Социјала

Франција: Младото Ромче „за повредите на лицето“ ги потенцира тврдењата за бруталноста на француската полиција

Министерот за внатрешни работи рече дека не ја подржува верзијата на офицерите за настаните.

 

Постојат се поголеми повици за правда од семејствата на две наводни жртви на полициско насилство во Франција, меѓу кои и едно 14-годишно ромско момче, по неговото апсење, оставено со тешки повреди на лицето.

 

Кристоф Кастанер, француски министер за внатрешни работи, рече дека случајот на Габриел Ѓорѓевиќ, кој се здобил со скршеница на јаболчницата под окото и четири скршени заби, откако тврдел дека бил удрен од полицаец, е „вознемирувачки“.

 

Кастанер рече дека не го разбира полициското објаснување за повредите на момчето, а тоа е дека тој паднал.

 

„Не е нормално дека едно 14-годишно момче или кој било друг е повреден при апсењето. Постојат две објаснувања: оној на младиот човек и оној на полициските службеници и тие се целосно противречни. Не е за мене да одлучам што е исправно “, рече Кастанер за БФМТВ. Тој рече дека случајот го упатил до внатрешните полициски иследници.

 

Link: https://www.theguardian.com/world/2020/jun/09/roma-boy-kicked-in-face-highlights-french-police-brutality-claims?CMP=share_btn_fb&fbclid=IwAR2w-98Pd9tOrCHkCNQW13t9wcOYylVYbztcz8dobUj9EoXNBEOxZQbHoho

Кадиз, Шпанија: Дали шпанскиот Ром Даниел Хименез е уште една жртва на полициска бруталност?

Дали совеста ќе проработи? Дали ќе се дознае вистината? Дали смртта на младиот Ром Даниеле Хименез ќе биде невидлива за јавноста.

Тие прашања си ги поставуваат семејството, роднините и пријателите на Даниел.

Неговот семејство тврди дека Даниеле всушност починал под трагични и непознати околности во полициската станица во провинцијата Кадиз.

 

Но извештаиет од страна на полицијата велат дека тој починал од ненасилна смрт.

Сега се е во рацете на судската власт и истражителите на овој случај.

Дали Даниеле ќе биде еден во низата насилни напади од страна на полициски службеници со смртни последици.

 

За потестување. Познатиот случај со Џорџ Флојд од Минеаполис кој за минорна работа беше убиен од полициски службеник. Се работи за наводно плаќање со лажна кредитна картичка и бедни 20 долари.

Во случајот со Даниел Хименез е уште побизарен, затоа што бил фатен на рибилив без дозвола за риболов и бил приведен.

 

Општо земено, и помалку или повеќе свесно, во двата случаи виси сенка расизмот вкоренет во мислите, ставовите и однесувањата што водат до недоверба меѓу малцинските народи и хегемоничкото општество чиј резултат е видлива нееднаквост и сите форми на видлива неправда.

 

12 години од смртта на кралот на ромската музика Шабан Бајрамовиќ

Пред 12 години почина Шабан Бајрамовиќ, а музичкиот свет изгуби еден препознатлив вокал и енергија. Списанието „Time“ го назначи меѓу 10 најголеми блуз вокали во светот, а на годишнината од неговата смрт не ги заборавија и неговите „Црни Мамби„ . каде трубата се слуша и денес на Нишкиот кеј , покрај споменикот на легендата.

 

Од Нешвил кој секоја година дел од својот фестивал го посветуваат и на Бајрамовиќ, низ награда која го носи неговот име и на концертите на кејот, и пишуваат дека Шабан е една од најголемите легенди.

 

Нишвил во соработка со Министерството за култура на Србија 6 месеци после смртта на Бајрамовиќ, во белградската „Сава Центар„  организираа концерт „Пријателите на Шабан„ каде настап земаа Мистерија на Бугарски гласови, Јилдиз Ибраимова, Дадо Топиќ. Sounds of South, Луси, Зоран предин, Црни Мамби, Диксие погон и кралицата на ромската музика Есма Реџепова.

 

Шабан неколку пати настапувал на Нишвил, а Grand Prix кој со години се доделува за фузија на џезот и други музички стилови – уште додека беше жив беше наименувана по Шабан Бајрамовиќ.

 

Link: https://rominfomedia.rs/?p=17684&fbclid=IwAR3p1eOJfZbKgnAhKDlYrOiU-0gHkTxwB7zpsEZmyewPlwPdv-d9H0uXu7M

 

Мој заклучок: Зошто COVID-19 „не влегува„ во ромските населби?

Ромите воопшто не беа приморани да држат физичка дистанца во своите заедници , затоа што општеството со векови ги држи во една форма на изолација –дистанца. Не велам дека немаше опасност од короната да влезе и во ромските населби, но реално поголема опасност за да се инфицираат беа луѓето кои одеа редовно на работа често и по двајца –тројца од едно семејство, купуваа по трговските центри, правеа трансакции во банките, одеа во амбуланти, болници и беа таму на места каде со години Ромите немаат ниту пристап и пред пандемијата.

 

Поимот „Короната не доаѓа на гости, туку самата си доаѓа„ ако се гледа од една страна дека за да го фатиш овој вирус потребно е да се исполнуваат и некои предуслови.

И покрај тоа што во најголем број на ромски населби условите и инфраструктурата се на најминимално ниво, сепак тие населби се буквално „затворени„ од надворешни влијанија.

 

Она што би сакал да препорачам е следното: Доколку повторно се прогласат вонредни состојби препорачувам за некое време да се преселите вие кој не сте Роми во некој од ромските населби во градот каде што живеете.

 

Навистина може нема ни вода, ни струја, вашиот убав автомобил со бела или сиво металик боја ќе биде малку валкан од неасфалтираните патишта и сокаци, навистина ќе живеете заедно со Ромите во сиромаштија и конечно ќе разберете како живеат Ромите , ама затоа ќе бидете потполно изолирани од остатокот од светот.

 

Е сега дали навистина нема да се инфицирате со корона вирусот, не можам 100% да гарантирам, ама да не се инфицирате шансите се големи, зошто ќе бидете потполно изолирани од остатокот на светот, да не кажам – сосема заборавени. Може понекогаш да дојде некоја ТВ екипа да снима и си направи атракција прилог, демек Ромите не носат маски , ама  -секое чудо три дена!

Размислете – изборот е ваш!

FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 308 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот

Joomla! Debug конзола

Сесија

Информација за профил

Искористеност на меморија

Барања до базата