Социјала

Клубовите заработуваат на заштитни маски – еве кои се најскапи а кои најевтини

Клубовите заработуваат на заштитни маски – еве кои се најскапи а кои најевтини

Европскиот фудбалер со месеци се бори против коронавирусот, а 49 тимови од петте најсилни лиги продаваат заштитни маски со цел да им помогнат на навивачите да се заштитат, но и да надополнат нешто од енормните загуби кои им ги донесе КОВИД19.

Веб сајтот „Apuestat-deportivas.es“ објави листа на тимови кои лансирале во продажба маски за заштита и кои се најскапите и најпродаваните.

Што се однесува до цената, Барселона е лидер на оваа табела, тие продаваат парче маска по 18 евра, потоа следуваат Рома и ПСЖ со по 15 евра.

Маските на Бетис се најефтини во Шпанија со неполни 4 евра, додека во Германија, најевтините се на Борусија Менхенгладбах и Баер Леверкузен со по 3 евра.

Хрвтска: За местото ромски пратеник во хрватскиот сабор на двобој одат Фрањо Хорват и Вељко Кајтази. Хорват вели: „Кајтази со години не манипулира„

Како една од информациите на ова предизборно време во Хрватска се појави и информацијата дека за преставник Ром во хрватскиот Сабор во изборната единициа 12 ќе се соочат Фрањо Хорват и Вељко Кајтази

 

„Во оваа изборна единица се бира еден саборски застапник за 12 национални малцинства (ромско, австриско, бугарско, германско, полско, романско, руско, турско, украинско, влашко и еврејско)„ – вели Хорват и додавадека ромското малцинство е најбројно.

 

Хорват е инаку претседател на Сијузот на хрватските Роми Бајаши и претседател на Одборот на ромското малцинство во Копривничката жупанија. Тој е Ром - Бајаш кој се 90% од севкупниот број на Роми во Хрватска.

 

„ Со повеќегодишните манипулации , Кајтази успеа оваа групација да ја држи во сенка и така што бајашкиот јазик потполно е заборавен „ Тој вели дека Кајтази веќе три мандата е во хрватскиот Сабор и никогаш не го користел бајашкиот јазик во своите обраќања.

 

Link: https://podravski.hr/nas-rom-franjo-horvat-ide-u-dvoboj-s-kajtazijem-manipulirao-nas-je-i-godinama-drzao-u-sjeni/?fbclid=IwAR3lukWbeZqq-B1GyOSrqiWL3dX1xdhqZZrItbdItZ8eotyc8tK36FxN2bU

Започна реновирањето на куќите на ромските семејства во општина Виница

Од 11.06.2020 година започна првата фаза со реконструкција и реновирање на 11 куќи на најзагрозените Ромски семејства во општина Виница.

 

Во рамките на проектот е предвидено да се реновираат вкупно 22 куќи кои се во најлоши и штетни услови за живеење. Во периодот што следува, како втора фаза ќе се реновираат уште 11 куќи.

 

Паралелно се работи активно на легализација на повеќе од 200 домови на ромски семејства кои се социјално загрозени и до сега не го решиле нивното прашање со домување.

 

Исто така се почнува и со постапка на донесување и на детален урбанистички план за блок 18 за целата ромска населба во општина Виница. Со ова, конечно ќе се реши долгогодишниот проблем со неизвезноста на домувањето на и инфраструктурата на повеќе од 700 ромски семејства во општина Виница.

 

Овие активности се спроведуваат во рамки на проектот „Обезбедување на пристојни услови за домување за ромската заедница во општина Виница -СДХ“ финансиски поддржан од Европската Унија. Проектот го имплементираат CELIM од Милано – Италија, Ромскиот Ресурсен Центар од Скопје, и општина Виница.

 

РРЦ заедно со своите стратешки партнери и понатаму ќе продолжи со залагање и работа за подобрување квалитетот на домување и живот на ромската заедница

 

Link: http://rrc.org.mk/renoviranje-na-kuki_sdh-proekt_vinica/?fbclid=IwAR1hPAp7F-cqFwQwPgSZaW2Q5paGb6wuMVhjAUg2Qa_jBCD32aXctRUiUSo

64% од добитниците на ваучерите од Владата се Албанци, 16% Македонци, а 11% Роми

Близу две третини или 64 % од добитниците на владините ваучери за помош поради коронавирусот се етнички Албанци, ова го покажува докуменот кој се појави на социјалните мрежи, а потекнува од владината електронска дата база.

 

Според инфографиката на Владата 16 проценти од добитниците се Македонци а по нив следуваат Роми со 11 %, Турци со 7 % и Бошњаци со 1 %.

 

Објавената инфографика покажува дека ниту еден Влав или Србин нема да добие картичка за ваучер од Владата.

 

Картички за ваучери треба да добијат околу 120.000 граѓани или приближно 75 илјади Албанци, 20 илјади Македонци, 13 илјади Роми, 9 илјади Турци и 1200 Бошњаци.

 

Владата најави дека вкупно 115 илјади граѓани ќе добијат ваучери за домашен туризам.

FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 332 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот

Joomla! Debug конзола

Сесија

Информација за профил

Искористеност на меморија

Барања до базата