Социјала

Сурдулица: Двоструко убиство и самоубиство во Сурдулица. Причина „љубовен триаголник!„

На 1 јуни во понеделникот околу 13:45  часот во ромската населба „Чардачиште„ во Сурдулица се случи двојно убиство и самоубиство.

Според непотврдени информации мотивот за ова убиство есе емотивни односи.

Според извештајот најнапред Драгољуб Ајдиќ (52) со своето возило Опел Зафира го усмртил Сафет Синановиќ (52).

Потоа се упатил кон домот и тука ја пресретанл Елдез Синановиќ (46) години како се враќа од продавница, и со остро сечиво и неколку убода ја усмртил на лице место.

Веднаш пота и самиот со истиот бодеж си го пресекол вратот и извршил самоубиство.

Сите три тела беа во неспоредна близина на патот во оваа ромска населба.

Според соседите и очевидците се работи за љубовен триаголник каде се сомневаат во љубовна афера помеѓу Елдез и Драгољуб.

 

Париз : Момче Ром од Србија тешко повреден после приведувањето од страна на француската полиција

Габриел Ѓорѓевиќ (14) ромско момче по потекло од Србија според порталот bondyblog.fr

во ноќта помеѓу 25 и 26 мај оваа година беше приведен во полициска станица во париското преградие Бонди. Семејството го пронајде во локалната болница со повреди на главата и лицето. Докторите во болницата сеуште се борат за да му го спасат видот на малиот Габриел. Исто така скршени му се и три заба.

Семејството според лекарскиот извештај подготвува тужба против полицијата на ИГПН.

Семејството вели дека критичната ноќ Габриел кој потенцираат не е проблематично дете, до 23 часот не се појавил дома, имајка му помислила дека е со неговиот постар брат заедно излезен на договорена вечера. Околу 23 часот кога постариот брат Шериф се вратил дома забележал дека креветот на Габриел е празен.

Загрижен излегол да го бара низ градот, затоа што Габриел сам не се одалечувал никаде доцна во ноќта.

Ноќта од полициската станица во Бонди се јавија на семејството дека Габриел е притворен за наводна кражба на скутер. Кога мајка му се јавила изутрина во 8 и 9 часот никој не одговараше од полициската станица на нејзиното телефонирање.

Подоцна се јавија од болница дека Габриел е хоспитализиран од полициската станица во нивната болница.

Бил примен со трауматски повреди на лицето и главата, повраќал, три скршени заби и скршеница на левата максиларна коска.

Во својот исказ тој навел дека околу 01:00 часот по полноќ неговиот пријател се обидел да украде скутер, и дека ја забележале полицијата и почнале да бегаат во две спротивни насоки. Полицијата го стигнала и пред да го приведат, прво го бутнале доле, почнале да го удираат по лицето и го тепале, а потоа му ги ставиле лисиците и го привеле.

Во меѓувреме во Бонди се одржа мирен протест од околу 100 луѓе, во врска со случајот и околностите кој им претходеа и да се каже вистината на овој случај.

 

Link: https://ssup.fr/pariz-srpski-decak-tesko-povreden-posle-privodenja-protesti-gradana-protiv-policije/4/

 

Видео конференција организирана од ИРУ со голем број ромски организации и преставници од европските институции – „Ништо за нас без нас„

На 1 јуни – понеделник со почеток од 17 часот по иницијатива на Интернационалната ромска унија –ИРУ и нејзиниот претседател Зоран Димов, се одржа видео конференција каде поканети беа сите релевантни ромски преставници од национални и интернационален карактер, како и преставници – репрезенти од Европските институции пратеници од европскиот парламент  и од Европската комисија.

 

Одѕивот беше значаен и присуствуваа голем дел од поканетите на оваа видео конференција каде покрај организаторот Зоран Димов – Претседателот на ИРУ и неговата советничка Марја Еронен од Финска, учество земаа и многубројни преставници од Европските институции како што се од Европскиот Парламент и Европската комисија и преставници од ромски здруженија, фондации, асоцијации, и граѓански движења како од национално така и од интернационално ниво.

 

Инаку на овој состанок му престоеше претходна комуникација, споделување на мислења, и дебати.

 

Самата видео конференција беше конструктивна, отворена и плодна каде за време на состанокот имаше добра дебета и размена на мислења и предлози.

 

Од сето ова произлезе акција за Стратешки оперативен план , а воедно по иницијатива на Престедателот на ИРУ, Зоран Димов произлезе и Декларација која носи наслов „ Ништо за нас , без нас„ која ќе биде препратена до сите учесници а воедно и до сите други меѓународни институции.

Трагетот на самата декларација е Ромската заедница и приоритетите на сите полиња која е поврзана со ромското прашање.

Тирана: Албанските Роми и Египќани протестираат пред општинската канцеларија на градоначалникот Ерион Велиај поради насилство.

Припадници на ромската и египетската заедница вчера се собраа пред Општина Тирана за да го осудат полициското насилство врз нив.

 

Како што објавија од „Citizens Channel“, тие држеа плакати на кои се повикуваа на насилството врз еден млад човек, кој бил претепан од полицијата, откако собираше ѓубре по страната на патот. Бруталниот напад беше регистриран на видео коаде со голема брзина беше раширен на социјалните мрежи.

 

Демонстрантите побара полициските службеници кои го извршиле нападот да бидат суспендирани. Тие исто така рекоа дека градоначалникот на Тирана Ерион Велиај треба јавно да се извини и да се дистанцира од инцидентот. Тие додадоа дека инцидентот кој беше регистриран и на видео е еден од многуте напади врз луѓето рециклатори кој заработуваат со собирање на материјали за рециклирање.

 

Тие побараа да им се овозможи на нивната заедница да продолжат да собираат секундарни суровини  сè додека не се најде достоинствено решение што ќе ја гарантира нивната егзистенција.

 

Ромина Сефа, една од демонстрантите им изјави на медиумите дека насилството не треба да биде претставник на општината или општинската полиција.

 

„Го осудуваме овој чин затоа што тој не го претставува нашиот град, пред сè, тој не треба да ги претставува вработените во Општината. Тие треба да имаат примерно однесување кон сиромашните, а не да ги угнетуваат “.

 

Link: https://exit.al/en/2020/05/30/albanian-roma-and-egyptians-protest-against-municipal-violence-outside-mayor-erion-veliajs-office/?fbclid=IwAR1YInktLX5iieuqcaYyHIgYDXMhoaeooFDECFykVUuQwjXHi35TkDWLoLc

FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 110 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот