.

Три други жени, вклучувајќи ги и мајка и тетка на еден од момчињата, исто така биле физички нападнати за време на притворот, откако полицајците влегле во нивниот дом и го нападнале семејството. Жртвите поднеле жалба до полицискиот инспекторат.

Инцидентот се случил откако полициската патрола била повикана во еден паб околу 19 часот на 23 јули каде двајцата Роми биле вмешани во физичка пресметка со сопственикот. Полицајците ги привеле двајцата млади Роми, ги ставиле во полициско возило и ги тепале за време на нивното транспортирање до локалната полициска станица во Чача.

Двете момчиња побарале лекарска помош за повредите, но биле одбиени. Подоцна биле пренесени од непознати причини во Молдава Над Бодво и потоа во Кошице пред да се вратат во Чача, каде што биле ослободени на 24 јули.

Link: http://www.errc.org/press-releases/errc-will-ensure-roma-tortured-by-slovak-police-receive-justice

FaLang translation system by Faboba

Сакам да речам

Momentalno Online

Имаме присутни 53 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

Golden Wheel - Entry Application Form

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот