Социјала

Германија од 1 јуни отвора врата за над 50.000 работници, Македонците први на листата

Од 1-ви јуни – сабота Mакедонците полесно до работа во Германија. Стартува третата фаза од Законот за привлекување квалификувани работници, со цел да се пополни недостигот на кадар со кој се соочува европската веле сила. Од тогаш ќе боде дупло зголемена квотата за граѓаните од Западен Балкан, меѓу кои и Македонија. Наместо 25.000, со работа веднаш ќе можат да почнат 50.000 работници. – Потребен е секаков стучен кадар, а со развојот на вештачката интелегенција, најмногу фалат ИТ експерти, програмери, изјави Улрих Цаител, член на Економски совет на ЦДУ. Измените не се однесуваат за работните места каде мора да се нострифицира дипломата, како на пример за доктори и медицински персонал. За сите останати професии, чии дипломи се признати во Германија и имаат 2 години стаж во матичната земја, не мора никаков доказ.

Инаку, Германското дуално образование отвора надеж за македонската економија, но и страв дека се повеќе работници ќе заминат во странство во потрага по добро платена работа. Првичните ефекти се позитивни велат Германците, но за целосен успех потребни се многу напори, а пред сè промена на менталитетот на младите.

Принципот на дуално образование се воведува во македонскиот систем со германска поддршка, а има цел да обезбеди квалификувани кадри во текот на образовниот процес, велат професори во интервју за МРТ1.

Германската делегација од Франкфурт оствари средба со македонските факултети. Велат само преку добра соработка со домашните компании, може да се стигне до одлични резултати.

 

Р.Северна Македонија: Без 1000 евра за четричлено семејство не се поминува месецот

Речиси илјада евра му се потребни на едно четиричлено семејство за покривање на основните трошоци во мај годинава. Ова го покажуваат пресметките на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) за вредноста на минималната синдикална кошничка која во мај изнесува 60 090 денари. Најголем дел од трошоците, односно 21 689 денари, според пресметките на ССМ, се даваат на храна и пијалаци, за облека и обувки на едно четиричлено семејство во мај му се потребни 4 928 денари, а за режиски трошоци и станарина 6 014 денари. За транспорт се двојат по 5 020 денари од семејниот буџет.

Споредена со вредноста на синдикалната минимална кошница за април годинава, која изнесува 60 212 денари, вредноста на кошничката за мај е намалена за 122 денари

Куршумлија, Србија: Ситуацијата се уште е тешка и неизвесна, лекарите во Ниш се борат за животот на девојчето кое беше повредено на вртелешката во Куршумлија

Како што јавија српските медиуми, на 8 мај околу 13 часот на саемот во Куршумлија пукна вртелешка полна со деца. Повредени се 13 деца, од кои ова девојче, најтешко повредено, истиот ден околу 15 часот и 30 минути во придружба на лекар од Брза помош од Прокупље било донесено во УЗ УКЦ Ниш. По примарна здравствена заштита и врз основа на итната дијагностика извршена во ЗЦ во Прокупље, констатирани се тешки неврохируршки повреди. Пациентката веднаш била хоспитализирана на Клиниката за интензивна нега и поради нејзината моментална животозагрозувачка состојба била интубиирана и се наоѓа во медицински индуцирана кома - соопштија од Универзитетскиот медицински центар Ниш, по приемот на тешко повреденото девојче. .

Директорот на Универзитетската болница Ниш, д-р Зоран Перишиќ, на 9 мај изјави дека за повредите со кои се здобила 12-годишно девојче од Куршумлија тогаш не било потребно активно хируршко лекување. Тој изјави дека евидентно е дека има повреди на мозокот, дека детето е на апарат за дишење и дека се прави се за да се стабилизира нејзината состојба, по што ќе се направи најдобра проценка за нејзиното понатамошно лекување.

По инцидентот, министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ соопшти дека Јован Недељковиќ, закупецот на парцелата и Зоран Љубомировиќ, сопственикот на вртелешката се уапсени поради основано сомнение дека сториле тешко кривично дело против општата безбедност. . По рочиштето во обвинителството и судот им е одредена мерка притвор.

Останатите деца се здобиле со полесни повреди и се на домашно лекување.

Пожарите во ромските населби зачестуваат, материјалните штети се огромни, а често има и човечки жртви!

Во последните неколку години, пожарите во ромските населби низ Србија зачестија, предизвикувајќи сериозна загриженост за безбедноста на жителите и сериозни последици за животната средина. Додека ромската заедница се соочува со низа социјални, економски и еколошки предизвици, пожарите претставуваат дополнителен товар со кој мора да се соочиме.

Најважната последица од пожарот е загрозување на безбедноста на жителите. Честите пожари често доведуваат до загуба на животи, повреди и уништување на домови. Жителите на ромските населби, често соочени со низок социо-економски статус и недостиг на пристап до основни ресурси, се особено ранливи во овие ситуации.

Во изминатиот период 22 ромски населби на југот на Србија добија противпожарни апарати, а локалните доброволни пожарникари беа обучени да реагираат во ризични ситуации. Пожарите во ромските населби имаат и сериозни еколошки последици. Согорувањето на пластика, електрична опрема и друг отпад доведува до ослободување на штетни гасови и отровни материи во атмосферата, загадувајќи го воздухот и почвата. Овие последици може да имаат долгорочни ефекти врз животната средина и здравјето на локалната заедница.

Link: https://romaworld.rs/pozari-u-romskim-naseljima-sve-ucestaliji-materijalne-stete-ogromne-a-cesto-ima-i-ljudskih-zrtava/

 

FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 215 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот

Joomla! Debug конзола

Сесија

Информација за профил

Искористеност на меморија

Барања до базата