Социјала

ОН: Речиси 282 милиони луѓе ширум светот се соочиле со акутен глад во 2023 година

Речиси 282 милиони луѓе во 59 земји се соочија со акутен глад во 2023 година, а појасот Газа беше територијата на која минатата година најмногу луѓе страдаа од глад, се наведува во извештај на Обединетите нации.

Во извештајот се вели дека во 2023 година бројот на луѓе кои се соочиле со акутен глад се зголемил за 24 милиони во споредба со 2022 година поради наглото влошување во сигурноста на снабдувањето со храна, особено во Појасот Газа и Судан. Исто така, се нагласува дека ОН го зголемиле бројот на земји во кои го следат снабдувањето со храна во однос на 2022 година. Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, во воведот на извештајот изјави  дека конфликтите што избувнаа во последните 12 месеци доведоа до катастрофална глобална ситуација.

Повеќе од 80 отсто од луѓето кои се соочуваат со глад, 577.000 од нив, се во Појасот Газа и илјадници луѓе се соочуваат со катастрофален глад во Јужен Судан, Буркина Фасо, Сомалија и Мали. Според проценките на ОН, околу 1,1 милион луѓе во Појасот Газа и 79.000 во Јужен Судан ќе се соочат со екстремен глад до јули.

 

Р.Северна Македонија: Во 1371 државна институција има 128.879 вработени од кои 1.584 или 1,44 % се Роми

Во четири министерства застапеноста на етничките Македонци изнесува 70% од вкупниот број на вработени. Во 7 ресори застапеноста на етничките Албанци е над 30%, пишува Порталб.мк.

Во новиот извештај од Регистарот на вработени во јавниот сектор во 2023 се нотира дека лани под државна капа работеле 128.879 лица во вкупно 1.371 институција.

Од вкупниот број на вработени во јавниот сектор лани, според етнички „клуч“, 70,5% биле Македонци, скоро 22,1% етнички Албанци, 2,6% Турци а останатите заедници, Роми, Срби, Бошњаци, Власи, биле застапени со помалку од 2%. Во јавниот сектор од 128.879 вработени каде 1.584 или 1,44 % се Роми

И во 2023 година во министерствата има големи разлики во застапеноста на етничките заедници. Новите годишни податоци покажуваат дека во 4 ресори застапеноста на етничките Македонци е над 70%: во Министерството за земјоделство скоро 73%, во Министерството за одбрана 74,7%, во Министерството за транспорт и врски од 71,3% и во Министерството за труд и социјална политика застапеност од 71%.

Од друга страна во Министерството за политички систем етничките Албанци се застапени со 84,71%. Зад овој ресор се Министерството за економија со 49,25% и Министерството за локална самоуправа со застапеност од 41,51%. Повеќе од 30% застапеност на етничките Албанци има во Министерството за животна средина 38%, Министерството за образование 37,8% и Министерството за правда 38,02%.

Во БиХ уапсен ученик кој на ТикТок најави дека денеска ќе изврши масакр во училиште

17-годишен ученик е уапсен во Требиње под сомнение за тероризам, бидејќи на социјалната мрежа „Тик Ток“ објавил видео на кое наведува дека во Средното медицинско училиште во Требиње треба да бидат убиени 25, а повредени 12 лица, пишува Глас Српске.

Малолетникот утринава е изведен пред Републичкото обвинителство каде ќе биде сослушан во присуство на неговите родители и вештаци, по што ќе се одлучуваат за натамошни мерки против него, јавува Српскаинфо.

Извор близок до истрагата изјави дека видеото во полиција го пријавил србин кој живее во Холандија.

-Наишол на видеото и бидејќи е од тие краишта веднаш ја алармирал полицијата во Холандија и Босна и Херцеговина. Веднаш по пријавата реагирале надлежните и малолетникот бил пронајден преку IP адресата, со што била спречена можна трагедија. Станува збор за постар малолетник – изјави изворот на Глас Српска.

– Веднаш по сознанието е известено Специјалното одделение за сузбивање на корупција, организиран криминал и најтешкиот облик на економски криминал, под чиј надзор се извршени одредени истражни дејствија. Дејствијата што беа извршени не доведоа до лицето од Билеќа за кое се сомничи дека го сторил наведеното кривично дело – изјави началникот на СВТ Требиње, Синиша Лакета.

Началникот на полициската управа Требиње денеска изјави дека состојбата во училиштата во овој град е апсолутно безбедна и децата можат да ги посетуваат, а место за никаква паника нема бидејќи безбедноста на ниту едно дете во ниту еден момент не била загрозена.

– Апсолутно ја држевме безбедносната ситуација под контрола. Полицијата реагираше навремено – рече Лакета на прес-конференцијата.
Тој додаде дека нема простор за реална опасност, наведувајќи дека малолетникот е предаден на надлежното обвинителство.

Целиот план за напад наводно бил претставен од малолетникот за време на разговор во живо на „ТикТок“. Во видеото се гледа дека тој во тетратката нацртал скица, односно планот на училиштето. Обележани се влезовите, дворот, ходникот и скалите, а наведен е и бројот на загинати во различни простории. Запишана е дури и вкупната пресметка во која се наведени 12 загинати и 23 ранети.

– На апликацијата „Тик-Ток“ имаше најава дека се подготвува терористички напад на едно од средните училишта во Требиње и тоа е план во смисла на шема и се исклучени други докази. Не можеме да кажеме повеќе, бидејќи истрагата е во тек – изјави Лакета.

Лакета апелираше до родителите да се грижат за своите деца, како пристапуваат до социјалните мрежи, како користат интернет и групни апликации и слично.

 

Ромската населба „Шангај„ во Нови Сад, позната е и по првата ромска библиотека во Србија

Шангај е област која е многу позната во новосадските кругови. Шангај е оддалечен само 7 километри од центарот на Нови Сад, односно 10 минути со автомобил. Шангај своето име му го должи на Тихомир Бранчиќ, кој ја водел таверната „Шангај“ во овој дел од градот. Во шеесетите години на минатиот век на денешното место е создадена населба со неколку стотини куќи, а не долго потоа Шангај се поврза со градот со автобуска линија и ги доби сите елементи на градска населба - струја, водовод, канализација, задолжителна образовна институција, како и многу други како градинки, клиники итн.

Шангај денеска - местото каде што беше отворена првата ромска библиотека во Србија

Денес Шангај има близу 2.000 жители, а мнозинството од населението се Срби и Роми. Во населбата има државна градинка „Дуга“ во која има јасли и предучилишни групи. Тука е и основното училиште „Вељко Влаховиќ“ кое е формирано во 1962 година како огранок на ОУ „Ѓура Даничиќ“. Во 1977 година ова училиште се осамостои, а наставата се одржуваше во една смена. Покрај основното училиште и градинката, оваа населба има и своја библиотека „Трифун Димиќ“, која е огранок на Градската библиотека. Интересно е што оваа библиотека е и првата ромска библиотека во Србија бидејќи содржи неколку стотици книги на ромски јазик. Во Шангај има и клиника, пошта и локална заедница.

Населбата има дуќани, слаткарница, кафулиња, но и паркови, зелени површини во кои доминираат куќите, а посебна предност е близината на Дунав, која во иднина може да значи поатрактивен поглед на ова место, кој нема да биде само „периферијата на градот“.

Link:

FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 88 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот

Joomla! Debug конзола

Сесија

Информација за профил

Искористеност на меморија

Барања до базата